1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колегијалност

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Кај нас на работа, претпоставените си забиваат нож во грб еден на друг, па хиерарски гледано, ништо подобро не може да се очекува во остатокот од пирамидата.
    Секогаш ќе има конкуренција меѓу вработените, тоа не може да се искорени, таков натпревар го зајакнува духот. Но пристојноста и взаемното почитување е она што е потребно на работното место. Се додека си пристоен и си ја гледаш својата работа, нема да влегуваш во конфликти со колегите.
    А секогаш постојат незадоволства и од работодавците и од вработените, но со со инает и сплеткарење, нема да напредуваш, само ќе се замразиш со колегите.
    Зависи од професијата, но некогаш колегијалноста може да прерасне во вистинско дружење и почитување но некогаш може само да биде лицимерно глумење добар колега. Затоа, според мене, не треба многу да се мешаат колегијалноста и приватниот живот.
     
  2. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    За жал во голем број случаи подбуцкувачи на лошите колегијали односи се самите газди или шефови. Сакајќи да придобијат вработни ( шпиони) најчесто они ги прават сите проблеми.
    Јас лично немам некој посебен однос со колегите. Секогаш службено комуницираме, понекогаш ке скршиме некој незврзан муабет, ама толку. Малку ми се чудни колегиве, не се наоѓаме на ист бранова должина, ама тоа е.
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Колегијалноста на работното место се поврзува со системот на општественото уредување.
    Во социјалистичкото општество имаше повеќе почит,амбиции и морални вредности.Секој ги знаеше своите работни задачи и имаше поголема мотивација за себедокажување.Духовната компонента имаше цена,а тоа можеше да доведе до колегијално дружење.За разлика од овој систем,во капитализмот владее суров натпревар за напредување и материјално богатење.Сопствениот интерес е ставен во преден план.Лицемерноста и дрското однесување на поединци се повеќе ги потиснува човековите вредности и норми.Колегијалноста и приватниот живот треба да се разграничат.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Кај мене на работа нема колегијалност, туку лицемерие. Со исклучок на 5 колешки. Останатите гледаат да те накодошат и да ти направат проблем. Голема љубомкра владее кај мене на работа. Со тие 5 колешки имам добра комуникација. Ама само на работа. Приватно не се дружиме. Со останатите сум само на здраво. Нема никаква атмосфера за работа.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.563
    Научете да не ги доживувате лично сите тие работи.
    Секој функционира со свои искуства и кој знае што му се врти во глава.
    Бидете учтиви, културни, не влегувајте во оговарања и цинкарења, вршете си ја работата најдобро што може и пред се не избрзувајте со проценките и она кое го кажувате пред да бидете убедени во нештото.
    И да...ако некоја работа се повторува, ве мачи, не ви дозволува да функционирате нормално подолг временски период, тогаш подобро е со избрани зборови да се соочите, отколку да оговарате. Нема човек кој не би се замислил на добро упатена критика, дури и едно - Не ми се допаѓа твоето однесување со мене, едноставно сметам дека не е во ред та ра ра ра, колку и да звучи клише ќе ви направи разлика.

    Мене смешна појава ми се шпионите и не ми оди во глава како шефот знае дека тој шпион е објективен. Па од свои причини може да уништи нечија кариера и да нема врска со реалноста. Сум гледала вакви работи и навистина ми било жал, ако преземеш иницијатива да се спречи, никој нема да те поддржи...

    Избегнувам приватни разговори, оговарања особено, ако ме прашуваат за наводна информација за друг никогаш не пренесувам итн итн... Да се сработи предвиденото, паужални неврзани муабети, фер однос, важни информации поврзани со работа, јасно и транспарентно пренесени за сите да знаат што се случува, никако криење заради сопствен бенефит (леле колку ме нервираат вакви, најмногу овде настануваат сите проблеми!!!), разделување на емоциите дома од работа и тоа е тоа.

