1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колачи

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 7 декември 2009.

  1. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    Денес го направив колацот со ресани и навистина бесе превкусен само јас го ставив во калап за ролат и излезе така мхмх
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам, кои се оние колачиња, крцкави се најверојатно, што ги печат американците? :D
    Во пмс, ги гледам по серииве и страшно ми се пријаде, а поим немам од готвење, па се мислев да ве прашам тука ако се најде некоја домаќинка да ме просветли... :wasntme:
     
  3. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на тие со парчиња чоколадо еве еден рецепт, мене овие ме асоцираат на амерички колачиња. :)
    Колачиња
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    ^Фала ти многу, ми изгледаат лесни за правење, па ќе пробам да ги направам денес.
    Се надевам дека нема да ги зафркнам. :lol:
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Колачи со урми

    100гр. мелени ореви
    150гр. мелени бисквити
    230гр. мелени урми
    100гр. маргарин (растопен)
    1 лажичка рендана кора од портокал
    1 лажичка цимет
    150гр. шеќер во прав

    Од состојките се замесува тесто и колачите се формираат по желба. Се валкаат во растопено чоколадо за готвење.

    Триаголници со крем-банани

    300гр. мелени бисквити
    50гр. маргарин (растопен)
    100мл. вода
    250гр. шеќер
    1 лажица какао
    1 чоколадо за готвење
    крем-банани

    Во тенџере се ставаат водата и шеќерот да вријат. Откако ќе зовријат, тенџерето се трга од оган. Се додаваат бисквитите, маргаринот и какаото. Ова се меша со лажица. Сместата се става во калап во форма на долгнавест триаголник, претходно обложен со проѕирна фолија. На средината се стваат крем-банани. Се става во замрзнувач да се стврдне. Откако ќе се стврдне, се премачкува со растопено чоколадо. Се остава да се излади и се сечат парчиња.
     
  6. tHeBeAuTyFoReVeR

    tHeBeAuTyFoReVeR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Овој ми е омилен

    Салама со кафе

    Тесто:
    250 гр. кокос
    250 гр. мелени бисквити
    200 гр. шеќер во прав
    3 филцани сварено засладено кафе

    Фил:
    3 варени жолчки ( јас не ги ставам )
    125 гр. путер
    100 гр шеќер во прав
    100 гр. желе бонбони
    малку рум

    Подготовка:
    Во еден сад се промешуваат сите состојки предвидени за тесто и се замешуваат со варено кафе.На наместена алуминиумска фолија се расплескува кора прст дебела, се премачкува со филот, се завиткува како ролат кој, пред да се сече, треба добро да се стегне најдобро на собна температура ( јас практикувам 20 мин во замрзнувач дека ми се брза).

    Фил:
    Путерот пенесто се мати со шеќерот во прав, се додава малку рум (една лажичка), желето исецкано на коцки и на крајот варените пасирани жолчки (кој не сака не мора).
    На крај се прелива со едно чоколадо за готвење (претходно стопено на оган со малку путер) :D :D
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Моира да пукнеш леле што ми направи со тој рецептот за фереро. Вчера многу културно си го направив и денес ми е страв во кујна да отидам од колку се прекрасни и што ќе ми пропадне секојдневното возење точак.

    Апсолутно феноменални колачичи, да ти е жал со гости да ги споделиш т.е. колачи за одбрани гости, врвниот вид на почит. Во еден момент ми беше жал да го мијам тоа пластичното од смесата па темелно со прсте го лижнував. Ставив Нутела (најефтина ќе да е во Кам), лешниците не ги сомелив ситно туку ги издробив во едно справиче од Базаро и им лупнав наполетанки со лешник од Европа. Дефинитивно Европа имаат одлични наполетанки секогаш им се свежи и со нормална цена (А не Јафа, мафа ѓомити злато ставиле внатре |( ).

    Е сега, јас тука имав еден лапсус, од пола од смесата вадев форми со лажиче кога не беше стврдната па после ми текна во фрижидер да ја ставам. Ама ептен интересни формички излегоа, посплескани и неправилни, баш уметнички.

    Супер колачичи, само Нутелата им влече на цена ама вредат.
     
    На Annath и Moira им се допаѓа ова.
  8. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Искористени остатоци од замрзнато тестенце,
    пудинг од маскарпоне,
    неколку свежи малинки,
    и ливчиња мента оти без нив не сум јас...и на крај овие превкусни лепотици
     

    Прикачени фајлови:

    • IMGP0032.JPG
      IMGP0032.JPG
      Големина на фајлот:
      55,4 KB
      Прегледи:
      500
    На elisabeta, EMoonlight, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Штангли со капучино

    100гр. капучино
    500гр. мелени бисквити
    150гр. шеќер во прав
    200мл. топло млеко
    пола маргарин (растопен)
    1 бело чоколадо за готвење

    Капучиното се раствора во млекото и се остава да се излади. Откако ќе се излади, се додаваат бисквитите, шеќерот во прав и маргаринот. Се меша со лажица. Смесата се става во правоаголно тавче со димензии 16cm x 24cm. Се лади во фрижидер. Чоколадото се топи и се става одозгора. Смесата пак се лади. Откако ќе се излади, се сечат парчиња.
     
