1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колегијалност

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

  1. lost.in.translation

    lost.in.translation Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Се сложувам со многу работи, но што се случува тогаш кога постарите не ги почитуваат помладите?
     
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Нема колегијалност барем кај мене на работа,све се кодоши и гледа да те зезнат.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ауу мојата болна тема. :D

    Што се однесува до моите досегашни работни места во Македонијава, слабо колегијалност.
    Ма како слабо, не те гледа ко колега, те гледа ко ривал. Ако ти смести тебе нешто, го доживува како поголем успех од неговата добро завршена работа. Дури и кога волонтирав, дури и тогаш ме гледаа како опасност, да не збориме кога заменував една жена и кога ми беше јасно и гласно дадено до знаење дека откако ќе заврши нејзиното отсуство, за мене нема да има работа. И тогаш во мене гледаа некоја чудна закана, гледаа и мрмореа со негодување ако случајно некоја обврска сум ја завршила порано.

    Тоа таква една чудна параноја постои низ фирмиве, тоа е лудница.
    Кај и да е, ќе паднеме на ниво на Величенствениот, со отровните локуми. Серијата на која и` се смееме поради интригите за некоја година ќе стане пример за наше однесување на работа. :D Ќе се молиш да го преживееш следниот ден, a како? :D

    А има и чудни психи. Значи ако треба и тој ќе си го ризикува работното место, ама ете, од пусти ќеиф тебе да те зезне. Алоо? И ти имаш работно место и јас. Шо толку?

    Затоа јас, иако сум многу комуникативна, избегнувам близинa и комуникација многу многу со колегите/шките на работа. Им зборам од учтивост, после си се повлекувам. Ако забележам дека некој/а колега/шка сака да ми излезе во пресрет, или ми помага за нешто (шо се дешавало кај мене 1 у 100 колеги), наоѓам начин да им вратам со иста мерка.

    Смешно е, но со претпоставените секогаш сум имала, поколегијален, дури и подругарски однос за разлика од колегите. И битно ми е тие да знаат дека сум чесна, искрена, почитувам рокови и тоа. Па бар да си се свесни дека со моето одење губат, не добиваат.
     
  4. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Колегијалност??? Што е тоа ??? :D

    Кај мене во фирма, колегијалност има само кога се прават седенки во кафани.... во текот на работата нема, и на никој не му е тешко да те намести кај Директорот само за да си го спаси га*от |( . Пробав во текот на овие две години колку сум во фирма, да сменам нешто.... ама не бива, така научиле така и тераат :worried: . Тоа е, се додека не ми се укаже подобра прилика морам да си ќутам и да си трпам :( .
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Колку си во право за кафана,јадење итн,тогаш сите сме најдобри пријатели,колеги но во фирма се менуваат работите како што кажав погоре.
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Во која фирма да си, ќе има секакви луѓе. Некој ќе се погоди супер, некој не.

    На последното место каде бев, бев прифатена многу убаво од самиот почеток, некои од колегите одма ме викнаа за поручек, за кафе пауза, и имавме супер однос, навистина да ти е мило да работиш, а и времето ти поминува поубаво.
    Ех, кога би биле сите такви. Да си работиш сложно и ферски.

    А, други вработени знаеле да бидат скроз спротивни, да ти натоварат од работата, да ти ги префрлат грешките, да те озборуваат зад грб од инает, да се караат за ништо, да не ти речат ни добар ден, да те гледаат накриво, да ти љубоморат за ништо, да ти наредуваат, а не смеат да ти наредат, да ти мрчат за се... И со такви е тешко, досадно и напорно да се работи.

