Правев пак од колачињата и ми испаднаа баш вака.Само што јас зааборавив одозгора да им прелијам чоколадо...
Еве ја рецептата -4 лаж брашно -4 лаж шеќер -2 лаж какао -3 лаж млеко -1 јајце -2-3 капки зејтин -1 ред чоколадо (било какво) Смесата се меша убаво додека не се соедини,потоа се дели во три чаши (калапи).Се става во микробранова или во рерна (јас во микробранова правев) и се остава 2-3 минути. Готови се кога смесата ќе почне да се надига скоро до врвот на чашата. П.С. Оваа смеса е само за три калапчиња,ако сакате повеќе ќе си додаддете повеќе состојки. И што е важно,ако правите во микробранова правете во соодветен сад...огноотпорен.
Бухтле-(Buhtle) Состојки 300 мл млеко 11 гр сув квасец ( јас користам пола свеж квасец) 1 јајце 2 жолчки 5 л шеќер 1 ванилин шеќер 100 гр маргарин (треба да е стопен) малку сол рендана кора од лимон или портокал околу 700 гр брашно За полнење - нутела , мармалад.. 40 гр маргарин за премачкување пред печење Припрема Во млакото млеко се додава 1 л шеќер и квасецот , се промешува и се остава да стаса Во еден сад се мешаат сите состојки заедно и се додаваат и млекото со квасецот Се оформува тесто и се остава да стаса 1 саат. Тестото се дели на 20 топчиња , се премесуваат едно по едно и се полнат со мармалад или крем. Се оформува пак во топче ( треба да внимавате да е добро оформено за да не излезе составот при печење) , и стасуваат уште 30 минути. Пред печење се премачкуваат со маргаринот и се печат на 180 степени 45 мин. Пречник на тепсијата може да биде 28 цм , поголем може , но помал никако. Спојлер Јас се извинувам што го поставив рецептот во колачи , моја грешка е , па може да го префрлите во бели печива
Е вака да си отворам душа. Јас имав вечна желба да направам колачи со лаванда. Ама онака го тупев еден период како никој само што по дома ме гледаа како нездрава и ме пазеа кога ќе влезев во кујна. Ама тука, сама, на тенане, кога имам за учење денес си направив совршени колачиња-бисквити со лаванда. Абе како се топат во уста со чајче не можам да ви објаснам. Еве рецепт: 1 јајце малку заматено во вилушка 2 шолји брашно (од оние за млеко, средна големина) 1 шолја путер малку растопен ( околу 200 грама ми дојде мене) пола шолја шеќер еден прашок за пециво 1 лажица сушени цветови од лаванда Путерот и шеќерот се матат со миксер. Се додава и јајцето и се продолжува со матење. Се додаваат и брашното со прашокот за пециво и се мати уште малку со миксер. Смесата ќе ви биде како трошки. Цветовите лаванда малку се сецкаа и се додаваат во смесата и се се меша. Земаме по малку од смесата и правиме топчиња, ги сплескуваме и ги редиме во плех со хартија за печење. Треба да се печат околу 10 минути, јас мака мачев со мојава глупава рерна на гас ама на крај излегоа. Малку ќе нараснат и нема да сменат боја нешто посебно ама така треба. После се ладат и се јадат во неразумни количини од што се убави.
Granola bars Еве рецепт како дома да си направите здрави интегрални плочки. Потребни се 4 шољи овесни снегулки 1/4 шоља интегрално брашно(јас употребив р'жано) 1/3 шоља кафеав шеќер 1 шоља сецкано чоколадо за готвење малку сол ванилин шеќер, малку цимет 1/2 шоља мед 1/шоља зејтин Прво се мешаат сувите, па се додеваат влажните состојќи. На плехот се става хартија за печење и се истура смесата. Бидејќи е густа се тапка со влажни раце убаво да легне. Дебелината на кората јас ја правам негде околу 1,5 цм. колку што се и купечките барчиња. Се пече на 160 околу 20 мин. Во почетокот ги печев подолго и беа многу тврди. За секој случај првиот пат мерете во помала шоља за помала количина, па ќе видите како ќе испаднат, а после ќе им го фатите редот. По вадењето од рерна, се остава да се олади малку, а потоа се сечат правоаголни форми. Јас ги виткам во фолија и си ги носиме на работа/школо како вкусна и здрава ужина. Следниот пат место чоколадо ќе ставам сецкано суво овошје.
Како прво се извинувам за офтопик, но ме интересира каде можам да најдам во Скопје вакви мини корнетки?
На зелен пазар, по пазариве, секаде каде што има кори, кадаиф, таму има и големи и мали корнети и сл.
Јас поинкави правам. Со кухинско чоокладо и екстракт од лешник, а внатре има по едно мигдалче и оревче. Исто ги ставам во калапчиња, и 15 минутки во замрзнувач. А и премногу лесно се вадат. Зависи од калапот каков е.
Предлог за некој рецепт од овие тавчињава со калапчиња што се, но да не се браунси или капкејкс, зборам за некој рецепт како за торта па потоа да се филува одозгора плус. Вртам по рецепти, нигде око не ми фати.
[/spoiler][/spoiler] Вчера ги направив колачињава твои, и мила моја, вереникот ми кажа ако сум му ги направела пред 9 години, уште тогаш ќе ме барал за жена, хахахахаха! Фала ти за рецептот, измислен е! Јас нормално направив дупла доза од старт... Во едната ставив рум, а во другара ставив ликер од чоколадо, рецепт што го најдов некаде низ форумов, и за диета, измислено! Сладок грев...
А што мислиш ти како јас после 6 години наеднаш добив предлог? Почнав да му готвам вакви работи Се зезам, ама навистина е предобро ова чудово, јас сакам за Нова Година да направам како мафини, украсени новогодино, со светки, звездички, црвени камчиња и многу шлаг кој ќе имитира снег
ве молам некој да ми даде рецепт за американските кукис чоколатца? На интернет најдов ама не ми испаднаа така , рецептот беше само со јајце ,брашно ,шеќер и чоколада исецкани на парчиња. Додека беа топли се јадеа убави беа , но откако се стврднаа , заби можев да скршам.
Мислам дека во нив иде и маргарин или путер ама не сум сигурна, ајде кога ќе го пронајдам рецептот ќе ти пишам. Инаку да, после откако ќе се изладат они се стврдуваат ама не до толку многу, пробај да ги јадеш со топло млеко, со какао, кафе... колку да не ги фрлиш
Да да и пола маргарин ставив и пециво . Ги јадев со млеко убави беа. Но јас во Америка секој ден печев вакви колачиња и преубави беа, ама никој не знаеше да ми каже како ги прават бидејќи доваѓаа како готово тесто што треба само да се испече.