LivingGlam ги направив колачињата , ама немам слика да постирам , само што ги ставив во метална кутија така нашеќерени, одма ги снема, едно не остана. Фала за рецептот
Фала, ама прекасно видов. Јас направив други по мој рецепт. Овие следниот пат. И да прашам уште нешто. Мора ли ракија да се става? Зошто не ја разбирам улогата во колачот
Па веројатно може и без, но така е рецептот и тестото мн убаво мириса, не на ракија Иренна ти се погодија? Стави ракија ти?
Не ставив ракија, немав. Место ракија ставив една лажица сок од цеден лимон, и ставив искршени лешничиња во тестото, многу добри излегоа. За малце ќе ги препечев, расипана ми е сијаличката во рерната
Ако сте обожаватели на колачи со јаболка еве ви еден рецепт, испробан, и многу лесен за правење 2 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша зејтин, 1 чаша млеко, 1 чаша гриз. 1 чаша сецкани ореви, 3 лажици какао, 1 прашок за пециво, 5 јаболка ( излупени и изрендани) За преливот: 1,5 чаши шеќер, 2 чаши млеко, 200гр чоколадо за готвење, пола маргарин Во изматените јајца се додаваат: шеќерот, зејтинот, млекото и јаболката (нецедени) Гриз, ореви, какао и прашок за пециво се мешаат во еден сад и се додаваат на претходново. Смесата се става во тавче со димензии 25х35 и се пече во веќе загреана рерна на 180 степени околу 40мин. За преливот е потребно млекото заедно со шеќерот да се загрее до вриење, се додаваат чоколадите и маргаринот да се стопат
Бајадери од карамели со лешник Се приготвуваат многу едноставно: 3јајца 300грама шеќер 1маргарин 250грама карамели со лешник 250 мелени плазма бисквити 200 грама чоколадо за готвење 6 лажици масло за јдење Во тенџере на оган ги ставаме јајцата, го додаваме шеќероти и карамелите и мешаме. Откако карамелите ишеќерот ќе се растопат го тргаме тренџерето од оган и го додаваме маргаринот и мешаме додека не се растопи, потоа ги додаваме плазма бисквитите и мешаме додека смесата не се соедини.Потоа смесата ја ставаме во калапче и оставаме да се олади и на крај ја растопуваме чоколадата и ја нанесуваме одозгора.
бомбици од банани многу се фкусни пробајте да направите јас на мажот ми му правам на 2 месеци многу му се убави бомбици од банани 3 банани 100 грама мелени бадеми 100 грама мелени лешници 50 грама кокос 100 грама мелени ореви 100 грама чоколада за готвење 100 грама урми 50 грама сусам Начин на подготовка подготовка Сусамот го ставаме во тенџере, тенџерето го ставаме на рингла и го пропржуваме. Бананите ги лупиме и ги ставаме во подлабок сад, а потоа со вилушка ги гмечиме. Во садот ги годаваме и мелените бадеми, мелените лешници, мелените ореви исто така ги ставаме и урмите предходно исецкани. Откако е готов и сусамот и него го додаваме во садот, потоа мешаме со лажица се додека не добиеме хомогена смеса. Чоколадата за готвење ја рендаме на ренде од покрупната страна на рендето во тањир, кокосот го ставаме во тањир и земаме од смесата правиме топчиња средно големи и ги валкаме во чоколадата или пак во кокосот. Бомбиците ги ставаме во книжни корпици. Бајадери 400 гр шеќер 125 гр. путер 150 гр.мелени ореви или лечници 140 гр. мелени бисквити 50 гр. чоколадо 8 лажици вода За прелив: 200 гр.чоколадо 100 мл. масло Подготовка: Се вари водата со шеќерот како за слатко.Се додава путерот да се растопи.Со ова се замесува смесата од мелените ореви и мелените бисквити.Смесата се дели на два дела.Во едниот се става чоколадото кое пред тоа сме го растопиле.Се става во калап црниот дел врз него останатиот и се глазира.Од кога ке се стегнат се сечат мали парчиња-бајадери. колач од чоколадо и бадем 200 грама Шеќер во прав 170 грама Чоколадо за готвење 120 грама Путер 30 грама Брашно 115 грама Бадеми 4 Јајца подготовка Во поголем сад со дебело дно помешајте го чоколадото и маргаринот. Ставете на тивок оган и мешајте додека не се растопи. Оставете да се олади. Посебно помешајте ги шеќерот и жолчката за да добиете светла и густа смеса. Додадете го растопеното чоколадо, бадемите и брашното, па сè заедно изматете го. Во друг поголем сад, измиксајте снег од белките. Во чоколадната мешавина додадете го снегот од изматените белки, па убаво промешајте. Целата смеса истурете ја во правоаголен, со маргарин подмачкан огноотпорен сад, па ставете го во претходно загреана рерна на 170 степени. Смесата печете ја 30-тина минути. Оладете 10 минути, па по желба одозгора прелијте со чоколаден прелив.
рум бомбици 200 гр бисквити 100 гр мелени ореви 100 гр суво грозје 100 мл млеко 1 лажица рум 1 шишенце рум екстракт 100 г чоколадо 1 ванилин шеќер кокос мелени ореви Подготовка: Измешајте ги мелените ореви ,мелените бисквити и сувото грозје и прелијте ги со 100 мл млеко. Се додава румот и рум екстрактот. Се топи чоколадото на тивок оган и му се додава ванилин шеќер . Се се меша, добро се соединат да се создаде рамномерна маса. Од неа се прават бомбици и се тркалаат во кокос или ореви.
Топло-ладен колач Потребни состојки: - 500 гр чоколадо - 10 јајца - 125 гр путер - 200 гр брашно - 10 лажици шеќер Подготовка: Чоколадото и путерот се ставаат во подлабок сад. Потоа, на умерен оган, се топи смесата. Откако ќе се растопи, садот се трга од шпоретот и се остава смесата да се излади. Јајцата се матат заедно со шеќерот. Потребно е јајцата малку да бидат пенести. Потоа, јајцата и шеќерот се додаваат на смесата со чоколадо. Сите состојки се мешаат со брашното кое го додаваме постепено, со постојано мешање. На крајот, треба да се добие густа и хомогена чоколадна смеса. Калапите се мачкаат со путер и се попрскуваат со брашно, пред да се налее смесата во нив. Во меѓувреме, се загрева рерната на 250°C. Се пече само 5 минути. Се служи со сладолед по ваша желба !
Капучино колачиња Ви е потребно, 230 грама чоколадо, 50 грама путер, 30 милилитри ликер од кафе, 30 грама кафе и 125 грама блага павлака. На пареа се мешаат млечната чоколада, слатката павлака и кафето да се стопи и да се изедначи. Се додава ликерот од кафе и путерот. Потоа добро се меша со миксер. Смесата се става во фрижидер добро да се олади и да се стегне. Потоа од смесата се прават топчиња.Секое топче се валка во рендана чоколада. Топчињата до служење стојат во фрижидер. Многу се лесни а ептен вкусни.
Рецептов е одличен, macence85, ама дали може нешто друго да се стави наместо слатка павлака? Ич не ја сакам, одвратен вкус има, барем мене не ми се допаѓа. Еве еден рецепт што го најдов по нетов, го пробав, и прекрасен е, а брз. Домашни Ferrero Rocher (потсеќаат на нив по вкус) 150г наполитанки со фил од лешник 150г лешници 200г чоколаден еурокрем (не мора нутела да е, било каков ќе ви врши работа). Се дробат наполитанките, лешниците се потпекуваат и дробат, па се мешаат заедно со еурокремот. Ако не ви е доволно течен, може малку да го растопите во микробранова (еве, на радијатор да ја ставите кутијата или тегличката ). Се прават бомбички, се прелеваат со чоколадо (ако сакате) па се валкаат во чоколадни трошки. Јас ги направив без чоколадото и трошките на крајот. Вкусни се, ептен!
Aна павлаката е за да се згусне смесата..не се осеќа толку ко во други колачи, кафето има многу силна арома и ја прекрива некако. И јас не ја обожавам баш многу ама овде не ми пречи..
vi gi citav receptite super se site si gi zapisav vo tetratkata eve i eden moj recept se nadevam deka ke vi se dopadni pa ke go napravite da go probate 3 jajca 1 casa sejker 1 casa mleko 1 casa maslo 1 casa kakao nesquik 1 vanila 1 casa brasno 1 pecivo [*se e so 1 casa po so neznam kolku gr treba jas si go pram i mi islegva super ] gi matite 3 jajca i mu stavate edna casa sejker potoa mu dodavate mleko masloto kakaoto i edna vanila se matite ubavo i pred da stavite brasno trgate od smesata edna casa[*po sto ke vi treba za filot ]i potoa vo smesata ke dodadite edna casa brasno i pecivo i pecite na 200 stepeni potoa otkako ke se ispeci ja vadite i mu go stavate filot od casata i toa e se kolacot e mnogu vkusen i lesen za pravene mafini so portokal 3 jajca 100gr sejker 50ml maslo 150ml mleko malce sol 50ml sok od portokal 1 vanila 1 pecivo 1 lasica kokos 1 lasica kakao malku rendana kora od portokal 250gr brasno 3 jajca 100 gr sejker 50ml maslo se...od-kirilica:wvrglqop][/mod-kirilica:wvrglqop]
Oва морав да го споделам со вас...го ископав некни и денес имаше промоција кај мене дома и ее превкуснооооооооооооо Се вика чоколаден мус Состојки: 120 грама темно чоколадо (со 70% какао),кујнско шо го викаме,4 јајца,1 супена лажица шеќер Начин на подготовка: Искршете го чоколадото на ситни парчиња и ставете ги во средно-голем огноотпорен сад, што ќе го ставите во врела вода сè додека не се растопи. Во друг сад изматете ги белките од јајцата, а потоа додајте го шеќерот и повторно промешајте. Во трет сад изматете ги жолчките, што потоа ќе ги соедините со стопеното чоколадо со помош на дрвена лажица. Потоа, кон смесата почнете да ги додавате изматените белки и мешајте сè додека смесата не се соедини, а потоа ќе ја оставите во ладилникот на најмалку четири часа.
Колач со вишни - 2 јајца - 2 шолји шеќер - 3 шолји брашно - 1 шолја масло - 1 шолја млеко - 1 ванилин шеќер - 1 прашок за печиво - 1 канче со вишни (претходно одмрзнати) Правиме смеса од набројаните состојки, ја матиме со миксер да се изедначи добро. Ја истураме во претходно намрсен плех и печеме во загреана рерна 15-20 мин. додека да зарумени. Ми се јадеше нешто благо, а и се мислев што да му направам на син ми болен е деновиве, па што и да му направам не сака да јаде, и за чудо си изеде 2 парчиња, му се бендиса. Кога ги има вишните си купувам и по 10кг, им ги вадам семките и ги замрзнувам, па одвреме-навреме си го правам колачот, најмногу токму со вишни, ама вкусен е и со друго овошје (сливи, праски, кајсии).
Сникерс бонбончиња Една кутија чоколаден крем 2-3 чоколади за готвење ситно сецкани ореви или кикирики,количина која што вам ви одговара во зависност од вкусот (претходно откако ќе ги излупите и исецкате,пропржете ги без маснотија да заруменат) 100 грама лешници сецкани Чоколадото се топи на пареа,а потоа му се додава кремот,откако ќе се соединат се додаваат кикириките (оревите) и лешниците.Можете да ги обликувате во празна здела од бонбониера или пак во корпички за бомбици.Оставете ги на ладно да се стегнат и уживајте во нив. Јас ги правам со повеќе крем,односно кантичка и пол и две чоколади за готвење.Не додавам шеќер,но можете да ја пробате смесата,ако не ви е благо,да си додадете. Сите ги сакаат!Превкусно!
Еве еден брз,лесен и ефтин десерт Брзи чоколадни колачи 4лаж. брашно 4лаж. шеќер 2лаж. какао 3лаж.млеко 2-3 капки зејтин 1 јајце 1 ред чоколадо (какво и да било) Сите состојки се стават во некој сад (филџан поголем или голема шоља за млеко ) се мати со лажица и се став во микробранова печка. Јас ги ставам на 3 оганчиња и на 2мин зависи од микробрановата. Отприлика е готово кога колачето почнува да излегува од садот.