Мене пошто многу ме бива за колачи еден период само вакви правев ... ама ставав ореви, бадеми и лешници во претходно истопен еурокрем и 2 чоколади за готвење. Стварно се многу убави, ама што вика мајка ми - па се тоа и така да го јадеш е убаво
Ако сте заинтересирани за карамел бајадера,испробан рецепт и одличен мора да признаам. 300 гр.шеќер 250 мл.млеко 100 гр. чоколада 1 маргарин 500 гр.мелени бисквити Шеќерот се карамелизира ,се додава млекото,кога целиот шеќер ќе се стопи,се трга на страна се додава маргаринот , чоколадата и мелените бисквити. Се расплескува ,кога ќе се олади се чоколадира со глазура од 100 гр.чоколада и 3 лажици зејтин.
Се откажав од корнетите, многу работа ми се виде Во секој случај, еве еден лесен рецепт за браунис (од џојофбејкинг, наједноставни им се) 150гр чоколадо (темно, горко, може и за готвење) пола филџан путер (110гр) исецкан на парчиња 2 лаж. какао 200гр шеќер 3 јајца 100гр брашно малце сол плус додатоци по желба Чоколадото и путерот се топат заедно на пареа (може да ставите 100-120 гр. чоколадо овде, а остатокот да го додадете отпосле). Откако ќе се стопат се тргнуваат од оган. Во растопеното чоколадо додадете ги какаото и шеќерот и добро измешајте.(овде може да додадете и ванила екстракт, ама мене не ми направи некоја разлика) Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, мешајќи континуирано (најдобро со маталка). На крај додадете ги брашното, малку сол и додатоците (ореви, бадеми, лешници) и остатокот од чоколадото, сецкано на помали парчиња (ако сте оставиле). Се добро измешано се става во тава подмачкана со путер и брашно (смесава што ќе ви излезе е полутечна, да не се збуните не треба да е тесто ) во загреана рерна од 170степени. Се пече околу 30тина мин. Ќе знаете дека е печено, одзгора треба да фати светло кафеава коричка. Вака нешто Спојлер Откако ќе се испечат се сечат на коцки. Најубави се оладени, мене лично повкусни ми се дури откако се стоени еден ден Истиов рецепт во помала доза ако сакате идете со 80гр чоколадо, 30гр брашно и 2 јајца (останатото се исто). Брзо и лесно Следниот пат имам желба да ги пробам во комбинација со вишни, чоколадо и вишни бест тинг евр
Cлатки колачиња: Cостојки: 3а тесто: -200 гр. маргарин -100 гр шеќер -1 јајце -1 жолчка од јајце -прашок за печиво -400 гр брашно 3а глазура: -1 белка од јајце -200 гр. шеќер во прав -една лажичка сок од лимон -половина лажичка густин подготовка: 3амесете тесто и не морате да чекате да отстои.Pасукајте кора о од тесто со модли вадете колачиња. печете ги околу 15 минути. глазурата пачно матете ја се додека не стане густа и мазна. Tогаш додадете боја за готвење по желба и почнете да украсувате по жеба!
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=qTIdAz7Oq5U видео рецепт за правење чоколадна лава
Девојки, јадев на именден едни мнооооогу убави бомбици, едните беа бели со кокос и внатре многу меки, ако некој знае рецепт за нив нека напиша
Сакам да прашам, дали некоја знае кај може да се најде екстракт од пеперминт? Нигде неможам да го најдам а уште оддамна му се мерачам на еден рецепт Еве пример и за овој http://allrecipes.com/recipe/layered-mi ... ate-fudge/ ..Можеби некоја замена? Извинете ако сум офф ама стварно не најдов некоја соодветна тема
Мислам дека има во Веро, ама не ме фаќај за збор, обично во Веро и во Рамстор наоѓам се што ми треба. Си мислев во Керфур ќе има повеќе избор ама некако ко разочарана сум, нема нешто посебно избор. Инаку најдобрите екстракти според мене се на др.Еткер, оние во мали шишенца, не во сталени како што се парфемите за проба, туку баш мало шишенце пластично. Ех се утепав од објаснување, ете вакво Ај ќе редактирам за да не пишувам пост под пост, тукушто најдов идеален рецепт за колачи, го изгубив линкот па ќе ви го пишам рецептот Пудинг бомбици 2 пудинга од ванила 1 жолчка 2 лаж рум 2 лаж вода 50 гр. шеќер во прав 50 гр. маргарин за валкање кокос, лешници, бадеми, чоколадо, по желба се разбира Жолчката и шеќерот во прав прво убаво се матат со жица за матење, се додаваат румот и водата и се варат на оган додека не започне да се одделува од дното. Кога ќе биде готово се трга на страна и се додаваат маргаринот и прашакот за пудинг, значи неподготвен пудинг само прашакот, се меша да се растопи маргаринот и се остава да се оладат. Се оформуваат топчиња и се валкаат во она што сте одбрале за валкање, кокос, лешници, бадеми... Може да се спуштаат исто така и во растопено чоколадо па да се здрват, вкусот е преубав велат тетките од Мои рецепти, а исто така може да се прави и со други вкусови на пудинг, со чоколадо било фантазија, а можам да замислам какво е со карамел пудинг
Или биле Рафаело бомбици, внатре имаат и лешник цел ... или биле Ресана бомбиците, овие вториве се меки. Каков вкус имаа?
Ќе ви кажам и јас едни, не знам дали досега некоја од вас ги пишала, ама како и да е, јас првпат ги правев и преубави ми се Требаат 50-60 корпиња хартиени, е сега не знам дали има и помали од оние што ги користев јас, ама беа сосем таман како за едно колаче, мене ми излегоа точно 57 Значи, потребни ви се: 200 гр мелени ореви 100 гр ситно сечкани смокви 100 гр ситно сечкани суви сливи(може и урми) 180 мл млеко и 100 гр шеќер 300 гр чоколада за готвење 100 гр путер Го вриете млекото со шеќерот, и со него ги попарувате оревите, сечканите смокви и сливи, ќе ви дојде густа смеса која треба да ја оставите да се излади малце. Во друг сад го ставате путерот, да зоврие и да се распени, го тргате од оган и го кршите чоколадото во него, мешате додека скорс не се растопи. Откако малце ќе подолади, во секое корпе турате една лажичка од чоколадата, врз неа исто со лажица ставате од смесата фил, со големина колку еден орев, и повторно врз цело ова турате една лажичка стопена чоколада, со лажичето малце подзамазнувајќи одозгора. Значи гледајте да не ви се преполни корпето, ставајте онолку колку што треба за да биде таман. Оставете да се здрват, оладат, и имате преубави пралине колачи, со прекрасно изненадување внатре, кој е љубител на орев, ова е измислено за него
Знам на кои мислиш, барав сегде, Веро, Рамстор, Карфур (изборот им е ко трафика у маало ) ама освен јагода,ванила и рум други немаат. Фала во секој случај
Ги правев овие моиве колачи со пудинг што ги имам постирано, не се баш едноставни, малку ме заматкаа, малку јас ги зезнав. Да ви дадам еден совет ако сте брзоплети како мене, секогаш до крај читате ги рецептите, а не како мене површно и да ја уткате навелико после, па така ако се изедат колачињава, т.е. бомбициве со утнат рецепт можам да замислам што ќе биде со погоден рецепт За секој случај јас си направив помалку од што планирав, а планирав да направам тродупла доза, и не е толку страшно, ми се погодија за денешниов ЈХ ден
Земав рецепт од другарка за бомбици со ресани ги направив за Божиќ и се погодија многу се лесни и брзи за правење нема шанси да не се погодат а и вкусни се...за да се направат се потребни само следниве намирници:пола кило хопла,пола кило ресани,4 пакетчиња чоколадни мрвици и 2/3 лажици шеќер по вкус.Хоплата заедно се шеќерот убаво се мати со миксер,во друг сад се сечкаат ресаните на мали коцкички и се додаваат во садот со убаво изматената хопла и сето тоа се брка со лажица за да се соедини.Оваа смеса се става во замрзнувач околу 1час за да се стегне убаво,откако ќе се стегне смесата се вади од замрзнувач се формираат бомбиците и се валкаат во чоколадни мрвици.Мене од оваа доза ми излегоа околу 60тина(ги правев со средна големина).Инаку може наместо во мрвици да се валкаат бомбиците и во кокос тоа е по индивидуален избор.Битно се брзи лесни меки и вкусни.
