1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колачи

Дискусија во 'Рецепти' започната од soledad, 7 декември 2009.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ^ А може во рерна? :^)
    И оваа смеса е за едно колаче (поголемо)?
     
  2. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    20
    Колач со Ананас

    Состојки;
    1.конзерва ананас
    500гр.искршени бискоти
    250гр.маргарин
    150гр.сецкани ореви
    150гр.суво грозје
    100гр.желе бонбони
    200гр.сикер
    2лаж.какао
    1.шлаг крем.

    подготовка;
    Маргаринот и шекерот се уработуваат со миксер.потоа се додаваат бискотите, грозјето кое претходно е потопено во сокот од ананасот,оревите и ананасот.се меша убаво да се соедини смесата и се плех и се филува со шлаг крем.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Во рерна не сум пробала , тоа е само за едно колаче па поголемо е (само немој да ставаш целата смеса во мал филџан , ем нема да ти собере еме ќе ти претече). Направи пр. 3 тројна смеса и стави во некои калапи и испечи во рерна . Инаку на вкус се како мафините. :)
     
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.709
    Состојки :

    * 4 jајца
    * 2 ванилини шеќери
    * 2 прашока од пециво
    * 400 g кристален шеќер
    * 400 gr маргарин
    * 20лажици млеко
    * 100 gr kокос
    * 1400 gr брашно
    * шеќер во прав
    *КОЛАЧИ СО КОКОС
    Подготовка :

    Изматете 4 јајца со 2 ванилини шеќери , 2 прашоци за пециво , 400 грама кристал шеќер .Потоа се додава 400 грама стопен маргарин и 20 лажици млеко.Се меша за да не се направат грутчиња ,потоа се додава 100 грама кокос и лесно се меша со 1400 грама брашно. Се прави една голема топка од тесто и се остава да се лади 2 часа во фрижидер. Се вади тестото и се прават топчиња кои се тркалаат во кокосовото брашно (кокос).
    Едно нешто имам забележано ..колку повеќе стојат се се подбри и повкусни. :)
    Пријатно :*
     
  5. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    [​IMG]
    Чизкејк коцки
    Рецептов е превземен (ископиран :lol: ) од еден блог. Го направив и ми се допадна, па да го споделам со вас. :)

    за подлогата:
    200 гр. мелени бисквити (или ако сте во Америка graham crackers, или на други места digestive cookies)
    5 лажици стопен путер

    за филот:
    400 гр. крем сир (АBC, Дукат или некој сличен)
    1 павлака (250 мл.)
    1 чаша хопла (користете ја чашката од павлаката за мерење)
    1 чаша бел шеќер (мерејќи со чашката од павлаката)
    3 јајца
    3 лажици брашно

    + за чоколадниот дел:
    3 полни лажици какао
    2 лажици шеќер
    [​IMG]
    Во сад, измешајте ги мелените бисквити со стопениот путер, и притиснете ги на дното од тавче од 22 сантиметри (ако имате тавче од 24 цм, ќе ви треба малку повеќе бисквити и стопен путер, ама ќе имате доволно фил со овој рецепт). Силно притистнете ја мешавината од бисквити за да се направи рамна подлога. Печете ја подлогата 10 мин во загреана рерна на 200 Ц степени. Извадете ја од рерна и оставете ја да се олади. Треба да биде само малку заруменета.


    Во меѓувреме, ставете го кремсирот во посуда и почнете да го матите со миксер. На него додадете ја павлаката, хоплата, шеќерот, јајцата и на крај брашното. (ако почнете со матење на кремсирот, филот ќе ви биде мазен и убав, инаку може да останат грутки кремсир неизматени).


    Истурете пола од филот во тавчето врз оладената подлога. На останатиот дел од филот додадете го какаото и дополнителниот шеќер и изматете пак. Истурете го чоколадниот фил врз белиот. Јас се обидов да направам поубави шари ама не ми успеа баш.

