1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колегијалност

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Тука може да продискутираме за колегијалните односи, за искуства со колегите, па и да се посоветуваме :)
    Какво е вашето искуство со другите колеги? Колку ви е важен односот со колегите за работната атмосфера?
    Јас сум имала секакви искуства. Кога секакви карактери треба да се прилагодат еден на друг, нормално е да се појават несогласувања и конфликти. Меѓутоа сето тоа не треба да излезе од контрола.
    Сепак, според мене односот со колегите е тој што ја создава работната атмосфера, па зависи дали ќе биде позитивна или негативна :)
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Давам се од себе да се дистанцирам од нив на приватен план кога чувствувам дека не се мирисаме најдобро.Карактерното контрење се трудам да не дојде до израз пред клиентите( во наш случај пациентите). На работното место се трудам да бидам крајно професионална и во главно "службено" да им се обраќам.Поимот љубомора меѓу колегите никако не е непознат , кога некој се вработил без никаков труд и грижа на совест , додека останатите се препотиле и молеле да стигнат дотаму , нормално е отфрлен и непосакуван. Но за доброто на сите ( а и онака не се може против тоа ) треба има соработка и од двете страни ќе бидне тимска работа.Доколку некој/а од колегите ми е посебно драг/а знам да се дружам и надвор од работното место , но одбегнувам озборување на останатите. Не сум вработена барем за сега , но одам на пракса во државна институција , и јавно се изјаснувам дека сум разочарана од односот помеѓу персоналот таму.Секоја нова генерација зема пример од нив , што е крајно погрешно.Понекогаш трпението и сослушувањето може многу да направи ;)
    п.с апел до сите здравствени работници , светот ќе биде подобро место со вашата насмевка :) ако државата не прави ништо да им помогне на оние на кои им е најпотребна , вие дајте го максимумот , доброто расположение и вам ќе ви го разубави денот :)
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Како и секаде, така и на работа, има колеги кои ми се драги, и има такви кои ми лазат по живци, ама се обидувам да сум насмеана и да не дозволам да ме извадат од такт.

    Имам едно лошо искуство со колешка со која премногу се зближивме за кусо време и си заврте девојката во глава дека сме најдобри другарки и јас сум нејзина сопственост.
    Од тогаш се обидувам да се држам на дистанца. Ако одиме на кафе, тогаш одиме сите заедно, не една со една.

    Се' на се' колегите знаат да бидат pain in the ass, ама факт е дека најголем дел од денот го поминуваш со нив, па направи барем да ти биде подносливо, ако не и интересно. ;)
    Машките колеги во секој случај се пофер, полојални, поинтересни и позабавни од жените. Секогаш, без исклучок.
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Со некои се дружам и приватно а со некои не. Како и да е, изгледа имам некојаси проклета среќа, ама сите до еден се погодија да се луѓе на место, а тоа мислам денес ретко се случува, и баш ми е милина да доаѓам на работа.
    Не секогаш може човек да си дозволи да се зближи со колегите, така да секогаш е поарно на почеток да се одржува некоја нормална дистанца од приватниот живот, а со тек на време секој сам ќе си сфати до која мерка таа граница може да се помести. Сепак за добро согласување на работното место е убаво да се имаат најнормални, коректни односи по можност и да не се создава загушлива атмосфера која може и те како да демотивира билокој.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Јас со колегите имам стриктно професионален однос. На поранешни места кај што работев се здружив со неколку колешки(што е и нормално по 8 саат заедничко работење), ама тоа ми се врати и ме гризна за задникот. Се што било кажано надвор од работното место, потоа беше искористено со лоша намера. Среќа немаше некои катастрофални последици, ама јас си извлеков добра поука од тоа.
    Е сега, така поучена имам строго професионален однос, не го дискутирам приватниот живот во фирмата, ниту пак излегувам со колеги. Си имам позитивен однос и така најмногу ми одговара.
    Лошо е да не зборуваш со некој, а да мора да работите заедно. И работата трпи. Затоа седи мадро да не седиш модро. Пријатели си имам, не ми треба работата за стекнување на нови :)
     
    На Beautymom и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    На работа се дружам приватно само со една колешка, а со другите се дружам , ама до одредени граници. Со еден колега што супер се дружевме , сега не зборам бидејки се закачија со дечко ми на ф.б за глупости. Инаку добро е да имаш дружба со колегите, барем кај нас, за да им побараш смена кога ке ти затреба , ако ништо друго :lol:
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Па и тоа со смените сега функционира на прицип, ако ме смениш ќе те сменам. Колку сакаш дружи се, еднаш да не го смениш, нема веќе ни да те менува. Ееее се е до интерес, џабе е дружбата :)
     