    Поубаво ми одело со машките колеги, повеќе имаше разбирање, а женските знаат да те гледаат накриво, пољубоморни се, позајадливи, оговараат за твојот приватен живот... Така се покажало кај мене.
    За возраста, некогаш поубаво ќе се разберев со 50 годишен, отколку со 30 годишен. Значи и годините ми немале многу врска. Иако со помлади поинтересно е на работа. :$
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Прво работно место ми е и во однос на колегијалноста воопшто не сум задоволна.
    Сите само шушкаат, делат дволични насмевки, а во суштина се егоцентрично настроени и чекаат само твој мал кикс за да отидат и да те наклеветат кај претпоставениот ( а со тоа и да се излижат кај истиот нели, да добијат поенчиња и да клечат почесто во канцеларија таму, подуени како пауни ).
    Здравото е најчесто мисловна именка. Постојано се зафатени, главите им се постојано забодени во некои листови, мнооогу работат луѓето, едноставно обичниот поздрав за нив е ту мач во целата таа ''фрка'', па така ти ќе си влезеш-ќе си излезеш, никому ништо.
    Имав еден период кога со неколку помлади колешки од работа , се дружев и надвор од работното место. Не за друго, туку ете да не биде дека сум недружељубива и дека ''се делам'' од останатите.
    И искрено ми беше грешка која ја исправив навремено. Оговарање, подбуцкување против други колеги, рекла-казала и ред други глупости кои мене искрено ме замараат - не благодарам!
    Строго професионален однос, некој неврзан муабет на пауза е и повеќе од доволно.
    Мене сега ми е мирна главата. Си имам јас малку, но за мене доволно луѓе со кои можам и сакам да бидам кога имам слободно време.
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ретки се денес колеги кои не ти мислат лошо, кои не љубоморат, кои те почитуваат.Денес бев приморана да се скарам со моја колешка. Неколку дена таа едноставно се настрви на мене , се нешто јас сум и крива ми се дере без причина .Ама денес коа ми пукна филмот :@ па кога јас на неа и се развикав :swear: Си знае колку можам да бидам трпелива.Не и е прв пат ама се надевам по она денес ПОСЛЕДЕН :lol:
     
  9. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Да сум го осетила и тоа на свој грб ,сум била во ситуација последна дојдена на тоа работно место и бев приморана да траам и слушам одеа до таму што ме пракаа и доручек да купувам признавам сум била потрчко.Да тоа боли и дома го истурав бесот.
     
  10. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    јас од мала работам и колку толку веќе сум искусила некои работи. значи колку подалечен си со колегите толку поубаво. значи муабет само службено. единствено каде што работев последно (ми недостига работата искрено) толку многу бевме сложни со една од колешките... значи шо и да направевме никој немаше шанси да дознае... се шо требаше само јас и таа. со поглед се разбиравме во буквална смисла на зборот. само што ќе и ги видев очите знаев на што мисли. ми недостига таа :) душичка беше... дури и кога јадевме а секогаш јадевме исто поголемото парче од срам ми го оставаше мене а исти беа само можеби едното повеќе збувнало од другото :lol: ептен ретко вака да се погодиш. а за другите :x
     
  11. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски

    Имав и ја таква душичка, ама кога ќе дојдеше редот да се пофали за заедничко сработено, идеше кај директорот и вели - СВЕ САМА СРАБОТИВ, НАЈДОБРА СУМ! и се дува ко паун!!!! како со ваквите карактери недозреани?????
     
  12. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Само глумење на лудило,дефинитивно непостои колегијалност .На секоја работна позиција има можност за докажување и истакнување со вложениот труд и знање.Се тоа би било нормално во нормални услови (бидејќи не сме сите исти со вештините) .Се раѓа љубомора и гнев потајно .....Затоа мислам и како Трендафилка што кажа во еден пост ,не постои другарство со колеги.Колку и да се трудиме секогаш ке има некоја пречка од работата :!: ...
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Кај мене во фирмата кајшто работам, до сега не сум приметила неколегијалност. Напротив, многу често знаеме да си помогнеме со знаење, или да се покриеме пред шефот, или да си позајмиме пари, да одиме заедно на доручек и сл. Не се дружиме приватно никогаш, но за време на работа имаме многу коректни, убаво и фер односи. Само со колегата што ја делам канцеларијата често знам да се забуцкам и расправам, ама па така ни е интересно :D
     
  14. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Не можеш да бидеш пријател со конкуренцијата- кратко и јасно.
     
