Дали некоја правела профитароли од оние што се во кутија прашок за приготвување? Кој прашок за што е?
Ги направи? Јас се мислам дали да ги правам, дали се комплицирани за правење. Ене ми стои кутијата...
Ги направив и лесни се за правење. Е сега за следен пат ќе знам да ги редам поразделечени во плехот, зашто растат и ми се залепија како сијамски близнаци хахахха И помали ќе ги правам топчињата. Прелесни се, ако треба помош кажувај
Топчињата со две лажички прави ги и разделени едно 10 см едно од друго. Како маслинка прави ги големина ќе пораснат поголемки. И со готварски шприц полни. Превкусни се.
Да, превкусни се и ќе пробам да ги полнам како што викаш со шприц. Барав и на јутуб видео за вакви од Dr. Oetker Portiferol. Едвам најдов едно видео (со инструкции на турски јазик) каде што ги сечеше топчињата на пола со ноже, па ги наполни со лажичка од кремот и ги спојуваше половинките. Ама не сакам да личат како мини еклери, поинтересни се ако се полнети топчиња. Јас првпат кога ги пробав така беа, како топчиња замотани во течно чоколадо, ги јадев со лажичка и многу ми беа привелечни на око. Финтата е кога ќе гризнеш кремот да дојде како изненадување
Јас имам од она како по слаткарниците од Хубо го земав некои 150 ден, со различни оние модели доле што се ставаат, а тоа за полнење е како најлонско и во него можеш и тестото да го ставиш и да стискаш топчиња какви сакаш големина. Јас со две лажички го правев, од една во друга префрлав , а крем има да ги преполниш, па и од тоа преливот што е превкусен кога ќе ги прелиеш мх мх мх се
Ги правев, баш добро ги наполнив со шприц и се изедоа за час. Навистина имаше премногу крем и чоколаден прелив од кесичките. По пола литро млеко се става во преливот и исто толку во кремот. Не знам зашто толку малку ставаат прашак за тесто во кутијата, а толку многу за крем. Ми останаа колку уште за една тура колачи. И јас, ајде да пробам, набрзина направив своја смеса за тесто за да ги употребам кремот и преливот. Прочитав на состојките на пакетчето што содржи и импровизирав. Добив топчиња со ист вкус ама не нараснаа толку многу. Претпоставувам дека недостигаше некое средство за нараснување кое го има во готовата смеса, иако истурив цело пакетче прашак за пециво. Како и да е, ги поделив на пола и ги наплнив. И се изедоа сите никој не се бунеше.
Наздравје нека ви се. Кажи колку останува. Јас па имав земено и некој колач брауни и дека ми делуваше сув, земав од кремот ставив па после од чоколадото и мерачки две врсти благи искочија. Пробај земи и од тој и благо ќе имаш ехееее
10 големи лажици брашно, 5 јајца, 1 пециво, 1 ванила, половина филџан зејтин, 1 филџан млеко, шеќер по желба колку сакаш да биде благо.. Ги мешам сите состојки, да добијам смеса малку погуста од таа за палачинки, мерката е таа меѓутоа доколку од некоја причина ми испадне преретко, додавам брашно, а ако е премногу густо додавам млеко, и ја ставам во куглов половина смеса, ја ставам да се запече околу 7-10 минути, потоа ја вадам, ставам парчиња чоколадо или шумско овошје на средина и ја ставам другата половина од смесата и повторно враќам да се пече, проверувам дали е готова со чепкалка..
Здраво на сите, сакам да прашам каде може да се најде ист или сличен рецепт за вакви колачи во кои инаку ќе има минимум или воопшто шеќер и млеко а што повеќе протеини?