  8. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    На темава имам многу да кажувам, ама ќе се обидам на кратко да ви раскажам каква „тортура“ доживував на работното место. Значи работев во кафич, и тоа долго време, кога вработија една нова. Девојчето лично си немаше врска, толку беше глупа што не знаеше што е вотка, што е џин (иако ти пишува на шишето :lol: ), чајот сосе хартиената кесичка го правеше |( Претходно немаше искуство па сум ја учела се од кафе правење до чаши миење што се вели, за на крај кога доби „власт“ да ми враќа со лошо. Всушност, таа беше вработена по лепота, ја аресал газдата кој инаку е слон од 160 кг, и ја викнал на работа, и секако таа ги имаше сите привилегии, секогаш „најдобро работеше“, беше пофалувана, а врска немаше. Не зборува љубомората, таа навистина беше глупа како труп, појма немаше од ништо. И пошто му беше миленичка на газдата, си ги местеше смените како што сака, ме ставаа мене се втора смена, а таа си се местеше прва. Ми оставаше еден куп чаши за миење, несреден шанк, абе ми се идеше косата да и ја искубам! Ама каде што има сила нема правдина, што да се прави. Плус платата секогаш и беше доставувана на време, и тоа далеку повисока од мојата, просто на човек криво да му падне, кога знам каков труд вложува таа.
    После кога видев дека нема што да направам, дека му го лиже газот на газдата (а имаа и афера), се поведов по онаа „Ако не можеш да го победиш непријателот, здружи се со него“ :) И така и правев лице, и секогаш кога ќе сакаше да ми наметне три дена по ред втора смена, пријателски и пристапував и и кажував дека сум зафатена тие денови, и срам и беше да ме одбие , пошто нели „пријателки бевме“ :D Опасна лицемерка сум :$ :D
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Кај нас срека цела што сме на дневница , па ако му требаат пари ке дојде , иако до сега и кога не сум можела да сменам некого, не земаат здраво за готово , пак ми даваат смена , не можат вечно да се лутат, пак кај мене ке мора да се обратат кај ке одат :)
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    На претходното работно место бев најмлада, сите постари ме гледаа како дете и имав најпрофесионален однос, но ми недостасуваше муабет (поинаков од оној што ручек правеле дома и како им испаднал ајварот, малиџаното, туршијата...). Во глобала 8 часа на ден јас само слушав муабети.
    Ама во фирмава кај што сум имам преееееедобар однос со колегите. Во целата фирма владее многу одлична работна атмосфера, колегијалноста е многу високо ниво (не за џабе доби награда за најколегијална фирма :$ ), во мојата канцеларија сме четворица млади луѓе на иста возраст со кои уживам, а и во глобала сите колеги се млади луѓе, амбициозни, комуникативни, љубомора секако дека има, но речиси и да не се приметува.
    Сепак колку и да сме блиски има работи кои се само за нас, постои граница на нашето пријателство и иако тие часови на работа сме најдобри пријатели, сепак со никој приватно посебно не се дружиме.
    Посебно со една девојка со која имам најпрофесионален однос и тука се завршува. Секаде постојат црни овци |(
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ухххххххх колегијалност со машките - никаква ! Не е до мене, едноставно поголемиот дел од нив се толку недоквакани, неизживеани, прости, ги интересира се освен работата, само оговараат и мн мн мн други работи има.... Баш поради тоа одбивам секаква соработка со нив освен кога работата го налага тоа !

    А за останатиот дел од колегите не можам да се пожалам... Муабет, кафе, частење на работа-како сок или нешто благичко ( без скриени намери ), совети за подобро снаоѓање во работата (бидејќи професијата ми е малку деликатна )....
    Но со никој од нив немам контакти надвор од работното место... Нема потреба од тоа, доволно е што на работа се гледаме, па и надвор---е што ќе е многу -> многу ќе е :rofl: :rofl:

    П.С. Заборавив да ја споменам колешката..А зошто е тоа така? ]:) ]:)
     
  12. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Ма катастрофа ми е!!!!И тоа само на овоа работно место каде работам веќе 2 години.Незнам дали е до луѓево овде бидејки на предходните работни места не сум имала ама баш никакви проблеми со колегите!!!Лоша среќа ваљда.Тука само озборување и опструкции од секаква врста (станува збор за државна служба).Стварно се трудам максимално да ги избегнувам ниту се дружам со нив ниту имам намера бидејки не им верувам воопшто,-искуството со нив така ми покажало!!!
     
    На al-vik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ПАААААА што да ви кажам, во мојата мала фирма од 25 раб. јас сум најмалата колешка која води еден цел сектор. Втора работа е што работам во албанска фирма - нели каква иронија арно ама можам да кажам дека се по фер од нашиве газди. Колегијалноста е на највисоко ниво, како се поставиш во старт и заземеш одредена позиција така и ке си тераш. Уште од почетокот бев добро прифатена па до ден денес несум имала некој проблем.
     