    Колегијалност не ми е добро дружење, туку заедничко верување на остварување на иста, заедничка цел. За жал, тие луѓе кои ви забиваат нож во грб, ни самите не се криви што го прават тоа. Едноставно забележувам заради икс нанижани настани во оваа држава, повеќето се воспитани по тој принцип - ти си најдобар, никој не е подобар од тебе, секој за себе си гледа, гледај си и ти за тебе. Па не може да се креира личност која ќе биде ок колега кога цело време му било трубено ова.
    Па не, не можам да си гледам само за себе на работа кога работиме сите за одредена цел за која сите сме потребни вака или така. Не сум само јас и не можам само јас да направам механизмот да функционира. Не ги разбирам ваквите кои си гледаат само за себе... Ако би видела ваков во мојот тим, а сум шеф на тој тим, ќе лета по итна постапка.

    Сепак мислам дека ваквите глупи ситуации се карактеристики на големи хиерархиски структури (државни институции или приватни компании) каде има сектори со повеќе вработени кои сите вршат иста работа или процес кои претежно се повторуваат и се технички исти, со мали измени низ времето (нов програм за работа, подобрен принцип на работа, но суштината на работата останува иста) и едини напредок им е унапредување во шефче или контролор, па користат со подли работи за да дојдат побрзо до таа позиција. Не работат на проект кој завршува и секој има своја задача, па за да се борат да се сработи побрзо за да се дојде до сатисфакцијата на крај и предизвик за нов проект и така натака.
     
    На eliesaab, Hipster, DELFIN-15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    мене ми се има ова случено,и на многу други,шпиони ќе има но моќ нив им даваат газдите,газди со недоразвиени мозоци што не ценат труд туку кој кого повеќе го искодошил некој создаваат работна средина во која шпионите најлесно преку кодошење одат напред хиерархиски,ама глупи газди несвесни дека со овој потег сами гроб си копаат,и меѓу менаџерскиот тим често има битки за превласт во кој можат многу тие шпиони да подбуцнуваат за тргање од врвна позиција на некој,инаку колегијалноста е индивидуална карактеристика или си колегијален или не,сепак и односите помеѓу колегите многу влијаат врз колегијалноста,имам налетано на колегијалност и ми било убаво да ја примам и споделувам :) ама кога ќе подразмислам дали била од срце пружена од некој кон мене па и сваќам дека секој имал задна намера да оствари со пружање колегијалност,ама како и да е јас сум возвраќала со колегијалност и од моја страна,сега немам работа,и имав време да проанализирам многу нешта и заклучив нит ми треба нит сакам да сум колегијална,блискост на работа ни под разно,културен општ муабет и секој нека си брка работа за која е платен.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.260
    Допаѓања:
    124.754
    Работам во мала фирма каде сум многу блиска со колешките и колегите,заедно сме и на работа и во проватниот живот,и кога не сме на работа се слушаме на телефон.На почетокот една од колешките имаше улога шпиун,но кога сите почнавме да ја избегнуваме прекина со тоа нејзино шпиунирање,сега газдата се жали неможел да најде некој да ја брка таа функција :D Повеќе пати има пробано да дознае нешто од нас за другата,да не испокара со цел да не сме блиски или незнам што му е цетта,но ние се држиме една до друга.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Така е најдобро. Ако си близок, ќе те заебаваат. Така на мене ми правеа. Ама веќе нема да го дозволам тоа. Ќе гледам што е можно повеќе да ги избегнувам.
     
  9. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    На работа гледај си ја својата работа ,Викаат чувајсе од оние што ти се прават пријатели ,зашто со оние со кои не комуницираш ништо не знаат за тебе и неможат многу да ти наштетат бнимавај само на тие што ти се као демек пријатели,...
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Мене претпоставената почна да ми дели совети за тоа како треба да го живеам животот, ме прашуваше каде излегувам, ако одам негде со кого ќе одам, на одмор со кого, на викенд со кого, на свадба кога одам што ќе носам итн. Тоа многу ми пречеше, јас сум дошла да работам и да земам плата, а друго што и е гајле. Таа своите деца не може да ги контролира, мене ќе ми кажува. Јас сум самостојна од 21 год, а нејзините деца уште долго ќе бидат со статус “студенти“ и ќе чекаат од нејзе за џепарлак.

