Мексиканци 3 белки 250гр. шеќер 150гр. мелени ореви 1 чоколадо за готвење неколку јатки од ореви Се матат белките и шеќерот. Се додаваат мелените ореви. Се меша со лажица и се формираа топчиња. Врз секое топче се става пола јатка од орев и се печат во загреана рерна на 120 степени. Откако ќе се испечат, се валкаат во чоколадото (претходно растопено) и се оставаат да се изладат во фрижидер. Чоколадни бакнежи 250мл. млеко 1 пудинг од ванила 3 лажици шеќер пола маргарин 100гр. шеќер во прав ресани кокос Се варат млекот, пудингот и шеќерот. Пудингот се остава да се излади на собна температура. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кај изладениот пудинг. Ова се мати. Ресаните се сечат на пола и се лепат со пудингот, така што чоколадната страна треба да биде однадвор. Се валкаат во кокос. Колачи со кокос 1 маргарин (растопен) 200гр. шеќер во прав 2 јајца 3 лажици какао 100гр. мелени ореви 300гр. мелени бисквити 100гр. кокос 1 чоколадо за готвење Се замесува тесто од сите состојки, освен од чоколадото. Се прават форми по желба. Чоколадото се топи и формите се валкаат во растопеното чоколадо.
Колачов го обожавам и го правам многу често, прекрасен е! Еве го рецептот. 5 јајца 14 лажици млеко 14 лажици шеќер 14 лажици масло 2 ванили 1 прашок за пециво 17 лажици брашно 800 г. вишни Прво се матат јајцата, а потоа се додаваат останатите состојки, освен вишните и се меша додека да се добие еднолична смеса. Смесата се става во подмачкано тавче за печење и се пече околу 5 минути, а потоа се вади од рерната и низ смесата рамномерно се распоредуваат вишните (вака се прави за да не паднат вишните на дното на тавчето). Потоа се враќа во рерна и се пече уште 15-20 минути на 180-200 степени, во зависност од тоа како ти работи рерната. Штом е готов, колачот се сече на коцки и секоја коцка се валка во шеќер во прав. Оваа смеса е погодна и за печење во корпици како мафини. Понекогаш наместо млеко ставам газиран „Фанта“ сок. И тогаш е доста успешен. Пријатен апетит.
Знае некој рецепт за колач со јаболка сечени на парчиња и кога ке го превртиш јаболката се од озгора цели...ама објаснав
Во Шарлота во Маџари што е слаткарницата имаш многу се убави а и не се скапи, за Канела не сум сигурна ама од Шарлота ги иам јадено
sitni kolaci od jabolka sostojki jabolka (jas najcesto gi pravam so 4 golemi jabolki) biskviti istolceni seker prezla cimet podgotovka jabolkata se lupat i rendaat potoa se przat za vreme na przenjeto se dodava seker otprilika potocno kolku sakate poto se mesa i se dodava edno paketce cimet pa dva prsta voda i se mesaat dva tri pati i se dodava prezlata za da ja upie vodata a potoa se dodava drugoto paketce cimet i tolku se trgaat od ringlaata i smesata se pretura vo dlabok tanjir i se ostava malce da oladi i otkoga ke se oladi smesata se pravat bombici THE END P.S. mnogu se ubavi i osvezitelen vkus davaat
Девојки знае ли некој рецепт за раванија/реванија? Порано правев ама сум заборавила што се ставаше, а моите ми ивкаат да направам
Девојки сакам да направам пралини -слатки во оние силиконските калапи ... знам како се прават но сакам внатре да ставам некое убаво филче за да биде како течно кога ќе го касниш Доколку знаете некој рецепт било каков пишете ми Спојлер сакам да ги направам за 14ти да го изненадам љубениот
7 јајца, 7 лажици шеќер, 7 брашно, 1 пакетче гриз, едно пециво и ванила за шербетот, сецкани ореви по желба.Се матат јајцата и шеќерот, се додава гризот, брашното, пецивото и оревите . Се пече во подмачкан плек бр 32 и штом убаво заруменее се вади и трга настрана да се олади.Се сече на коцќи и се пари со врел шербет кој се прави од 1 литар вода, 750 грама шеќер и една ванила .
Мајка ми направи скоро прв пат и убави се погодија. Правеше со бело чоколадо и со црно.( ти препорачувам поубаво чоколадо за готвење да употребиш за поубав вкус). Исецка повеќе видови суво овошје на ситно и ги помеша со малтекс. Малку благички беа ама вкусни. А дел ( оние кои и беа со бело чоколадо) ги полнеше со црн крем ( еурокрем каков сакаш). Не се лоши овие идеи, ама јас сакам следен пат со некој овошен сируп, па некое парче цело овошје, нешто како Шери бонбочињата. Ако знае некој таков рецепт или фил нека каже. Инаку како колачиња, многу брзо се прават и лесно, ја гледав мајка ми и нема никаква филозофија.
Да ви пишам и јас еден рецепт италијански кој го дознав од една пријателка на мајками Кростата 140грама маргарин кристал или било каков друг 120 грама шекер 2 кафени лаЖички пециво малку ситно рендана кора од лимон 1 јајце 300-400 грама брашно И за премачкување околу 250-300 грама слатко по ваш вкус( јагоди, сливи, цреши...) оргиналот е сослатко од кајсии и јас најчесто го правам со такво. Се меси тесто од состојките маргаринот треба да биде одстоен на собна температура за подобро д се меси откако ке го впие брашното убаво се меси да биде меко па се става во најлонска фолија и на пола сат во фриЖидер. Се вади ии се остава 1/4 од тестото аа од другото се прави кора врз хартија за пчење и се става заедно о хартијата во тавче број 30. Потоа се мачка кората со слаткото но наоколу кората да има барем по 1 сантиметар ненафмачкан простор.од малото тесто се прават тенки ленти ии се ставаат врз слаткото прекрстатени во форма на баклави. пече во релна на 180-190 степени 30 минути. Се надевам ке ме разберете многу е вкусно лесно и евтино.
Dali nekoj znae recept vo sostavot da sodrzat praline cokoladi . (ne kako se pravi praline tuku vo sostavot da ima praline kupecki )
Пралини 300грама чоколада за готвење 3-4 лажички зејтин За смесата која подоцна ке ја ставиш во силиконски калапи за колачи или ако сакаш можеш и во силиконки калап за некоја торта,некоја интересна фигура мече или слично.Потребно ти е следново : 200 мл. слатка павлака 150 гр. бела чоколада 150 гр. црна или млечна чоколада Подготовка: Чоколадото со зејтинот растопете го на пареа.Потоа калапот премачкајте го со чоколадо т.е дното и страните.Ставете во фрижидер да се стегне чоколадата.Штом ке се стегне извадете го од фрижидер и нанесете повторен слој со четкичка и потоа повторно вратете го во фрижидер.Белата чоколада и 100 мл слатка павлака ги ставаме на оган и мешаме непрестано додека чоколадата не се стопи а потоа оставаме да се олади.На исти начин повторуваме со црната чоколада (млечната чоколада).Калапите ги полниме со филот до пола ,а потоа ги преливаме со чоколадото кое ги премачкавме калапите.Но површината да биде рамна.Ги оставаме да се оладат, а потоа ги вадиме од калапот.Пралините се најдобри кога се оладени.
Ќе ви напишам еден рецепт за најубавите и најсмотани колачи кои зимава ги отеков од правење, и се поштедив од купување на вакви чајни колачиња Се растопува еден цел маргарин кристал, и се остава малце да се излади. Со миксер разматете 2 јајца со 150 грама шеќер и една ванила, додека не се направи пена, внатре додајте го стопениот маргарин, 500 гр брашно, 1 пециво, 100 гр рендано(или сецкано) чоколадо, 100 гр оревчиња(исто рендани или сецкани по вкус), суво грозје(ако сакате, јас ставам цело пакетче бело суво грозје) и оставете да се измеси или иземсете со рака. Ќе дојде мекушлаво тесто, обликувајте со рака топчиња, сплеснете ги малце, и редете врз чиста ненамрсена тепсија(доволно им е маргаринот внатре за да не се залепат). Печете цели 15-20 минути на 200 степени и уживајте во вкусот Кој си сака, нека си стави и цимет Одземаат цели 30 минути комплет, а се превкусни
Спојлер Не знаев каде да го ставам рецептов, се надевам тука нема да пречи. Потребни состојки: 1. Еурокрем 200 гр. (само црно или само бело) 2. Чоколадо за готвење 200 гр. 3. 100 гр. лешници 4. Зејтин *Ако сакате слаткиве да се бели тогаш правете ги со бел еурокрем и бело чоколадо, а ако не со црно (кафеаво). Лешниците се потпечуваат. Половина од лешниците се дробат на ситни парченца. Еурокремот, чоколадото, три супени лажици зејтин заедно со половината дробени лешници се топат на пареа. Откако ќе се стопат, добиената смеса се става во оние корпичките и одозгора на секоја се става по еден лешник. Се оставаат во фрижидер да се стврднат (брзо се стврдуваат). Добивате превкусни колачиња
Колачи со вишна и ореви 1 коцка маргарин (250гр) 1 јајце 4 лажици шеќер 1 пециво 100гр сецкани (мелени) ореви 400-450гр брашно Јајцето, шеќерот и маргаринот убаво се матат со миксер. Се додава брашното и пецивото и убаво се замесува - да се воедначи смесата. Се додаваат мелените ореви и повторно убаво се измесува тестото (јас додавам пола мелени пола сецкани ореви - сецканите кога ќе се испечат убаво крцкаат). Потоа од тестото се кинат ситни делчиња и се формираат топчиња, се прави вдлабнатина и се става вишна (јас ставив смрзнати вишни, а може и од слатко). Колачите се редат во подмачкан плек и се печат многу кратко на тивка температура (150 Ц). Малку подоладени се валкаат со шеќер во прав. Спојлер Шеќерот во прав секогаш си го мелам дома - во апаратче за мелење ставам шеќер и додавам една вреќичка ванилин шеќер.
Дали некој знае каде може да се најдат од оние стапчиња за поп кејкс? слични на оние од лижавчиња што се.
Домашни Твикс колачиња Мх мх изгледаат,и видео има, така да нема некоја филозофија Состојки За БИСКВИТНО ТЕСТО ќе ви треба: 225 гр. путер оставен на собна температура 185 гр. шеќер 420 гр. брашно За КАРАМЕЛ ќе ви треба: 40 млечни меки карамели 4 лажици слатка павлака За ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ ќе ви треба: 200 гр. чоколадо 100 гр. млечно чоколадо http://www.youtube.com/watch?v=xPlwq3SBTw8 и исто за оваа торта/колаче рецептот ми се виде доста лесен Потребно е 300 g Мелени бискивити 150 g стопен маргарин 5-6 лажици прав шеќер 1/2 портокал 200 Мл газиран сок од портокал 125 g ресани oколу 50 g желе бонбони од портокал Глазура 100 g чоколадо за готвење 70 ml слатка павлака Соединете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, сокот и рендана кора од портокалот, па прелијте со истопен путер.Потоа додајте го и газираниот сок. Се добро соединете, па додајте ситно сецкани желе бонбони и ресани од портокал Обликувајте по желба и оставите да се олади и стегне. Загрејте ја слатката павлака, па прелијте преку искршената чоколада за готвење, кога чоколадата ќе се растопи прелијте ја тортата