1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колачи

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 7 декември 2009.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Пудинг колачи

    1 шолја зејтин
    1 шолја млеко
    5 шолји шеќер
    5 шолји брашно
    2 пудинга

    Во тенџере се ставаат зејтинот, млекото и шеќерот да зовријат. Брашното и пудинзите се мешаат со лажица. Кога млекото ќе зоврие, тенџерето се трга од оган. Се додаваат измешаните пудинзи и се меша со лажица. Тенџерето пак се враќа на оган. Смесата треба да се вари 2 минути. Смесата се става во правоаголно тавче и се остава да се излади во фрижидер. Потоа се сечат парчиња.
     
    На Tinushka и Slatkarka94 им се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Колач од гриз и нутела

    Потребни состојки
    200 гр. гриз
    120 мл. млеко
    100 гр. чоколадо за готвење
    4 лажици нутела
    4 лажици шеќер
    1 портокал
    2 јајца

    Подготовка:
    Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте ги гризот и млекото. Потоа додадете ја нутелата и промешајте.
    На крај исцедете го сокот од портокал, изрендајте малку кора и додадете во смесата.
    Добиената смеса претурете ја во мрсна тава подготвена за печење на која ќе ставите и брашно.
    Колачот печете го на 180 степени 40 минути.
    Додека е топол може да го прелиете со неколку лажички Нутела или стопено чоколадо, па да наредите ореви или лешници по желба.
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Денес нешто импровизирав и испадна ПРЕКРАСНО:inlove:. Ги викам колачите Бекипафс. :D

    Потребни состојки:
    - 100 грама милка орео
    - 1 јајце
    - 1 кафена лажичка путер

    Начин на готвење:

    Во мало тенџере ставате вода да врие и го поклопувате со метална длабока чинија. Милката ја кршите на коцки, а јајцето го маткате со миксер, за да има пена. Кога чинијата ќе биде доволно топла,ставете ги коцките милка и една кафена лажичка путер. Кога ќе де стопат чоколадото и путерот, го гасите шпоретот и го додавате матеното јајце. Мешате додека не се соединат. Потоа истурате по малку од смесата во чашки за капкејк и на плиток метален сад или тава ги ставате во рерна да се печат на 200°С за 15 мин.

    Слики ќе ви покажам вечер, пред малку експериментирав, а и немав чашки за капкејк.
     
    На Pucanka, Annath и Mekuska им се допаѓа ова.
  4. Pucanka

    Pucanka Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Само што го направив
    Колач со кокос
    2шољи за чај брашно
    Мала шоља зејтин
    Пола кесичка кокос
    1 прашок за пециво
    1мала лажичка сода бикарбона
    300мл. Млеко
    Едно јајце
    Една голема лажица какао
    Се тоа се меша и во тепсија подмачкана со зејтин се става на печење на 180cтепени.
    Потоа се сече на коцки одозгора се става стопено чоколадо за готвење
    ПРЕВКУСНО Е ПРОБАЈТЕ НИ 100 ДЕН НЕМА ДА ВЕ КОШТА
     
    На Butterfly01D и bella.s им се допаѓа ова.
  5. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Obozavam vakvi blagi raboti za koi ne treba golema filozofia,a vo koj broj na tavce go peces?
     
    На bokace му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pucanka

    Pucanka Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Sum zaboravila sekjer da pisam 10lazici hehe
    A inace tavce vrska nemam koj broj valjda 32
     
    На MilaP и bella.s им се допаѓа ова.
  7. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.135
    Kaj mozam da si kupam vakvi?? 11896015_10207755945725955_7037584895469912246_n.jpg
     
  8. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.874
    Колач со цимет

    500 гр. кисело млеко
    1 ванилин шеќер
    2 мали лажички сода бикарбона
    1 мала лажичка цимет
    2 големи лажици какао
    5 мали филџани шеќер(јас ставам помалку шеќер)
    2 мали филџани зејтин
    6 мали филџани брашно

    За фил:
    Мармалад од кајсии
    200 гр чоколадо



    Сите состојки погоре се мешаат во еден сад на рака со бркалка.Потоа смесата се става во подмачкана и набрашнета тавка.Колачот се пече околу 45 мин. на околу 180 степени.