Бидејќи не најдов тема за обланди па се решив овде да го напишам рецептот.Вкусот е прекрасен/ Седмо небо Се состои од два дела Потребни состојки 10 јајца 550 грама шеќер 200 грама ореви 200 грама кокос 200 грама чоколадо Еден маргарин Прв дел 5 белки се матат со 150 грама шеќер,па се додава 200 грама мелени ореви ,смесата се мачка на една обланда и се печи на опачина од плехот.Се печи на 200 степени 15 минути. Втор дел 5 белки се матат со 200 грама шеќер,200 грама кокос и исто како претходно се мачка на обланда и се печи на 200 степени 15 минути. Фил 10-те останати жолчки кои што претходно се одделени од белките се бијат со 200 грама шеќер и се додава 200 грама чоколадо.Откако сето ова ќе се олади се додава претходно изматениот маргарин.Со филот се мачкат на средина двете обланди и се редат една врз друга.Одозгора се потурва со топло чоколадо,а откако ќе е готово се става во замрзнувач.Се сечи замрзнато и така се служи.а откако ќе се опушти вкусот е феноменален
Еве ги моите омилени, евтини се и брзо се прават Бакнежите на Грета Гарбо Потребно: *Маргарин (коцка) *Чоколадо за готвење *Кикиритки, ораи, суво грозје (по ваш вкус) *хартиени кошнички Подготовка: Маргаринот и чоколадото се топат на пареа, откако ќе се растопат убаво во смесата се додаваат ситните додатоци (Кикиритки, ораи, суво грозје), Јас најчесто ставам кикиритки и преубави се, откако смесата убаво ќе се соедини со лажичка се полнат хартиените кошнички. Така наполнетите кошнички се ставаат во фрижидер и кога убаво ќе се стегнат се послужуваат
Го прочитав рецептов од Моирецепти страната, многу ефтини и лесни за правење ми се видоа, па деновиве ќе ги пробам. Базата им е на пудинг, што значи, лесни се и за јадење и готвење Пудинг бомбици: 2 ванила пудинг 1 жолчка 2 лажици рум 2 лажици вода 50 гр. шеќер во прав 50 гр. маргарин за посипување кокос, мелени ореви или мелени лешници Во сад на пареа, се мати жолчката со шеќерот во прав, се додава румот и водата. Треба да се меша постојано за да добие кремаста маса. Кога веќе е сварено, уште додека е топло, му се додава маргариност и кесичките пудинг (значи нема варење, само го додавате прашокот) и мешате. Оставете да се излади. Од смесата подоладена правете бомбици во големина на орев и можете да ги валкате во мелени ореви, чоколада, стопена чоколада, кокос...
Еве ви рецепт за едноставни, вкусни и брзоподготвувачки колачиња. Чоколадизирани урми Потребни ви се урми, исчистени од семката (ги има низ сите маркети) и чоколади за готвење, во зависност од тоа колку урми планирате да „потопите“ во чоколада. Ќе си го растопите чоколадото на оган, додадете масло, млеко или што уште ставате обично кога растопувате чоколада за преливање слатки/торти (јас ставам само масло), кога ќе биде готово оставете го малку да се олади за да можете да работите со него. Урмите едноставно брцкајте ги во садот со чоколадо (најпрактично - да ги боцнете на чепкалка), така да целосно бидат потопени, прелиени со чоколадо и редете ги во плех или на чинија претходно обложена со хартија. Пикнете ги во фрижидер да се зацврсти чоколадото, откако ќе се оладат ставете ги во хартиени корпички и потоа уживајте во блачково. П.С. Убаво изгледаат и декорирани, а изборот е голем - кокосови трошки, шеќер во прав, чоколадни трошки, трошки во боја, па дури и ситни бонбонки од типот на Бонитоп.
Предлог плус - пикнете и по едно оревче внатре да видите што се убавини. Урмите и само така со оревче, без да се потопени во чоколадо ми се ПРЕУБАВИ.