    Сега виде дека кратко и јасно и одговарам ако нешто ме прашува и веќе не ни прашува. Инаку многу се озборуваат меѓу себе колегите. Која била грда, која мрзлива, која што облекла, која каков дечко или маж имала итн.
     
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ја и моите колешки функционираме безпрекорно повеќе години. Работиме, соработуваме, си ги делиме обврските си помагаме и кога на една ќе падне товарот без да знае шефот ние сите ќе ја завршиме работата и секако заслугата е на тој кој ја добил задачата. Но тоа го правиме подеднакво за сите.
    Ние неколку од канцеларија сме топ, ама оние другите од страна за тоа и подалеку се држиме од нив. Подалеку од луѓе што немаат работа и што не знаат како да си го организират денот.
     
  12. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Јас мислам дека во работата се најбитни колегите,зошто ако имаш не фер и идиоти колеги ќе бидеш нервозна и напната и нема да сработиш ко што треба додека пак ако се фер и супер ќе бидеѓ весел и муабет ќе направиш и кафе ќе се напиеш и се ќе помине ок,моите колешки се се постари жени и сите се катастрофа некои се само фер од кои и мојата шефица многу ме сака со неа се гледаме и во приватниот живот одиме на пат заедно се гледаме итн и навистина е многу многу фер
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sinisa123

    Sinisa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    145
    Znaci mrazam licemerie i ogovaruvanje. Eve sega da vi kazam kako se licemreni lugeto. Na rabota se trudev mnogu okolu 1 godina bev zamenik shef, znaci ne mi dadoa dogovor deka sum unapreden kako shef tuku taka samo bez niso. Vrabotenite sto bea so mene vo smena mi praveja problemi ne sakaa da bidam zamenik shef, sum rabotel 2 smeni, sum ostanuval prekuvremeno, sum idel za praznici i za vikendi i ne sum se pozalil zaso tolku rabota i sega dojde nekoj si idiot i shto mi napravija mene me trgnaa od shef nego mu ja dodelea funkcijata shef i zaso sum se trudel tolku za nekoj da gi dobie site zaslugi. I ovie nekolku nedela epten sum nervozen znaci so nikoj ne razgovaram, nitu so moite shefovi site me orasuvaat sto e rabotata i ja samo si kjutam niso ne zboram dali da razgovaram iskreno i otvoreno so shefovite za da mi dadat objasnenie zaso me trgnaa od odgovornosta i tolku sto sum napnat i nervozen sto za da ne mislam sekoja vecher pijam alkohol barem me otpusta i me relaxira.Sto mislite vie kako da postapam dali da razgovaram ili ne. I ako razgovaram ke mi gi kaze istite sranja deka ne e do mene, ne e ljut nema problem i taka sto mislite vie
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    ми треба совет на тема колегијалност...
    нова сум на работа каде што сме неколку колешки од кои во исто време со мене дојде и едан друга ама она ич не се замара за работава и само ни ја трупа на нас останативе нејзината недозавршена раб.инаку има една поискусна колешка и она за се несработено од другава мене ми пререкува а јас културно и објаснувам дека треба да погледне подалеку од носот и да види дека другава не си доработува не јас.за ова од старт ме стави на пик....си работиме се,се случувааѕ ситници итн она отиде на одмор,а во меѓувреме шефот реши за поголем промет да нудиме нова услуга,а неа никој не и кажал и вчера доаѓа една жена и бара од таа услуга оваа вика немаме,и јас реков ја почнавме и женава и се врти и и вика неа ти нова си на обука младо ми делуваш?оваа пукна од нервирање ама услужи и денес имавме клиент што го договорила друга колешка од вчера ама ми се јави да го барам на мобилен да дојде да средиме со него работа и јас бркав се го барав на мобилен и кога дојде јас да сум била до тоалет и колешкава многу колегијална си ја завршила работата како да е нејзина заслуга.тешко ми паѓа да признаам дека намерно е неколегијална но ете мислење од друг добро би ми дошло или споделување на искуство и како да и ставам до заење дека не чини тоа што го прави?
     
