ако мемози сама да си направиш колчи купи си имат готови во продавници или слаткар а не морат да се мачиш сама !
Мајка ми вчера правеше едни брзи колачи/бомбици. 500мл хопла 500гр ресани кокос Се мати хоплата и се додаваат ресаните кои претходно ќе ги исецкате. Ја оставате смесата да одстои половина час. Потоа правете топчиња и ги тркалате во кокос. Мора да ги пробате ептен се вкусни, се топат во уста. Ќе ги сликнев ама одма се изедоа.
е јас малку каснам,ама ако сепак се надевам ке ти се најде рецептот, и сигурно е испробан http://www.facebook.com/l.php?u=http%3A ... Y5hgRROrmg http://www.tortijada.mk/mk/kolacinja-i- ... janki.html на кое сакаш линке види, истото е
Витлери 250 гр урми 200 гр суви смокви 200 гр чоколадо 200 гр мелени ореви 3 лажици мармалад ( било каков ) лешници урмите и смоквите се сецкаат и заедно со мелените ореви се додаваат во растопеното чоколадо.Смесата се меша со рака и се формираат ваљачиња и од страните се става по еден лешник. Го имам пробано рецептов превкусно е
Dali nekoj znae recept za polzavcina, kolacina popareni vo dve boi, so griz. [mod-kirilica:zplmxg89][/mod-kirilica:zplmxg89]
Домашно чоколадо Потребни состојки: 300 гр. шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 100 мл. вода 200 гр. путер 350 гр. млеко во прав 100 гр. какао 150 гр. крупно сецкани лешници или бадеми (може по ваш вкус да си додадете суво грозје, бисквити и сл) Подготовка: Шеќерот, ванилата и водата се варат на тивок оган додека шеќерот не се истопи. Се трга од оган и кога малку ќе се излади се додаваат путерот, млекото во прав и какаото и добро се меша со миксер. Потоа се додаваат крупно исецканите лешници/бадеми. Чоколадната мешавина ја ставате во плехче кое е обложено со хартија. Кога ќе се излади се сече на коцки.
Не знам колку спаѓа во колачи, ама превкусно изгледаат. http://www.youtube.com/watch?v=L5G9a2t8 ... e=featured Ќе го пробам ова нешто во калапчињата за коцки лед - ќе ми излезат чоколадни бонбони.
Убаво ти текна во такви калапчиња од лед,можеш здробени бисквити,лешници било што да ставиш.Или пак до пола бел чоколадо,другиот дел црно.
Да не пишувам туѓи рецепти како мои... http://sitnoseckano.blogspot.com/2011/10/brownies.html прееска ги направив овие, и еве официјално четворица дома смачкавме за 5 саати цело тавче. Превкусни се, се топат во уста буквално и те навлекуваат да земеш уште бре туу ненормална работа. Јас ги правев како што е напишано во блогот, но наместо путер ставив кристал маргарин, да бидеме реални изгор скап е путерот.