    Колачот откако се испече додека е жежок се мачка со подебел слој на мармалад.Откако ќе се олади се прави глазура од чоколадо.

    Многу е брз и лесен нема промашување:)
     
    Последна измена: 23 декември 2015
    На sunshine2015 и bella.s им се допаѓа ова.
  9. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Девојки кажете некој рецепт со кикиритки , имам останато некои си 500 гр ми се мафтаат низ дома, па да ги искористам:lol:
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.530
     
  11. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Мој омилен отсекогаш, бил и ќе биде Баунти колач, превкусен ми е.
    Посебно ако обожавате кокос, милина :inlove:
    [​IMG]
    Прва кора.
    Потребно:
    1. 3 јајца
    2. 120 гр. шеќер
    3. 1 лажица какао
    4. 200 гр. брашно
    5. 1/2 кесичка прашок за печиво
    Изматете ги јајцата со шеќерот во густа смеса. Додајте го брашното во кое предходно сте ги помешале прашокот за печиво и какаото. Убаво измешајте и истурете во намрсена тава.

    Втора кора.
    Потребно:
    1. 4 белки
    2. 200 гр. шеќер
    3. 200 гр. кокосово брашно
    Изматете цврст снег од белките со шеќерот. Во снегот матејќи на помала брзина полека додавајте го кокосовото брашно. Второто тесто истурете го врз првото, убаво распоредете и ставете го во рерна загреана на 180 степени па печете 10-15 минути.

    Крем
    Потребно:
    1. 3 кесички пудинг од ванила
    2. 1 литар млеко
    3. 4 жолчки
    4. 250 гр. маргарин
    5. 150-200 гр. шеќер
    Изматете ги жолчките и шеќерот во прав. Сварете го пудингот и пред да го тргнете од ринглата додајте ги жолчките. Убаво измешајте и оставете да се излади. Маргаринот изматете го пенесто со малку шеќер во прав па убаво изматете со оладениот крем од пудинг.
    Изладената кора премачкајте ја со кремот.

    Глазура
    Потребно:
    1. 150 гр. чоколадо за готвење
    2. 100 гр. маргарин
    3. 50 гр. кокосово брашно(за наросување)
    На ниска температура или во сад над пареа, истопете го чоколадото и маргаринот. Полијте го колачот и наросете со кокосово брашно. Оставете убаво да се олади.

    Е сега јас глазурата почесто ја правам само со чоколаден прелив а некогаш и вака ко на сликата, но превкусно е како и да го направите :)
     
    На Salome, bella.s и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Malku mi e nejasno,ova na slikata kako sto se gleda,kora pa toa beloto sto e,kokos li e,pred kremot?super mi stoi ke se proba za praznicite:)
     
  13. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Да да, белото е мешавина од кокос и белки (+шеќер)
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Чоколадни бомбици со кикирики

    Потребни состојки:

    – 300 гр несолени кикирики

    – 150 гр шеќер

    – 50 гр чоколада за готвење

    – 125 гр маргарин

    – 2 жолчки

    Подготовка:
    Изматете ги жолчките со шеќерот на пареа се додека шеќерот не се растопи целосно. Во топлата смеса ставете ги маргаринот и чоколадата да се растопат, а потоа убаво измешајте и оставите да се излади. Потоа додајте ги смелените кикирики и измешајте убаво. Кога сместа ќе биде сосема изладена направете бомбици кои ќе ги извалкате во мелени кикирики. Ставете ги во хартиени корпи.
     
  15. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    (y):*
     
  16. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
  17. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Пиши ако имаш точен рецепт за ројал ајсинг
     
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Дали многу ќе се одрази на вкусот ако ставам ваков крем? Веќе го купив, и сега сум на 100 ума...
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Мене црниот крем од Еурокрем порано ми беше еден од омилените, ама одамна го немам купувано бидејќи според мене го расипаа квалитетот, а му ја зголемија цената.

    Мислам дека побар супститут би ти бил црниот Алпико од Кам, меѓутоа кога веќе си го купила овој направи ги, сигурно нема да останат неизедени бомбиците.
     
  20. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Моите омилени, по моја рецепта.

    Мелени ореви, мелени лешници, мелени бисквити, малце рум и путер. Се` се меша и се прават бомбици. :inlove::inlove::inlove: