Го имам веќе пишано овде Шилеа, и испробано се разбира, јас правев комбинација, фактички по пола доза од сите три врсти пудинзи кои ги признавам јас, чоколадо, карамела и ванила, милина, немаше некој што не ги бендиса. Вториот пат ги правев само со ванила со по едно лешниче внатре и да ти кажам право излегоа прави Рафаело, преубави, штета што не остана ниедно за да пробам, све се мафна у саат време Со тоа што, еден совет, убаво прочитате го рецептот и откако ќе ги направите, ставете ги во фрижидер околу пола саат да отстои убаво смесата, па после обликувајте, преубав вкус имаат, којзае отстојани еден ден во фрижидер колку се убави
Па и да ти кажам само што ги правев со карамел пудинг, по твоја препорака и се многу бољи него со чоколадо,искрено! за жал мнооогу малку излегуваат од оваа смеса, дури смешно да ги праеш, може 10 бомбици излегоа со нормална големина!
Јас пред неколку дена ветив рецепт на едни колачиња, ама не можев кабелот никаде да си го најдам, па да префрлам некој слика, оти објаснувањето не ми е најјака страна. Епа вака: За тесто: - 100 грама чоколадо за готвење - 200 грама шеќер во прав - 150 грама маргарин - 250 грама брашно Се топи чоколадото, во него се додаваат маргаринот, шеќерот и брашното. Се меси тесто. Можеби на почетокот ќе ви се чини дека нема да се направи тесто, дека ќе биде само на трошки, ама по некое време ќе се спојат состојките. Од тестото се сука кора, се сечат кругчиња, колку помали, толку подобро, затоа што малку се расшируваат после печењето, а и јас си ги сакам така помали. Се редат во подмачкан плех и се печат. Се вадат и се оставаат да се ладат. Фил: - 120 мл млеко - 100 грама мелени ореви - 100 грама шеќер - 70 грама маргарин. Млекото се става да зоврие, се трга од оган и се додава се останато. Јас додадов уште ореви. претерано течен ми беше филот (ама изгледа утнав во мерењето на млекото), макар да, тој и треба да е малку течен за да омекнат колачињата. Се лепак 2 кругчиња со филот, од страната се "тркалаат" во чоколадо, па во мелени ореви. Им треба ден-2 да омекнат и после се спремни за јадење. Спојлер Еве и неколку слики, оти мачно е да се ориентираш само по рецептот: хахаха, на последната слика во ќошето и друго благо има
Сендвич колачиња ( рецепр од ОфНет ) Порции 8 лица Состојки 220 гр. брашно 3 лажици кафе експресо 1/4 лажичка сол 120 гр. путер несолен 75 гр. шеќер 90 гр. чоколадо сецкано 1 лажица путер несолен Подготовка Загрејте ја рерната на 180 степени. Во два плеха ставете хартија за печење. Во голем сад помешајте ги брашното, кафето и солта. Во друг сад со миксер матете го путерот и шеќерот додека не се добро изматени. Додавајте го брашното во изматениот путер и продолжете со матење. Земајте половина лажичка од смесата и формирајте топчиња на плехот. Притиснете ги врвовите на топчиња за да се добие рамна површина. Печете ги колачињата 10-12 минути. Оставете ги да се изладат. Растопете го чоколадото со една лажица путер. Направете ги сендвичињата така што ке земете едно колаче, ке го намачкате со чоколадо и ке притиснете со друго колаче. Спојлер http://off.net.mk/mojata-kujna/deserti/sendvich-kolachinja
Дечки ајде помош малку. Имам останато пченкарно брашно колку за уште еднаш и сакам некое благо да направам со него (ми се смачи од проја веќе ). На интернет ништо не можам да најдам, се некои глупости ми излегуваат. Знае некој добар рецепт??
