посни бомбици 250гр шекер 125гр маргарин(кристал) 1лажица мала какао можеш и чоколада за готвење 1кутија бисквити мелени можеш и кршени 1чаша мелени ораси по желба можеш да ставиш 10лажици вода водата и шекерот ги ставаш да совриат па го го додаваш маргаринот,чоколадото и од кога ке се растопат го тргаш од оган и ги додаваш бисквитите и орасите и ги бравиш бомбиците пробај ги многи се убави
Ај да си прашам, затоа што кога ги видов рефератите на стефанија изгубив желба за вртење претходни страници. Сакам да си направам колачиња за на факултет како појадок. Значи нешто како бисквитни колачиња кои не се комлицирани за правење а излегуваат многу. Имам еден рецепт што секогаш го користам па да видам има ли некој нешто друго? многу благодарности
100гр. сецкани лешници 100гр. брашно 100гр. шеќер 100гр. маргарин ако сакаш да бидат кафени може и една мала лажичка какао (јас ги сакам бели) Состојките се ставаат во сад и се мешаат со рака да се соединат во ровко тесто. Потоа се става тестото во фрижидер околу пола час до еден час.Потоа расукај кора на намрсена површина и намрси ги и рацете со зејтинче да не ти се лепи, прави си какви сакаш фигури а може и само округли нареди ги на плехче обложено со хартија за печење и печи ги на 180 степени 5-6 мин. Пази зашто брзо горат. Пробај многу се вкусни, како домашни кекси мјам Поздрав!
За Тајгерлејди Берлински бисквити: 100 гр путер 100 гр бадеми 250 гр брашно 60 гр лупени мелени бадеми 150 гр шеќер 2 јајца 1 лажичка цимет Со миксер се матат брашното, шеќерот, мелените бадеми, путерот, циметот и 1 јајце. Тестото се размесува со раце и се развлекува кора. Се сечат тркалезни форми ( со чаша или калапче). Другото јајце се мати и се премачкуваат бисквитите. Бадемите се сецкаат и се нанесуваат врз бисквитите. Се печат 20 мин. на 200 степени.
Бадемов колач 150 гр миндали/бадеми(варени)мелени 1 јајце 3 лажици шекер 350гр брашно 1 ванилин шекер 125гр маргарин (се прават фигурки и се пече ) Фил: 500мл варено млеко , малку брашно, (млекотоп и брашното се варат па се ладат и се ставаат во другата смеса) 125гр маргарин, 1 ванилин шекер, 100гр шекер во прав( се матат)
Ај едни едноставни и од мене (по мое нешто си правев) 2чоколади за готвење ги топиш и во нив додаваш една лажичка капучино, и мелени бисквити, ореви и лешници(може само и со бисквити,по желба ) точна мера немав, редев дури не ми се згусна потоа си правев од нив топчиња и за секунда ги снемаааа, одма ги изедоа домашниве
Разлистав милион списанија и страни по нетов за обични колачиња со мед и никаде не можам да најдам класика рецепт, без ореви,бадеми и сл. Само овој го најдов http://www.limbo.mk/Zdravje-Hrana/Bozikni-Medeni-Kolaci ама тестото направено денеска треба да се пече дури утре, не ми се чека толку. Ај ако знае некоја нека ми пише рецепт,за стандард медени колачиња ...
Дали некој знае рецепт за приготвување на колачи со форма на детски стапалки(и каде ги има калапчињата зашто секаде барав не мозев никаде да најадам)
Калапот ќе го најдеш во оние занаетчиски дуќанчиња кои продаваат лимени работи како што е оној калап за толумби, модли и сл. Претпоставувам дека има во твојот град. Тестото е исто како за кифлици кои се замесуваат со млеко и одозгора се премачкуваат со жолчка и кога ќе се испечат и пооладат се премачкуваат со мед.
Ежови 2јајца 2чаши масло 2чаши млеко 2 чаши грис 2 чаши брашно 1 квасец(се меси) Еден дел е кафен ,а другиот бел. Се прават топчиња и на ренде се прават ежови. Стои за да стаса во тава се пече и се попарува со 600гр шекер и 600мл вода.
Нутела колачиња Фил - 2/3 шоља (шоља за чај/млеко оние од 250гр) крем нутела се меси со 65гр прав шеќер. Убаво се умесува и се прават 20-24 топчиња Тесто - 1 јајце, 125гр маргарин, 1 ванила, пола пециво, 2 шољи брашно, 50мл млеко и 30гр чоколадо за готвење. Убаво се меси смесата. Од зависност на брашното може тестото да прими и уште пола шоља брашно. Се расукува кора колку што можете правоаголна и се сече на коцки. Треба да добиете околу 20-24 коцки колку што имате топчиња за фил. На секоја коцка се става топче фил и убаво се затвара и оформува топче кое потоа со рака се плеска како плескавица (ама сум сликовита ) и од едната страна се посолува со сецкани лешници или бадеми, околу 100гр се потребни. Се печат на хартија на 200 степени а потоа се намалува шпоретот. Преубави се
Слатки со маст ½ маргарин со ораси да се испржи 350гр маст и 200гр шекер да се иматат со 2 јајца и 1 пециво и 1 ванилин шекер, брашно по потреба . Се печат и се валаат во шекер во прав.