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    На работа ми е супер, одлично се сложувам со колегите, тројца сме во нашиот дуќан. Сами си ги водиме обврските, имаме шеф , ама не ни се меша во ништо. Денеска не напушти едниот колега, си нашол работа за поголема плата :( , од утре нов ќе дојде , па ќе видиме како ќе се вклопи. Инаку се на се задоволна сум, греота е да се жалам ;)
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    леле ме погодивте со темава!

    имав две работи додека студирав и најодличен однос со колегите и најзабавен, исто така и на првава работа одкако се вратив во македонија. а сега оваа од кој што си се фалам со добра плата и све остало само тоа е негативно колегите :) работам со двајца мажи постари кои татковци можат да ми бидат ама ајде тоа не е проблем проблем е што уста не отвараат едно доброутро пријатно и чисто за работа ако треба нешто лелеее пуста јас зборлива таква навиката ми беше мн тешко на почеток мислев дека не ме сакаат ама такви си се . али преферирам добра работа и плата без колеги одколку колеги без плата , тие нема да ми носат дома за јадење.... ајде што е тоа е никој неможе се да има во едно нели :D
     
  16. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Кога ќе земеш во предвид дека на работа на некој начин поминуваш највеќе од денот,мислам дека е јасно дека сакаш тоа време да го поминеш убаво.
    Со моите колеги имам пред се професионален однос и сметам дека тоа е најправилно,со оглед на тоа дека мојата работа е тимска работа едноставно тоа не прави зближени.И да,сакам додека сум таму да пиеме кафе,да имаме една пријатна работна атмосфера,знаеме да се насмееме да се зезаме али се во една своја граница.
    Не практикувам со моите колеги да го поминувам и своето слободно време сепак сакам да го задржам оној коректен професионален пријатен однос и со мирна психа да доаѓам на работа знаејќи дека мојот личен приватен живот нема да ме дочека и таму!

    Знаеме некогаш да излеземе заедно ама тоа е во неколку месеци еднаш-сосема доволно!
     
  17. Dejana.M

    Dejana.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    411
    Некој ќе каже дека треба да се има строго професионален однос со колегите/колешките од работа,јас не мислам дека тоа е сепак така, од причина што секаде има малку дружба а ти ако се однесуваш многу “професионално“може да добиеш надимак-намќор!
    Иако мора да има мала дистанаца,макар и кога станува збор и за тимска работа....Добро е да се има граница до каде и колку.
    Едноставно и да сакаме да сме постојано насмеани и пријатни тоа не е возможно,работата носи често и стрес и притисок.....но сепак треба да се задржи добриот однос кон колегите,добро однесување,почит,ентузијазам....неможеме да работиме по шаблон,сепак пола од денот остануваме таму,дружбата е една,професионалноста друга,а колегијалноста е однос кој едноставно е непходен за работно место.
     
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Работам во мала фирма вкупно 8 вработени (од кои 2ца шефови и 1 човек-камера :lol: ) што значи дека сум под постојан надзор и контрола и немаме некоја голема приватност. Од таа причина односот ни е претежно професионален, но не заостануваат ни оние секојдневните шали и оговарања кои гледаме да ги сведеме на минимум кога сме под надзор. Приватно излегуваме еднаш во месецот (само колеги) на пијачка или ручек чисто да се испразниме од сето она што не сме можеле да си го кажеме за време на работното време, но скоро и да не зборуваме за приватниот живот, односно проблемите и плановите.
     
  19. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Поминав многу работни места имам со помалку,а и повеке колеги не памтам со некого да сум се скарала.Имало и одредени колеги и колешки со кој сум била многу блиска и со кој до ден денес си живееме.Сега пред два месеци сум на друг одел но истото работно место во канцеларија сме четворица од работа немаме многу време да се зближуваме но одлично фукционираме има шали,смеи,услужување едни помеѓу други можам да кажам добро е.Но таа колегијалност и работа од времето на социјализмот што ја имале нашите родители денес ја нема,колегите тогаш се услужуваа ''за фала многу''денес е се од некаков интерес постои љубомора и престиж за власт.Лично на работа од помладите колеги останувам во чудо кога не се помрднуваат од столчето или ладно ме одбијат за некаква ситна услуга за нив тоа е нормално,го нема осетот за повозрасен колега или со повеке стаж па да имаат почит и респект,додека кај мене лично тоа е многу изразено со повозрасните секогаш се однесувам со почит и сакам од тие колеги да научам бидејки се со поголемо искуство.
     
  20. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Ние сме 6 луѓе и се знаеме многу добро и затоа си збориме понекогаш и за приватниот живот. :)