Во истата смеса за проја што ја правиш додај шеќер,ванилин шеќер,суво овошје или сецкани желе бонбони ,и ќе добиеш проја во блага верзија. Од кога ќе ја испечеш и изладиш наросија со шеќер во прав
ЧОКОЛАДНИ КОЛАЧИ СО МАЛИНИ Порции 15 парчиња Состојки 200 гр. чоколадо црно 100 гр. чоколадо 250 гр. путер 400 гр. кафеав шеќер 4 јајца 140 гр. брашно 50 гр. какао 200 гр. замрзнати малини Подготовка Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тава за печење (20×30 цм) ставете хартија за печење. Извадете ги малините во еден сад да се одмрзнат. Во тенџерче растопете го путерот, шеќерот и чоколадото и тргнете го на страна. Додадете ги јајцата во растопеното чоколадо, едно по едно и убаво промешајте. Потоа во смесата додадете ги брашното и какаото и промешајте. Промешајте ги и половина од малините. Истурете ја смесата во тавата и распоредете ги одозгора останатите малини. Печете околу 35 минути. Потоа оставете да се излади и исечете го колачот на коцки. Спојлер http://off.net.mk/mojata-kujna/deserti/chokoladni-kolachi-so-malini
Денес два рецепти добивате, еден за чоколадни еклери и еден за колачи со оревчиња. Чоколадни еклери Доколку сте љубител на традиционалните еклери, тогаш сигурно ќе бидете воодушевени и од овој малку понеобичен рецепт. Станува збор за мали колачиња за чија подготовка се потребни околу 60 минути. Во продолжение прочитајте го рецептот и одлучете кога ќе ги изненадите вашите најблиски со овој необичен десерт. Потребни состојки: Тесто: - 80 грама брашно - 40 грама путер - 2 големи јајца - 125 милилитри вода - 10 грама шеќер - 10 грама какао во прав - сосема малку сол Фил: - 100 грама чоколадо - 250 милилитри млеко - 1 лажица брашно - 30 грама шеќер во прав - 2 жолчки - шеќер за шлагот Подготовка: 1. Вклучете ја рерната на температура од 180 степени Целзиусови. Во тенџере на оган ставете ја водата, додадете го путерот, шеќерот и солта и почекајте да зоврие. 2. Тргнете го тенџерето од оган и во истото додадете го брашното и какаото во прав. Вратете го тенџерето на потивок оган и мешајте го тестото со дрвена лажица се додека истото не се стврдне, околу пет минути. Знак дека сте при кај со подготовката е одвојувањето на тестото од дното на садот. 3. Оставете го тестото да се олади, па додадете ги јајцата, едно по едно, притоа постојано мешајќи. Тавата за печење обложете ја со хартија за печење. Со мала лажица земајте малечки парчиња од тестото и поставете ги на тавата, на соодветно растојание едно од друго. Печете го тестото околу 30 минути, без притоа да ја отворате рерната. 4. Стопете го чоколадото во млеко на тивок оган. Во сад измешајте ги и јајцата, шеќерот и брашното, а потоа, постојано мешајќи, полека додадете го и чоколадното млеко. Оставете го филот да се олади. 5. Откако тестото ќе се излади, секое од парчињата пресечете го на половина, така што да може во средината да се стави од филот, како што е прикажано на сликата. На крајот, секој од еклерите можете да ги украсите со чоколаден прелив, шеќер во прав или шлаг, според вашиот вкус. На самиот крај, се што ви преостанува е да уживате во вкусниот десерт! Спојлер http://tocka.com.mk/3/87034/blaga-fantazija-cokoladni-mini-ekleri Колаче со ореви Порции 16 парчиња Состојки 70 гр. брашно 1/4 лажичка сода бикарбона 1/4 лажичка сол 180 гр. кафеав шеќер 1 јајце 1 лажичка ванила екстракт 120 грама сецкани ореви и лешници 1 лажица масло Подготовка Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте со малку масло едно тавче за печење со квадратна форма. Во еден сад измешајте ги брашното, содата, солта и шеќерот. Изматете