Околу 400-500гр. брашно 200гр. маргарин/путер 2 јајца 1 ванила 200гр. шеќер во прав Се матат маргаринот, јајцата и ванилата. Се додаваат другите состојки и се замесува тесто. Маргаринот да биде растопен. Во рецептов има и ореви, ама јас не ставам.
Рецепт за некој испробан колач со јаболка и цимет??? Значи имам правено мафини, тортиче ама се некако не ми излагаат убаво, јаболката дека поводена и станува тешко тестото колку и да ги печам. Не е она ровко убаво.
Рецепт за суви колачи и по можност да излегват поќе. Само битно мие да се суви да не се лепат на жешково.. за ред ми се за на гробишта... а немам воопшто идеа.
Имам две конзерви кондензирано млеко, немам идеја како да ги искористам. Дали имате некои пробани и вкусни рецепти да ги споделите? @Anika55 тебе ќе те тагнам како профи во оваа бранша, мислам дека имаше неколку рецепти, ама не можам да ги најдам, не успевам.
Претпоставувам за засладено, густо кондензирано млеко прашуваш. Можеш да го искористиш за фил за торта, за рафаело топчиња, сладолед, чизкејк, трилече, а може да се јаде и така како прелив со палачинки/вафли/сладолед. Од испрабано, нешто што најдов во темата за рецепти ќе споделам подоле. Се надевам ќе биде прегледно. Се е превкусно со кондензирано млеко, особено сладоледот. Многу кремаст излегува, обавезно пробај. Подоле треба да има рецепт за сладолед со ф'стаци ама може и друг вкус (на пример со лешник крем наместо ф'стак). Малку благ излегува (дека млекото благо и кремот благ), ама со путер од лешник или ф'стак наместо крем мислам дека би бил гром. Подобар од било кој сладолед од ф'стаци што некогаш сум го јадела.