Сакам да направам некој колач/торта со јагоди. Досегашните обиди не ми биле најрепрезентативни Јас сум повеќе по солени јадења. Некој рецепт? Ви благодарам однапред Феминки
Еве еден,и јас планирам да го правам Овошен колач со јагоди ,5 шолји брашно (од 200 мл) 3/4 шолји шеќер + 1 лажица за посипување 1/2 шолја млеко 350 гр јагоди 1 јајце 60 гр маргарин 1 ќесичка прашок за пециво 1 ќесичка ванила сол (колку што може да се фати со врвовите на 2 прста) шеќер во прав за посипување Пенасто изработете го маргаринот со шеќерот. Додадете го јајцето, млекото, ванилата и матете додека не се изедначи. Посебно измешајте го брашното, прашокот за пециво и солта и додадете ги во смесата и матете на најмала брзина. Со лажица ставајте ја смесата во долгнавест подмачкан калап,претходно посипан со брашно. Врз смесата ставете исечени јагоди, малку притиснете ги во тестото. Преку јагодите посипете 1 лажива шеќер. Печите на 180 степени околу 40 минути. Откако е готов, оставете го колачот да се излади, извадете го од калапот, посипете го со шеќер во прав и уживајте во одличниот вкус!
бидејќи не славев полнолетство а сега ми е и матура би сакала да направам некоја убава торта со хопла да напоменам или некоја чоколадна уствари незнам која од нив две двете ми се вкусни.... ај предлог за некоја убаааааваааааа немора да е од овие наведениве...
Некој речепт за брз колач. Само да нема потреба од чоколадо бидејки навистина ме мрзи да одам до продавница.
Еве нешто со јагоди,брзо и вкусно.Го правев денеска,во калап не во плехче(како на сликата). Спојлер Рецептот е од моирецепти.мк Колач со јагоди и бела чоколада Состојки 3 јајца 180 гр путер омекнат на собна температура 150 гр шеќер 200 мл млеко 380 гр брашно 150 гр сецкана бела чоколада 220 гр сецкани јагоди 10 гр прашок за пециво 1 ванила 1/2 лажиче сода бикарбона Подготовка Путерот изматете го шеќерот и ванилата потоа додајте ги јајцата едно по едно и продолжете со матењето да се добие кремаста смеса. Додајте го млекото и кратко изматете го. Додајте го брашното измешано со пецивото и содата, убаво измешајте ги со лажица, додајте ја сецканата чоколада и повторно измешајте. Во калап (30х10) намачкан со путер и посипан со брашно ставете половина од смесата и подрамнете ја, наредете половина од јагодите, ставете ја останатата смеса и јагодите. Ставете го да се печи во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 мин потоа оставете го уште 10 мин во исклучена рерна. Оставете го да олади покриен со алуминиумска фолија и послужете го. По желба можете да го украсите со стопена чоколада или со шеќер во прав. Јас декорирав со шеќер во прав,а кога сервирав плус свежи јаготки и чоколаден прелив
******сникерс******* 1 маргарин кристал се мати со 250гр шекер во прав,потоа се додаваат 3 јајца и се се мати заедно. 500 гр бисквити мелени 300гр кикирики (чистени,несолени)ситно исецкани се изеднацува и се меша со претходната смеса(убаво се измесува) се става во тава и се распоредува целата смеса убаво глазура 100гр чоколадо,5 лажици (супени) млеко,5 лажици шекер и 50гр маргарин...се топи на тивок оган додека да се соедини. глазурата се посипува врз целата смеса и одозгора се посипува со сецкани кикирики,се става во замрзнивац да се стегне убаво околу 1 час а потоа се сеце на коцки,се послузува и се узива брзо се прави и усте побрзо ги снемува утредента мозе да се најде некое парце,другите се веке изедени
Денес правев некои колачи кои по состав се слични на браунис, само потенки се и покрцкави, ама и поубаво изгледаат за на маса (барем мене браунис не ми излегуваат никако - ми се кршат кога ги сечам) Чоколадни колачи Подготовка: 15 мин.Готвење: 13 мин.Вкупно: 28 мин. Состојки •150 г чоколадо за готвење •110 г путер •2 јајца •270 г шеќер (ова е премногу, следниот пат би ставила околу 150 г.) •1 кесичка ванилин шеќер •125 г брашно •55 г какао •1/2 кафена лажичка сол •1/2 кафена лажичка сода бикарбона •300 г чоколадо (исечкано на парчиња) Подготовка 1.Загрејте ја рерната на 165 степени. Во подалбок сад измешјате го брашното со какаото, солта и содата. 2.Во сад над пареа растопете ги заедно путерот и 150 г чоколадо. Кога ќе се растопат, тргнете ги настрана и додадете го ванилиниот шеќер или екстракт од ванила. 3.Изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата не стане светла и воздушеста. Додадете ги растопениот путер и чоколадо и мешајте додека смесата не се изедначи. 4.Потоа додадете ја смесата со брашното и добро измешајте. На крајот додадете ги парчињата чоколадо. 5.Ставајте по половина лажица од смесата во тавче врз хартија за печење, но оставете простор меѓу колачињата, бидејќи ќе се разлеат при печење. Ако се прават со мала лажичка, од една лажичка излегуваат стандардна големина кукис - за ориентација, да не ви се залепат едно до друго, како мене 6.Печете точно 13 минути. Колачињата не треба да се препечени бидејќи на тој начин внатрешноста ќе им остане мека. Оставете ги да се оладат, а потоа само уживајте. Мене ми излегоа околу 40 колачиња со овој рецепт. Отидоа како алва - утрово ги правев, сега веќе нема, иако беа навистина многу благи. Рецептот е преземен од тука: http://migusto.mk/cokoladni-kolaci/
Колач со афион 100 гр афион 3 чаши (за млеко) брашно 2 чаши (за млеко_ шеќер-јас ставив една ,зошто со две ми е премногу благо 2 јајца(јас ставив 3) 1 прашок за пециво 1 ванила 2 чаши (за млеко) млеко 1 чаша (за млеко) зајтин-јас ставив пола чаша Сите состојки се матат (јас одделно матев белки одделно жолчки и така ми испадна повкусен и поцврст),и откако ќе се соединат на крај се додава афионот ,се мати уште малку.Се пече на 180 степени некои 20тина мнути. Овојпат,за првпат пробав една превкусна глазура,која дава посебен шмек на колачот мислиш којзнае од што е внатре Отсега само оваа глазура-препорачувам и ќе се уверите Растопив 1 алпико млечна од кам,со едно мало лажиче путер,лажиче две мали млеко и 1 ванила.Убавини
Во кој број тавче го печеше?????? Сакам да го направам, па се плашам мн тенок или дебел да не ми излезе.
Мачмелоу колачот е лесен за подготовка, не е премногу сладок и просто е неодолив. Мерките во овој рецепт се прилагодени за помал сад за печење, кој е половина помал од касичниот. Рецепт за пандишпан: ● 4 жолчки ● 1 чаша шеќер ● 1 чаша млеко ● 1 чаша брашно ● ½ чаша масло ● 1 пециво ● 1-2 лажици како ● 1 чаша = 200 мл Пенесто изматете ги жолчките и шеќерот, па додајте ги останатите состојки. Ставете го пандишпанот да се пече на 180 степени околу 40 минути. За тоа време направете го филот. Рецепт за фил: ● 4 белки ● 5 лажици шеќер ● 1 ванилин шеќер Изматете ги белките во цврст снег, па лажица по лажица додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога пандишпанот ќе се испече, врз него намачкајте го филот, па вратете во рерна пет минути да се засуши филот. Испечениот колач премачкајте го со глазура од истопено чоколадо. Jас ќе го правам утре и ќе ви кажам како ќе излезе
^ Ммммм, мислам дека е истиот рецепт од оној на мајка ми... Најверојатно е, де. Навистина е многу убав, а толку едноставен за подготовка Одамна го немам јадено, ама сега штом си идам дома ќе го правам.
Да бе, ми текна, старски рецепт е, мајка ми на времето кога бев мала ми го правеше, дури и заборавив дека е тој Ама многу е вкусен, само да го погодиме
Aбе многу да не е 180степена 40мин. Mене на 30тата почна да ми мириса малку на загоренко го опнав тоа белото, како нарасна, го боцкав. сега се лади, после ќе ви кажам дали е вкусно
Зависи од рерната лудо, мојава на 180 степени пече силно, ако оставам пандишпан подолго од 20 минути, после можам слободно да го фрлам
Колачи со пудинг пола маргарин Кристал 2 ванили 50гр. шеќер во прав 125гр. брашно 50гр. пудинг (кој било вкус) Од состојките се замесува тесто и се лади во фрижидер. Се формираат топшиња кои се сплескуваат со вилушка. Се пешат во подмачкан плех 5-10 минути, на 180 степени. Брзи колачи со кокос Тесто: 150гр. кокос 150гр. шеќер во прав 3 јајца 100гр. чоколадо за готвење Јајцата се кршат и белките се одделуваат од жолчките. Белките се матат. Се додаваат кокосот и шеќерот во прав. Се меша со лажица. Тестото не треба да биде премногу меко. Колачите се вадат со лажица и се формираат со раце. Се печат во плех подмачкан со маргарин, 15 минути, на 100 степени. Откако ќе се испечат, се оставаат да се изладат (на собна температура). Чоколадото се топи со малку зејтин. Колачите се топат во чоколадото (до половина). Потоа се ладат во фрижидер.
1кг. ресана 200гр. мелени ореви 250мл. млеко 1 маргарин Кристал Ресаните се сечат на 4 дела и се ставаат во длабок сад. Се додаваат оревите. Млекото и маргаринот се ставаат во тенџере, за маргаринот да се стопи. Откако ќе се стопи, се додава кај ресаните. Се меша со лажица и се формира тортата.
Ситни колачи 200гр. еурокрем 100гр. чоколадо за готвење 100гр. сецкани ореви 100гр. сецкани лешници 100гр. сецкани бадеми Се топат еурокремот и чоколадото. Се додаваат оревите, лешниците и бадемите. Се меша со лажица и сместата се става во хартиени корпички. Се ладат во фрижидер. Срциња со локум 250гр. локум (без ореви) 100гр. кокос Се замесува тесто и се расукува кора со дебелина колку еден прст. Срцињата се вадат со калапчиња и се ладат во фрижидер. Чоколадни коцки со сусам 3 јајца 300гр. шеќер 1 маргарин Кристал 5 лажици какао 100гр. сусам 200гр. сецкани ореви 300гр. сецкани бисквити 1 чоколадо за готвење Се матат јајцата и шеќерот. Маргаринот и какаото се топат. Ова се додава кај изматените јајца. Сусамот се пржи и се додава во садот. Се додаваат оревите и бисквитите. Се меша со лажица. Смесата се става во правоаголно тавче. Чоколадото се топи со малку маргарин. Откако ќе се растопи, се става врз смесата. Се лади во фрижидер 1 час. Потоа се сечат парчиња.