ги јајцата и ванилата во посебен сад. Потоа со лажица додадете ја мешавината од брашно во матеното јајце. Кога ќе ги измешајте додадете ги сецканите ореви и лешници, со тоа што ќе оставите 2 лажици за декорација. Истурете го тестото во тавчето. Одозгора додадете ги преостанатите сецкани ореви и лешници. Печете го колачот 25 минути. Кога ќе биде готов оставете го сосема да се излади пред да го исечете на коцки. На здравје! Спојлер http://off.net.mk/mojata-kujna/deserti/kolach-so-orevi Ех да немав толку мака со килограмите па сите овие рецепти да ги правев и да си каснував од сите, а вака одвај останува за мене, до наредниот ЈХ ден од еклериве сигурно нема да има Прелесни се и преедноставни за правење
Ванилици со суви брусници Стандардните, добро познати Ванилици, правени на мој начин (полупосни ) Брашно - не знам да кажам грамажа, од „око“ ставам секогаш, ама ете нека е 500гр Путер (затоа не се посни, а маргарин не сакав да користам заради малата) - околу 75гр Малце масло (тоа после доставав, во тестото, зошто ми беше ептен ронливо и не се поврзуваше) Дробени ореви (една рака) Сува брусница (нешто повеќе од една рака, претходно отстоени во топла вода за да омекнат) Цимет, 1 ванила и 1 прашок за пециво (двете БИО, од ДМ) Малце кафеав шеќер (2 лажици) Млака вода по потреба Тестото не треба да е ниту јако, ниту тврдо, а средината се добива со додавање млака вода (може и да нема потреба, ако ставите повеќе путер/маргарин). Се сучи кора со дебелина од 0.5цм и се вадат форми. Супер се за мали деца, како бисквити, ќерка ми одма стегна 4, па после ги криев Еве ги моите, по печење: Јас не ставав шеќер во прав одозгора, разбирливо зошто се за малата, иначе ќе имаа
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Можеби упагам во некоја друга тема - ама ако има некој рецепт за Желатинки (со кокос) како се прават, ако може да сподели - ми требаат деновиве. Благодарам многу!
Топчиња со лимон и кокос (рецепт од ОффНет) Порции 40 парчиња Состојки 400 гр. кокос 400 мл. млеко 2 лажички ситно рендана кора од лимон 100 гр. кандирани цреши, ситно исецкани Подготовка Загрејте ја рерната на 180 степени. Во еден сад измешајте ги кокосот, млекото, кората од лимон и црешите. Добро измесете ја смесата. Со лажица формирајте топчиа од смесата и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете ги кокосовите топчиња 15 минути додека да добијат светло кафеава боја. Оставете ги да се изладат пред да ги послужите. Спојлер http://off.net.mk/mojata-kujna/deserti/bozhikjni-topchinja
Ferrero Rocher ситни колачиња (за жал, не ги сликав моите дома, можеби попладне ќе го направам тоа, ако се` уште има ) 150гр лешници (се потпекуваат во рерна, само пазете да не ви загорат оти ќе горчат) 100гр наполитанки од лешник (на Краш се убедливо најдобри). Јас ги сецкав на мноооооооогу ситно со ножот 200гр Нутела Се мешаат печените лешници со сецканите наполитанки, па им се додава Нутелата. Откако убаво ќе ја измесите смесата (ќе мора со рака, зошто јака е Нутелата, не може со лажица само) оставете ја некое време во фрижидер, ќе се стврдни малце, доволно за да ги правите точињата. Јас на крај секое топче го валкав во останатите лешници + изрендав чоколадо во нив. Жената која ми го даде рецептот ги имаше валкано со парчиња чоколадо (ги купила во Здрава храна продавниците) и со нив беа ФЕ-НО-МЕ-НАЛ-НИ, ама јас немав време да ги купам Исто, можете да стопите и чоколадо за готвење со малце масло (или маргарин) и да ги потопите во него, па да бидат чоколадни. Пробајте ги, ВРВ на ситните колачи се, плус се прават за 10мин!