Англиски колачиња Потребно: - 250 г маргарин - 170 г шеќер - 100 г чоколадо сецкано на коцкички - 100 г мелени ореви (може и лешници) - 450 г брашно - 100 г суво грозје (или некое друго суво овошје) - 2 јајца - 1 пециво Подготовка:Сите состојки се замесуваат. Потоа тестото се плеска и се рассукува. На крај, со модли се сечат фигури и се печат. Едноставни а превкусни
КАПРИ КОЛАЧ Лист: 10 белки 24 лажици шеќер 3 лажици оцет (се пече во тава обложена со хартија за печење околу 2 часа, на температура од 100 степени) Прв фил: 350 гр шеќер 200 мл вода 250 гр замрзнато овошје (јагода,малина) 1 пудинг од ванила ( шеќерот и водата зовриваат 5-10 мин., па потоа се додава овошјето и се вари уште 5 мин. Потоа се додава еден пудинг, претходно растворен со вода и смесата се враќа на оган уште 5 минути, да се згусне) Втор фил 100 гр чоколада се топи на пареа Трет фил 10 жолтки 10 лажици шеќер 1 маргарин ( жолтките се матат со шеќерот на пареа 5-10 мин.Кога кремот ќе се излади се спојува со 1 изматен маргарин) Врз листот се ставаат филовите по ред (прв, втор, трет) и најгоре се премачкува со шлаг. Колачот се става во замрзнувач и се служи ладен.[/quote] ] геа а какоц оцет вински или јаболков треба
На храна и вино денес,гледав едни колачиња и се потрудив да измеморирам состојки и постапка,ама заборавив насловот да го запомнам Многу лесни,се подготвуваат за помалку од 70 минути,и се убави на лик за послужување со чај,какао,кафе,баш за овој период. *Потребно* -140 грама шеќер -250 грама маргарин -4 јајца -1 чоколадо -150-200 грама брашно -шербет од слатко од дуња(ама мислам ке може и од какво и да имате) *Постапка* Во сад се става шекерот и маргаринот и се матат.Откако ке се соединат,ги кршите јајцата и ги двоите белките од жолчките,и ги додавате само жолчките,и продолжувате со миксер.Го додавате брашното и замесувате.Месењето го продолжувате на маса,се додека недобиете меко цврсто тесто. Од тестото,кинете по малку и правите покрупни топчиња,(смеса ко за 2 бомбици) и ги редите во тепсија обложена со хартија.Ја ставате тепсијата да се пече во загреана релна,додека не заруменат.Ги вадите. Го рендате на ситната страна чоколадото.Земате едно топче и со горниот дел го мацкате во шербетот од слатко,и одма со истиот цел горен ден,во чоколадото.Постапката ја повторувате со сите колачиња-топчиња. Не сум го направила,ама планирам,многу е брзо а и вкусно изгледаа топчињата.
колаче - зрно кафе Потребни состојки: - 250 грама шеќер - 1 кафена шолја вода (0,75 дл) - 125 грама маргарин или путер - 100 грама мелени ореви - 100 грама мелени бисквити - 80 грама чоколадо - 1-2 лажици мелено кафе За преливот: - 100 грама чоколадо - 3 лажици масло за готвење Подготовка: Најпрвин подгответе сируп, така што ќе го сварите шеќерот во малку вода. Варете околу три до четири минути. Тргнете го од ринглата, па во него додајте го маргаринот или путерот сè додека не се растопи. Потоа, додајте ги мелените ореви, бисквитите, чоколадото и кафето и мешајте така за сè да се изедначи. Кога смесата ќе се олади, обликувајте ја во мали топчиња, а секое од нив притиснете го со чепкалка за да добие облик и изглед на зрно кафе. Потоа, подгответе ја чоколадната глазура. Растопете го чоколадото со малку масло за јадење. Почекајте спремните топчиња да се изладат, па полека потопувајте ги во чоколадната глазура, вадете ги со лажица, повторно притиснете ги со чепкалката по средината и оставете ги на целофан додека глазурата не се стврдне. Доколку мислите дека нема да ви биде доволна глазурата за сите топчиња, растопете уште чоколадо на истиот начин.
Девојки би сакала да Ве прашам со каква глазура ги шарате колачите и на кој начин? Јас никако да направам добра шарка одозгора со лажичка, не знам дали е до чоколадото или до што е, ама се разлева и шарата скроз се развлекува. Ве молам брзо пишете. Поздрав
Јас глазурата ја правам само со чоколадо за готвење и малку зејтин. Во ѓезве ја скршам чоколадата (користам Менаж или онаа на Соко Штарк) ставам 1-2 лаж зејтин и матам на тивок огин додека не се стопи целата чоколада. Шари со чоколада правам кога имам време и живци. На алуминиумска фолија која е подмачкана со зејтин правам по желба форми и потоа ставам во фрижидер или замрзивач за да побргу се стегне чоколадото. Со 1 л млеко се вари крем од 1 пудинг од ванила, 15 лаж шеќер, 4 лаж густин и 2 ванили. Во ладен крем се додава 1 изматен маргарин со 200 гр прах шеќер. Овој фил е доволен за 1 кг ресана а страните се ваљаат во кокос или мелени ореви