Руски капи 4 јајца 4 лажици шеќер 4 лажици брашно 1 лажица какао пола пециво Состојките се мешаат и се подготвува тесто. Тестото се пече во четвртасто тавче. Кога ќе биде испечено, со калап во форма на круг или мала чаша се сечат кругови од тестото. Фил: 500 мл млеко 300 гр шеќер 6 лажици густин 1 ванила Состојките се мешаат и се добива смеса како пудинг. Со филот се лепат по 2 форми, се мачкаат со филот и по страните, потоа се валкаат во кокос. Одозгора се мачкаат со растопено чоколадо и се украсуваат со шарени мрвици. *Рецептот јас го користам, а го најдов на интернет.
Девојки ако можете да ми кажете некој рецепт за оние колачиња што се вадат со модли, на пр.чајни колачиња? Купив модли со секакви новогодишни фигури, елки, еленчиња,дедо мраз.... ама немам ниту еден рецепт
Ќе ти пишам неколку варијанти а малтене тестото е исто Тесто - 1 маргарин или 300гр маст (некој и со маст ги прави а убави се), 4 јајца, 1 шоља за чај шеќер, 1 пециво, 1 ванила и кора од лимон, брашно по потреба али некаде околу 700гр-1кг зависи до брашното и не многу тврдо тесто Прва варијанта е да додадеш 100гр кокос внатре Втора варијанта е да во еден дел додадеш какао па правиш црно бели свет Трета варијанта според мене и највкусна да додадеш околу 300гр сецкани ореви Печеш во релна околу 20-30 мин кога малку ќе поруменат и одозгора им солам јас шеќер во прав.
Од каде ги купи модлите? Јас сакам нешто со ваква декорација да пробам. А, Славица, дали ова твоево тесто може да се употреби за вакви колачи?
Од Грција,од Икеа. ама мислам дека има и кај нас, во Струмица ми рекоа дека имало слични некои во вицко,може има и во ск
Moже, тоа е тоа бисквитно тесто за такви колачиња. Такви модли имаш и во Тинекс, Веро...Хубо Маркет, баш пред некој ден ги гледав. Имаш пластични и метални, металните се поквалитетни
Интересни модли имате и во Џамбо, за 80-тина денари. Метални се, во форма на срце, ѕвезда, кругче, елка и уште нешто, не памтам баш. Баш ги гледав пред една недела. На втор спрат, кај што стојат тие тракатанците за во кујна.
Еве рецепт за еден вкусен домашен СНИКЕРС 500 грама кикирики (300 грама се толчат, 200 грама се мелат). Јас купувам печени и излупени и за да им падне солта ги ставам во вода, ги истиснувам од водата и малку ги запечувам. 300 грама мелени бисквити На шпорет ставате да се растопи еден путер (може и Кристал маргарин) со 4 лажици шеќер во прав. Откако ќе се растопи ги истурате кикириките и мелените бисквити во оваа смеса, промешувате и тргате од шпоретот. На шпоретот после ставате отприлика 1 чаша вода со 3 лажици шеќер да зоврие. Тоа го додавате во претходната смеса и тоа е да се разводени малку. Сето тоа го истурате во правоаголен сад, го оформувате и го оставате да олади. Во меѓувреме, го правите филот во кој ставате 1 чоколадо да се растопи, малку од путерот (или Кристал маргаринот) и 3-4 лажици млеко. Го оставате филот малку да се олади и го истурате врз претходно оладената направена смеса. Да напоменам дека овој рецепт не се пече, се обликува по желба и се сече по желба. Јас го сечам на коцкички ко бајадери
Дали може некој да пише ако знае начини како да се украсуваат вакви колачи? Баш се интересни за мали дечиња,таман да ги изненадам моите внукички? Пишете
Какао-топчиња Состојки: 2 лажици какао 300 гр. мелени бисквити 1 кесичка суво грозје 1 чаша густ сок 1 јајце 250 гр. шеќер во прав 1 маргарин кокосово брашно Подготовка: 1. Во длабок сад ставете ги мелените бисквити и сувото грозје и измешајте. 2. Додадете 2 лажици какао, постепено додадете го сокот и измешајте ја смесата. 3. Додадете го јајцето. 4. Во тенџере на оган ставете го маргаринот и шеќерот во прав. Мешајте се додека состојките не се соединат. Потоа ставете го маргаринот врз останатата смеса и оставете да се излади. 5. Откако смесата ќе се излади, формирајте топчиња и направете ги со кокосово брашно.
Со фондан од локум, го боиш со прехрамбени бои, за очиња бони топ бомбони, а и имаш готови мали топчиња, цветчиња срциња кои можеш да ги земеш од поголемите маркети. Како основа врз колачето можеш да ставиш топено бело чоколадо или црно па одозгора имај бујна фантазија
Колачи со ѓумбир 115гр. шекер 115гр. путер 175гр. брашно (пожелно е 30% да биде интегрално) 2 лажички ѓумбир малку млеко (исклучиво по потреба, ако е пресуво тестото) Замесете тесто, упорно месете го, додека се соедини. Се остава во фрижидер да се стегни, околу 1час. Потоа по желба се прават топчиња, или со модли се вадат колачиња. Се печат 10-15 мин. во подмачкана тепсија, па се оставаат скроз да се оладат, без да се поместуваат. По желба може да се украсат со глазура од шекер.
Слатки девојки...го видов рецептот http://kulinar.mk/recepti/Kolac-so-krem-od-kafe.html изгледа вкусно,само не ми е јасно колку време треба да се пече тестото..? )
Слатки Веројатно некои 30 минути, можеби и помалку. Вели ќе забележиш по тоа што крајчињата од пандишпанот ќе се одделат од тавата. Инаку за да си сигурна дека е готово користи една чепкалка. Збрцај ја во средината на тестото и извади ја. Доколку е сува чепкалката, значи внатре тестото е веќе печено.Ако не е, тогаш остави го уште неколку минутки. Јас за никоја работа немам поима колку време ми треба, од око се печам и правам и така проверувам.
Еве и јас ќе ви кажам еден мој рецепт..Верувајте ако пробате нема да ги згрешите слатките,не се кој знае што но се премногу вкусни,изгледаат како бомбици но се уште повкусни од нив *2 чоколади за готвење *450г. бисквити *крем бананчиња *Густи сок (по ваш вкус) *1 кеса шеќер во прав *кокос -Бисквитите се мелат,потоа во нив се додава шеќерот во прав,бананчињата се сечкаат на ситни парчиња и се додаваат,се додава малку сок (ама сосем малку,скоро на пола филџан),чоколадото се топи на пареа и се додава..На крај сето тоа добро се меша,се топенат рацете во млака вода и се зема по малку од тесто и се прават бомбици потоа се брбелаат во кокос. Спојлер Немој да се чудите ако кога го правите тестото ви изгледа суво,тоа на суво се меси,и не додавајте повеќе сок оти нема да излезат тие слатки кои што треба да се
здраво и од мене ... еве и јас да ви кажам еден рецепт за колачи 300гр фондант 300гр тааналва 300гр мелени ореви Cето ова се замесува и се прават форми како прсти,а во средина се редат урми.потоа се валаат во мелени ореви и се сечат на половина ама накосо и изгледаат како очи. Bерувајте превкусни се..... поздрав
Славица да не се многу тврди овие колачиња? Јас имам правени слични со мед, и како камчиња испаднаа , па сега барам некои што ќе може да се гризнат