Ги направив колачите со кокос и лимон и сендвич колачињата, совет за двете. Кај првите многу тешко се стврднуваат, наместо цреши ставив брусница а за да се оформат топчиња додаов во рецептот и две лажици мед, воопшто не се благи да убиваат а се совршена варијанта за луѓе кои се на режим на исхрана и кои не смеат да внесуваат многу шеќери, ептен се вкусни и изгледаат убаво. Вторите наместо еспресо ставив од она кафе што е на Нескафе еспресо 2 во 1, со шеќер во него, кога сфатив дека нема да се намокри тестото од ништо ставив и три лажици вода топла, супер дојде смесата, само совет помали правете ги топчињата, кога се големки проблематични се за јадење. За вкусот, не би да зборам вода ми се собира во устата
Колач со портокал За колачот ќе ви треба: 175 грама шеќер 175 грама путер кора од еден портокал сок од 2 портокала 4 јајца 175 грама брашно две и половина лажички прашок за печиво За филот ќе ви треба: 280 грама омекнат путер 500 грама шеќер во прав 2 лажици млеко 2 лажици сок од портокал Подготовка Чекор 1: Започнете го правењето на колачот со матење на путерот и шеќерот со миксер. Потоа додадете ги и другите состојки. Јајцата, брашното, кората и сокот од портокал, и убаво изматете ги. Чекор 2: Намачкајте ги округлите силиконски калапи и подеднакво наполнете ги. Ставете ги во рерна загреана на температура од 150 степени 30 минути. Чекор 3: Во меѓувреме направете го креместиот фил од путер – ова е извонредно богат фил карактеристичен за Англиските колачи. Изматете ги омекнатиот путер, шеќерот во прав, млекото и сокот од портокал со висока брзина. Оставете го филот да отстои во фрижидер додека да бидете спремни за финалната подготовка на колачот. Чекор 4: Извадете ги печените колачи од рерната и оставете ги потполно да се изладат, а потоа извадете ги од калапите. Време е за финалната подготовка на колачот. Чекор 5 Почнете со еден од колачите и врз него нанесете обилна количина фил од путер со вкус на портокал. Намачкајте го целиот колач до рабовите. Ставете го вториот колач одозгора и повторете ја постапката со филот, но овојпат декорирајте го филот со вилушка за да добиете убава шара. За украсување користиме тенко исечкани парченца кора од портокал одозгора!
Како да подготвите домашна бајадера Состојки за внатрешната смеса 500 гр шеќер 500 гр мелени бисквити 200 гр мелени ореви 300 гр путер 170 мл млеко 100 гр црно чоколадо 100 гр бело чоколадо Состојки за глазурата: 100 гр црно чоколадо 2 мали лажички маргарин 1 лажица масло Како се подготвува: Млекото, шеќерот и путерот се ставаат во тенџере на оган за да зовријат. Штом почне смесата да врие, садот се тргнува на страна. Во врелата течност се додаваат бисквитите и оревите и добро се мешаат сите заедно. Смесата се дели на 2 дела. Во едниот се додава белото стопено чоколадо, а во другиот црното чоколадо. Земете плех и прво истурете ја црната смеса со дебелина од прилика 1цм, а потоа ставете ја и белата смеса. Оставете на кратко да отстојат во фрижидер. Во меѓувреме, подгответе ја глазурата – маргаринот, темното чоколадо и маслото се топат на пареа додека да добијат течна форма. Прелијте го колачот со глазурата и оставете ги да се изладат заедно.
Чоколадни срциња 200гр. мелени ореви 150гр. шеќер во прав 100гр. мелени бисквити 100гр. чоколадо за готвење (рендано) 100гр. маргарин 1 чоколадо за готвење (за прелив) Се матат мелените ореви, шеќерот во прав, мелените бисквити, ренданото чоколадо и маргаринот. Работната маса се посипува со шеќер во прав. Од смесата се расукува кора и со калапчиња во форма на срце се вадат фигури. Чоколадото за готвење се топи со малку зејтин. Срцињата се премачкуваат во растопеното чоколадо и се ладат во фрижидер.