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Виши зависи каква работа работите, како е подредена, дали ви мерат кој колку услужил клиенти- не можам да доловам, ама кој каков е таков е, не можеш да ги смениш лугето во работните навики ( да работат или не), тоа ќе го приметат шефовите. Можеш само да кажеш дека ти твојата работа си ја сработила, без да кодошиш.
    Друга работа, обично кога ќе дојде нов треба да е малку помирен, послушен а не одма да трча пред другите- ниту колегите ниту работодавците не ги сакаат таквите. Биди смирена, научи ги лугето, кој каков е, покажи ти дека си вредна, нека стекнат поверение па понатаму ќе имаш прилики да кажеш дали некој сработил или не и да ти поверуваат.
    Пак ќе кажам не знам за каква работа се работи и колку време работиш ама секако дека искуството си го прави своето, па слушај ги поискусните.
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Виши те читам во повеќе теми и едноставно стекнав впечаток дека проблемот не е во другите туку во тебе.
    Кој е изговорот за вц 2 мин работа освен ако не е нешто повеќе.
    Те читав некаде дека немаш работа, па сега имаш и пак не си задоволна.
    Незадоволството не потекнува од околината, туку од самата ТИ.
     
  17. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    ако не те бива да посоветуваш ич не зафаќај простор на оваа тема...а и ти ќе бидеш многу незадоволна на работа каде што платата ти зависи од процент а друг ти краде промет додека си од мака отишла до вц инаку читај поубаво ќе сфатиш дека имам најдено работа нова и навистина не се замариај со тоа кој што во која тема пишал според мене ми дечуваш ко да немаш личен живот и споредуваш кој што како пишал(не ми е во навредлив тон само некако ми делуваш баш ко да немаш свој живот кога анализираш кој што на која тема како пишал)
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не знаат сите да бидат меки во пишувњето, изразувањето и сите со исти ставови.
     
  19. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    еј ме просветли :lol: сепак на крајот неважно е само ми дојде неповрзано твоето поврзување на мои мислења на различни теми.ако ти е мерак да ме профилираш направи си таква тема ама мислам имаше тема за критики нешто така беше па таму пишувај тука воопшто не беше битно што сум мислела за други нешта од животниот тек.тука побарав совет како културно на колешката да и предочам дека не и чинеше постапката.
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Виши, олади малку. Полека со кавгите. Ова е форум, не сите совети ќе ти одговараат, на крајот на краиштата, давај си напатствија какви совети сакаш да добиваш. Заради ваквиот твој однос со одредени членки, скоро никој веќе ни сериозно не те сфаќа кога се жалиш за некој проблем. Секој ќе си помисли „ваква е и со колегите“ (еве конкретно за темава). Имаш преку 30 години, научи да прифаќаш и критика и добронамерна сугестија. Значи едно во животов треба да се научи, вината прво во себе да почне да се бара. Особено ако имаш проблеми со повеќе луѓе, не може сите да се грешка. Размисли, стави се на местото на колегите. Дали правиш нешто што доколку ти го прават тебе би се изнервирала? Исто и за односот со сите луѓе. Интриги на работа има секаде, а и плаќањето по процент/учинок и сл стана се` почесто па ете, луѓе работат, се снаоѓаат некако, живи се, здрави се, плата носат на деца... Такво време е дојдено, работникот се третира како лесно заменливо нешто. Потешко е да најдеш работа отколку работник. За едно работно место стотици аплицираат, ама не сите 100 ќе добијат работа. И затоа некои работи се толерираат. Се разбира со исклучок на работни места кои имаат мошне специфични работни задачи и за коишто е потешко да се најде работник.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.