Ем брзо ем вкусно Брз ролат со кафе ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 грама Шеќер во прав 100 грама Шеќер 150 грама Путер 300 грама Кекси 1 Кафе филџан/и 1 лажица/ци Какао 1 Жолчка/ки 1 голема лажица Шеќер во прав ПОДГОТОВКА: За кората (или црната смеса): во подлабок сад промешајте ги мелените кекси, шеќерот и какаото, па додавање на процеденото кафе замесете убава компактна смеса. Расукајте ја смесата на фолија или хартија за печење со дебелина од околу 5 мм. За филот: пенесто изматете го путерот со шеќерот, додадете ја матената жолчка и добро соединете. Со филот (или белата смеса) премачкајте врз кората и завиткајте ролат. Оставете го ролатот неколку саати во фрижидер, па пред самото послужување сечете го на кришки. извор : http://www.kulinar.mk/recepti/Brz-rolat-so-kafe.html
Ако може пишете рецепт за бајадера по можност без путер туку со маргарин.И без лешници,за ореви и бадеми не е проблем.Ајде вајда постои некоја бајадерка по моја мерка.Пишете ако знаете сакам да им направам на моите за велигден.
biggirlsdontcry еве еден рецепт за тебе, одма ми текна кога пиша што сакаш. На сите ви препорачувам, вкусна е многу бајадеркава: Потребни состојки за црниот крем: 150 г шеќер 100 мл вода 50 г чоколадо за готвење 125 г маргарин 150 г мелени бисквити 150 г мелени ореви Потребни состојки за белиот крем: 125 г маргарин 200 г млеко во прав 200 г шеќер 50 мл вода Начин на подготовка: За подготовка на црниот крем, најпрво ставете ја водата на оган и во неа додадете ги шеќерот, чоколадото и маргаринот. Откако ќе добиете хомогена смеса, во садот додадете ги мелените бисквити и оревите. Земете една тава, обложете ја со проѕирна фолија и сипете ја смесата, распоредувајќи ја рамномерно. За подготовка на белиот крем, на оган ставете ги водата и шеќерот и постојано мешајте, дур не добиете густ шербет. Во друг сад со миксер убаво помешајте ги маргаринот и млекото во прав и пополека почнете да го додавате шербетот, притоа мешајќи со миксерот. Белиот крем веднаш додадете го врз црниот, рамномерно распределен. За декорација, можете да стопите уште 20 грама чоколадо и да ги истурите врз белиот дел од бајадерата. Откако бајадерата убаво ќе се олади, исечете ја на коцки и уживајте во нејзиниот вкус. Ја најдов на Кафе пауза, ја пробав и мх, супер е. Инаку се вика Киндер бајадера и не е баш онаа традиционалната ама сепак е супер.
Рецепт за американски среќни колачиња. Потребни состојки -125 грама шеќер -200 грама чоколадо за готвење -малку прашок за пециво -200 грама маргарин -1 кесичка ванилин шеќер -300 грама брашно -1 јајце Подготовка Се мати јајцето со шеќерот додека не се стопи и ја добие потребната густина.Се додава пола маргарин и се изедначува,па се додава брашното,пецивото,ванилин шеќер и чоколадото кое треба да биде исецкано на помали парчиња.Се се замесува па се додава уште малку брашно и се прават топчиња. Топчињата се ставаат на премачкан плех.Се пече на 200-250 степени додека не станат како на сликата. Мислам дека и во овие може додека ги правите да ставите во секое по едно ливче со позитивна мисла или нешто напишано по ваша желба. По правило на колачите на судбината се ставаат. А еве ја рецептата и за нив. Потребни состојки -4 јајца -2 шолји шеќер -1 шолја зејтин -1 кесичка ванилин шеќер -3 шолји брашно -1 кесичка прашок за пециво -сок од еден лимон За фил -џем Подготовка Се матат јајцата со шеќерот,се додава зејтинот,сокот од лимон,ванилин шеќер,брашното,пецивото.Се добро се меша и се остава тестото да стои 30 минути.Се обложува плех со хартија за печење и се ставаат на него топчињата направени од смесата.Треба да бидат колку еден орев одприлика.Во секое топче се прави во средината дупка и се става џем.Колачите се печат 10 минути на 200 степени.Треба да останат побели.На крајот секое да се пресече малку со ноже од страните за да ставите порака.Пораките во помали ливчиња и секое завиткано во алуминиумска фолија и така да се протнат некако во колачињата.
http://www.ringeraja.mk/gospodinjstvo_recepti_recept.asp?ID=761 Повели... како бомбици се, ама вкусот им е како баунти. Тоа сакаше, нели?