    Печете го чизкејк-ов во загрена рерна на 180 степени околу саат време и потоа обавезно оладете ја во фрижидер барем 6 саата, ама најдобро преку ноќ. Потоа исечете ја или како традиционална торта или во помали коцкасти парчиња како што направив јас. Уживајте !
     
    На nena2010, LivingGlam, 2468 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еве рецепт од едни многу брзи, лесни и вкусни колачиња.

    ВИ треба:
    1 јајце
    100 гр. брашно
    100 гр.шеќер
    150 мл. млеко
    200 гр. какао
    1 прашак за пециво
    малку екстракт од ванила (а може за замена и ванилин шеќер)


    Сите производи се мешаат и се формираат топчиња кои се оставаат малку да отстојат.
    Потоа се печат во загреана рерна на 150-180 степени.

    Јас додадов и една рака издробен корнфлекс за да бидат крцкави :)
     
    На Wild-GirL, TheCandy880 и 2468 им се допаѓа ова.
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Баш ме заинтересира за колачиве, :lol: ќе пробам да ги направам ;) Само да те прашам колкави топчиња како бомбици да бидат? Не се попаруваат со ништо? Се надевам нема да ги испечам многу, па да бидат тврди :lol:
     
  8. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Некој рецепт можеби имате што се пече во куглов ? :?:
     
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.858
    Штрудла - ќе го напишам рецептот тука, па ако треба нека се префрли.
    1 цело јајце и 1 белка
    1 чаша зејтин
    1 чаша шеќер
    1 кавсец
    1/2 кило млеко
    Бршано по потреба. Се замесува и се остава да стаса. Тестото се дели на 5 дела, се расукува кора, се мечка со мармалад, се мота и се мачка со жолчка и сусуам.


    Шпангли со кокос
    400гр. вода и 300гр. шеќер се става да зоврие и се додава 500гр. локум. 500гр. смокви мелени и ораси по потреба и се реди ред кора обладни, ред фил.

    Јагоди бомбици
    250гр. шеќер во прав
    250гр. маргарин
    300гр ораси и 300гр бисквити - мелени
    1лаж. лимонов сол
    Сето тоа се става во сад и се меси додека не се соедини се.
    Се става црвен екстракт и се валкаат во шеќер.

    Бомбици со млеко во прав
    250 гр. вода и 1кг. шеќер да се згусне како за слатко. Се трга на страна и се додава 250гр. маргарин (маргаринот се додава откако смесата ќе се излади). Се расплескува со мало лажиче и се става по еден лешник. Се валкаат во кокос.


    Бајадера
    800гр шеќер и 200гр вода да зоврие само 3 минути и се додава 300гр. бисквити и 300гр. ораси. На крај се замесува со еден маргарин и тестото се дели на два дела. Во едниот се става какао, а во другиот не. Одозгора се прелива со чоколадо
     
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.858
    Полжави или ежиња

    2 филџани вода
    Во водата се става 1 квасец да стаса
    600гр. брашно се замесува со 3 филџани зејтин и со стасаниот квасец се става 3 филџани гриз и 1 пециво. Сето тоа се меси. Тестото се дели на два дела. Во едниот се става какао, а другиот дел останува бел. Потоа се сука како кора од белото тесто, па од црното тесто. Се става црната кора врз белата и се витка во вид на роалт. Се сечат парченца се редат во подмачкан плех и стасуваат пола саат.

    Шербет:
    1/2 л. вода и 3 чаши шеќер да зоврие. Се валкаат во кокос, мелени ораси или рендано чоколадо.


    Тулумби-печени

    6 филџани од кафе вода да зоврие, се ставаат 3 филџани зејтин, 6 филџани брашно и се меша убаво и се трга на страна од огин да се олади. Кога е ладно тестото се додаваат 6 јајца и малку пециво. Во подмачкан плех се печат на 250 степени целозујсови. Не се отвараат додека се печат.

    Шербет:
    1,5 кг. шеќер
    1л. вода и 1 ванила
    Во малк шербет се потопуваат.
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Сте пробале ли да направите мафини... јас вчера правев ..убаво изгледаат штета што не можам да ги пробам :worried: ... дегустаторов дома рече совршени биле 8)
     
  12. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    260
    Да имам правено ама не секогаш испаднуваат како што требе :rofl:
    Вака ги спремам по овој рецепт одамна го најдов негде по интернетов, па ако има некоја утка кажувајте :)



    2 шолји брашно
    1/2 шолја шеќер
    1 лажичка прашок за печиво
    1/2 лажичка сол
    1 јајце
    3/4 шолји млеко
    1/3 шолја масло за јадење

    Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Во друг, помал сад изматете го јајцето и додадете ги млекото и маслото за јадење. Така изматени, додадете ги на сувите состојки од другиот сад и мешајте ги заедно додека смесата не се соедини. Сега кога смесата е готова, треба да го одберете вкусот за вашите мафини. Можете да бирате во мноштвото од опции како парчиња чоколадо, кокос, разни видови овошја, јаткести плодови. Изберете го оној што вас најмногу ви се допаѓа или мешајте неколку одеднаш, на пример ореви и суво грозје или чоколадни парчиња и банана. Најдобро е да ставите 3/4 шолји од ваквите додатоци, но ако ви е премногу или премалку можете да скусите или да додадете. Затоа, мафините се едни од омилените колачиња – даваат простор за експериментирање во кујната, а крајниот резултат е секогаш одличен.

    Ни преостанува уште печењето. Најдобро е да ги печете во калап за мафини, но доколку го немате, како замена можат да ви послужат хартиени корпи за печење. Калапот или корпите треба да ги намачкате со масло за јадење и потоа во нив една по една ја истурате смесата. Се печат на температура од 200 Целзиусови степени околу 18 до 20 минути.
     
  13. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Овде вика дека од оваа смеса се правеле 10-11 стандардна големина мафини, јас правам 12
    Треба да имаш тава со вдлабнатини во кои се ставаат книжните обвивки кои се полнат со следната смеса:

    255g обично брашно
    2 лажички пециво
    1/2 лажичка сода бикарбона
    1/2 лажичка сол
    110-170g бел кристал шеќер
    45-75ml какао
    1 јајце
    240-260ml млеко
    1 лажичка ванила
    90ml масло (или 85 грама стопен путер)
    искршено чоколадо за готвење, кокос или ореви (по желба)

    1. Подготви ги чашките за мафини. Загреј ја рерната на 190-200°C
    2. Во голем сад измешај ги брашното, прашакот за пециво, содата, солта, шеќерот и какаото
    3. Во друг сад изматкај го јајцето со вилушка. Додај ги млекото, ванилата, па маслото или путерот. (по тој редослед)
    4. Истури ги течните состојки во садот со сувите состојки. Измешај ги за да нема останато суви грутчиња, но не претерувај со мешање.
    5. Наполни ги чашките ¾ од волуменот. Нароси му го кокосот, чоколадото, оревите или сите три заедно. Печи го 20-25 минути или додека на притисок мафините не се враќаат нагоре.
    Јас го правев со чоколадо и ореви...
    Најчесто ги првам овие и едни други со моркови...ама тој рецепт нареден пат :)
    За чудо секогаш ми се погодуваат... 8)
     
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    :clap: за рецептот и фала што си го пишала овде..Вчера ги правев и ги израдував моите се прејадоа :) планирам пак да ги направам некој ден брзи се,лесни а и слатки :)
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Супер Кенди што ти испаднале!
    Мене минатиот пат ми се препекоа, ги подзаборавив, ама пак беа многу вкусни.
    Инаку, еве ти за следен пат идеа, извлакај ги во шеќер во прав. Така се уште послатки. ;)
     
  16. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Овошно суфле

    Потребни состојки:

    -5 jајца
    -150 грама шеќер
    -3 лимони (кората и сокот)
    -1,5 лажица желатин
    -4,5 децилитри слатка павлака
    -парчиња свежо овошје, шлаг, чоколадни мрвици или гумени бонбони со кои можете да го украсите десертот.

    Начин на приготвување:

    Изрендајте ја кората од лимонот, но само површинскиот слој кој ќе даде силен вкус, а потоа исцедете го сокот.

    Одвојте ги жолчките од јајцата од белките и во жолчките додадете ја изренданата кора од лимон и половина доза од шеќерот. Добро измешајте ја смесата со миксер, а во друг сад измешајте ги белките со остатокот од шеќерот.

    Желатинот растопете го на пареа и додадете ги жолчките и уште еднаш измешајте за смесата добро да се сврзе и додадете ја слатката павлака, односно шлагот. Белките додадете ги на крај и сето тоа добро измешајте го.

    За суфле ви се потребни и калапи за печење. Надворешниот дел од калапот премачкајте го со многу малку масло и обложете го со хартија за да се залепи. Наполнете ги калапите со густата смеса, ставете ги во фрижидер и оставете ги да постојат најмалку 4 часа.

    Откако смесата ќе се стврдне нежно одвојте ја хартијата и вашето суфле е спремно за декорација.
    Украсете го со шлаг, парчиња свежи јагоди, киви или било кое овошје по ваш вкус.
     
    На mims-89 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Чоколадни бисквити со кафе

    Потребни состојки (за 20 бисквити):
    • 1 1/2 шолја (за кафе) сенаменско бело брашно
    • 1/2 шолја какао
    • 1 печиво
    • 3 супени лажици путер, омекнат
    • 1 шолја шеќер
    • 2 големи јајца
    • 1/2 шолја corn flakes со чоколадо
    • 2 супени лажица горко филтер кафе
    Начин на подготовка: Рерната загрејте ја на 220 степени. Во длабок сад, заедно измешајте ги брашното, какаото и печивото. Во друг сад измешајте ги путерот и шеќерот со виљушка, додека не се стопи шеќерот. Потоа, мешајќи го путерот, додавајте ги јајцата, едно по едно и мешајте сѐ додека не се соединат. Потоа, сувите состојки (брашно, какао, печиво) додавајте ги полека во садот со течните состојки. Мешајте додека целата смеса не се соедини. На крајот, додадете ги кафето и чоколадираните corn flakes. Целата смеса измешајте ја со раце, поделете ја на два дела и формирајте ролати. Ролатите ставете ги во калап со хартија за печење. Печете 30 минути. Откако ќе се испече бисквитот, почекајте десетина минути да се излади и потоа од него сечете помали бисквити, со должина по ваша желба. Калапите ставете ги уште 10 минути да се печат и потоа извадете ги.
     
  18. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Марципан колачиња
    Состојки:
    - 300 гр Шеќер во прав
    - 50 гр Чоколадо
    - 30 мл Рум
    - 100 гр Ореви
    - 100 мл Млеко
    - 150 гр Кокосово брашно
    - 300 гр Бисквити
    Подготовка:
    Добро измешајте го кокосовото брашно, оревите, мелените бисквити, шеќерот и румот.
    Чоколадото растопете го во млеко и сипете го на претходната смеса.
    Замесете така да добиете хомогена смеса, правете топчиња и прелијте ги со чоколаден прелив.
     
  19. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Јас ги правев колачињата на старфиш меѓутоа не ми испаднаа како што треба :(
    смесата ми беше многу течна и не можеа топчиња да се прават,
    а ставив брашно за да ми се згусне, може и пола кило ставив
    и на крај испадна некоја торта место колачи, и шлапнав некој фил. Тоа е :lol:
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Се случува и тоа.
    Затоа јас пред да ги смесам топчињата убаво си ги набрашнувам рацете. И тоа пред секое топче поединчено. А можеш да го оставиш тестото 15 минути во фрижидер да се стврдне, ама не да се прелади.
    Верувај и јас имав неколку утки со тестово, ама веќе се усовршив. Брзи и лесни, за еден час имаш со што да послужиш гости.