  10. mace4545

    mace4545 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Топло-Ладно
    (одличен колач за ова време)

    СОСТОЈЌИ
    • 500 гр чоко­ладо
    • 10 јајца
    • 125 гр путер
    • 200 гр бра­шно
    • 10 лажици шеќер
    ПОДГОТОВКА
    Чоко­ла­дото и путе­рот се ста­ваат во подла­бок сад. Потоа, на уме­рен оган, се топи сме­сата. Откако ќе се рас­топи, садот се трга од шпо­ре­тот и се остава сме­сата да се излади.
    Јај­цата се матат заедно со шеќе­рот. Потребно е јај­цата малку да се изма­тат, одно­сно да бидат пене­сти. Потоа, јај­цата и шеќе­рот се дода­ваат на сме­сата со чоко­ладо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а бра­шното го дода­ваме посте­пено, со посто­јано мешање.
    На кра­јот, треба да се добие густа и хомо­гена чоко­ладна смеса. Кала­пите се мач­каат со путер и се попр­ску­ваат со бра­шно, пред да се налее сме­сата во нив.
    Во меѓу­време, се загрева рер­ната на 250℃. Се пече само 5 минути.
     
  11. lilili

    lilili Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Едноставни и убави парени колачи ? :?:
     
  12. lilili

    lilili Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Феминки дај бе кажете рецепт ЕДНОСТАВЕН и УБАВ т.е. ВКУСЕН за парени колачи? :?:
    Она основното брашно,јајца,зејтин,шербет...Ајде баш ми се јаде јас не најдов ништо! :)
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Eве ти еден брз и лесен рецепт

    2 јајца се матат со 1 чаша (чаша од 200гр односно од мал јогурт) шеќер.Потоа се додава 1 чаша млеко и 1/4 чаша зејтин. Се промешува со лажица па се додава 1 чаша гриз, 1 чаша брашно и 1 пециво. Потоа се додаде 1 чаша сецкано суво грозје, 1 чаша сецкани ореви и јас додавам и 1 ванила (во рецептот оди и 100гр кокос ама јас неставам, оваа комбинација ми е најубава). Убаво се промешува со лажица и се пече во подмачкано тавче со зејтин и брашно. Оваа доза е за тавче бр. 24.
    Шербет се прави од 800 гр шеќер, 400гр вода и малку сок од лимон.
    Колачот (уствари торта е :) ) се пари ладна со врел шербет.
    ја правев во недела и сега веќе нема :$
     
  14. instruktor

    instruktor Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    38
    Jas gi pravev ovie so бел еурокрем :
    300 гр бело чоколадо
    3 лажици масло за јадење
    3 лажици крем од белото :)
    се топи чоколадото, се додава маслото (на пареа секако) и на крај кремот.
    се додаваат потпечени сецкани (јас ги мелев) по 100 гр. ореви, лешници и бадеми
    Јас ставив по 50 грама од се, и од смесата истурив во силиконски модли за мафини.

    Првпат ги правам ,ама некако бааги блачко доаѓа. Ќе видам утре сопругот е повеќе по благото дали ќе ми ги бендиса :)
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истиот рецепт. Ми го даде јатрва ми. Кај неа ги пробав колачите и многу ми се допаднаа.
     
  16. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    652
    Некој лесен овошен колач, по можност со круши или јаболки :?:
    да направам за утре :$
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Грчки колачи

    800гр. брашно
    3 јајца
    3 големи филџани шеќер
    3 големи филџани зејтин
    3 лажици мед
    1 лажичка сода бикарбона
    1 пециво

    Од состојките се замесува тесто и се расукува кора со дебелина од пола сантиметар. Со калапчиња се вадат фигури и се печат во плех подмачкан со маргарин, на 150-170 степени. Се топат 3 чоколади за готвење и 50гр. маргарин. Откако колачите ќе се испечат, се лепат сос мармалад. Се валкаат во растопеното чоколадо, па во кокосот.
     
  18. elena6

    elena6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Знае некој каде се продават убави, а не многу скапи ситни колачи? Од тие на кило што ги продават? Сум слушнала за неколку слаткари во Скопје ама не се сеќавам на името. Ако знае некој нека каже ми треба за посна слава. Фала унапред :)
     
  19. Mar4u

    Mar4u Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    22
    знае некој убав рецепт за овие колачиња?

    баш би сакала да ги изненадам колешките на работа :D
     

    Прикачени фајлови:

  20. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476