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Постои колегијалност, ама се зависи од едуцираноста на вработените, нивната свест, во каква фирма се работи,... Колегијалноста е меѓу главните услови за пријатна атмосфера на работа и скоро никаков стрес на работното место.
    Сме се покривале едни со други при долги отсуства. Сме доверувале деловни тајни без да излезат од канцеларија. Ги делиме обврските. Пари и битни документи оставаме едни на други без да фали нешто. Разменуваме знаења и искуства. Поискусните ги подучуваат и упатуваат неискусните во тоа како да се однесуваат на деловна средба, кога да почнат со зборење, што смее да се каже, а што не или да се чува како џокер во текот на разговорот, говор на тело и многу други корисни работи. Волонтерите никогаш не сме ги потценувале, секогаш имаме другарски однос. Многу пати излегувањата за јадење завршуваат касно навечер во некое кафанче, ама затоа што знаеме дека утредента заеднички ќе ја завршиме останатата работа. Зборам за НГО канцеларија со помал број на луѓе. Во некои компании, а особено државни институции и фирми уште при прв контакт со работната атмосфера и вработените може да се осети дека многу нешта се одржуваат вештачки.
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Во дувло со прегладнети хиени постои ли простор за колегијалност? :D
    Односот ми е строго професионален, не се занимавам со рекла-казала, а се обидуваат да те наместат со глупави муабети, за да после се свртат против тебе, веројатно од немање работа, досада или чиста злоба.

    Токму од тие причини не се зближувам со никого. Имам пар блиски луѓе, но и со нив ретко дела работи од мојата приватност. Ми помина и роденденот и не кажав никому. Не ми беше за тоа честење, напротив, едноставно чувствувам дека не сакам да знаат ништо за мене. Што помалку, тоа подобро. :)
     
    На crazylady, tessie, Lexus и 3 други им се допаѓа ова.
  17. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Добив нова колешка,работи 2 месеци а овие газарициве се фини со неа како што никогаш не биле со мене,секогаш јас бев таа што заменува и пак некоја мана мора да најдат,ми стана криво пред некој ден,на новава и звони телефонот на секои 10 мин и си разговара а овие не преговараат,а јас иако ретко кревам,еднаш една другарка се јави на фиксен и газдарицава крена и иако немаше работа на другаркава и вели Есперанса неможе да разговара има работа и не ми ни кажа ништо ни кој ме барал,кога доаѓам да ја заменам газдарицава ми вели ќе ти платам такси што доаѓаш за мене а потоа се прави на 3ипол,ниту пари за такси ниту вратени часови за замена,неколку пати со такси ја имам префрлано до дома кога сум си одела и велела ти плати,е*ати скапаната газдарица е*ати
     
  18. differentmkd

    differentmkd Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    35
    Тука не станува збор за колегијалност...веќе се отвара друга тема односно различниот третман на работодавачот кон вработените што е исто така честа појава кај нас.
    Причините за тоа се од различен карактер иако праксата вика дека посебен третман добиваат оние вработени од кои се очекуваат шпиунски информации зошто со чест на исклучоци, ретко кој работодавач има доверба во вработените, колку и да глуми дека има...
    Не сакам да алудирам на ништо, можеби е друга причината во твојот случај за различниот третман....но како и да е, не си ставај на срце - дефинитивно е честа појава и за мене веќе сосема "нормална" :)
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Сигурно им изгледам недруштвена :D
    Постари се од мене, имаме скроз различни интереси, места на излегување, па и не многу заеднички теми, а и не гледам потреба од блискост, така што единствено сум културна, вртам неколку реда бош муабет во денот, заедно јадеме чат-пат и на толку е сведена цела комуникација :)
     
  20. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Проблемот во тоа што речиси сите се жалите дека нема колегијалност е единствено во карактерот на Македонецот како целина. Секако, генерализирам, но Македонецот е мрзелив и повеќе ужива во неработење и префрлање на вината и обврските на колегата отколку во работата. Ако тука ги додадеме ниските плати, себичните и претерано суетните шефови и газди и ужасните услови за добро завршување на која било работа надвор од канцеларијата (банки, шалтери и сл.) добиваме ситуација каква што имаме. ;(

    Во принцип, работодавците секогаш ценат кога апликантите за работно место во нивната компанија ќе напишат дека имаат тимски дух. Тоа сите го пишуваат, но речиси никој го нема. Тимски дух е всушност колегијалност, а колегијалноста прави обврските да бидат завршени. Компании без добар однос работник-работник и работник-шеф, може да имаат успешно салдо, но ретко имаат успешна компанија, зашто редовно имаат незадоволни вработени, па газдите може да имаат полн џеб, но имаат празна душа. :emo:
     
    На bernadett, vinozito1 и Abeja им се допаѓа ова.