Во право е @toogood , колегијалност не постои, поготово со млади колеги! Сум работела во 2-3 фирми предходно каде се сакавме и почитувавме со колешките! И дружење и приватни муабети и меѓусебно помагање имаше. Потоа се вработив во "осилото",во кое и сега работам - се млади луѓе но претерано себични, завидливи и понекогаш злобни!!! Незнам, можеби и јас имам мала вина, ужасен ворккохолик сум и сакам ред и дисциплина, не ги подржувам во секојдневното оговарање и кукање колку многу работа имаме а цел ден кафе се пие и со фамилијата се разговара на телефон! Секоја чест на исклучоците, има по некој и подобар но ... Порано им се нервирав многу а сега си терам моја работа и тоа е тоа...
Gi pocituvam kolegite i pomagam koga mozam Ako ne se staveni moite rabotni zadaci pod znak prasalnik SUM kolegijalna. Ne ozboruvam i ne sakam druzba so koleski nadvor od tabota poradi X pricini Se znae na rabota zosto se odi Odrxuvam korektni odnosi so site.
Колегијалност постои само кога им треба пство иомош на останатите, па јас треба да сум фината и да помагам како најмала таму. ( А сите со ист стаж, во ист ден примени ). Кога мене ми треба помош, не се спомнува ниту колегијалност ниту ништо. Сите некаде исчезнуваат, имаат работа наеднаш. Е сеа кога тие што исчезнуваат во такви моменти сметаат дека сме пријателки и сакаат да се дружиме и надвор од работното место....се чудам што им е филмот. Не подржувам контактирање надвор од работното место. Мислам, можеш да бидеш пријателка со една колешка и да се гледаш понекогаш и приватно, ама со сите не верувам. Ниту пак сакам да искачам со сите колешки - исто ко трета смена да сум пошла хахаха Личен пример, колешка од 50 години сакаше да ми се ували на моминска вечер, а јас не ја сметам за блиска. Знам дека целта и е сеир да пука па да си има тема за оговарање на работа. Спојлер Со оглед на тоа дека е од времето на Југославија, барем она би требало да знае што е колегијалност. А за младите колешки, најлошо искуство имам од Кумановки. Без навреда, можда јас сум имала среќа да налетам на 2 такви за кратко време. Абе си мислат ти глуп си, ко божем сите нив ги чекале државата да ја опраат Газат по други луѓе без проблем. Заклучок, денес секој за себе си гледа. Да си земе што поголема плата со што помала работа.
Се сложувам со тоа дека гледаат дека што помалку да работат, а што повеќе пари да земат. Треба да се размисли на кого се помага. Денеска му помагаш, утре ќе те згази и ќе те остзви без работа иако си поквалитетен од него.
Баш така. Јас се разочарав кога видов дека колешка со 13 години искуство зема за 1000 денари повисока плата од некоја која нема ни година дена искуство. И тие такви што ништо не знаат, само гледаат да се гнетат негде, да имаат некој што ќе им помага колку да си поминат ден за ден на работа, а кога ќе имаат можност први ќе ве шутнат.
Да праша едно нешто во 10 дена да разберам, ама во 1 ден десет пати да прашува за некои глупости е претерување.
Во Куманово 100. 000 жители, имаш „налетено“ на 2 од нив, ама веднаш ги карактеризираш сите Кумановки како најлоши...
Kako sto pisuva vo moeto mislenje, zboruvam samo za 2 kumanovki. Ne za site. Poznavam povekje, ama ne se zalam od site.
Најлошо искуство имам со Кумановки, така пишува во твоето мислење, иако имаш сретнато само 2 од нив, сите у ист кош ги стави
Немам само две сретнато, повеќе имам. Ако се пронаоѓаш во постот, твој проблем. Форумов е да се искаже мислење, а не да ми контрираш затоа што немаш друго што да правиш. Искажи си го мислењето твое и молим те не ми реплицирај.
Oд кoлегијaлнoст се пoмaлку oстaнувa Зa некoи пoстaпки вo Х ситуaции, oд кoлеги штo не сум oчекувaлa, сум oстaнувaлa сo пoдзинaтa устa А зa кoдoши дa не збoрaм, нервoзa ме фaќa oд нив
можеби сум од куманово па затоа се пронаоѓам,а можеби и не сум туку само ти РЕПЛИЦИРАМ затоа што не е океј, и да, немаш нигде кажано дека не мислиш дека сите се такви!!! И не, не мислам дека најлоши колеги се од Куманово, ни пак можам да кажам еј најлоши се од Скопје, од Кавадарци, од Струмица. Има карактери на луѓе што лично мене можеби нема да ми се погодат како колеги,а на други можеби ќе им бидат идеални, затоа оваа поделба овие се најлоши а овие се најдобри ми е катастрофа. и ќе реплицирам уште милион пати, затоа што ова како прво е форум а како второ ова што читате е мое мислење, И МИСЛАМ ДЕКА ТВОЕТО МИСЛЕЊЕ ГИ НАВРЕДУВА ЛУЃЕТО ОД КУМАНОВО,без разлика дали јас сум од таму или не Фала,чао, пријатно. п.с да се дополнам, можеби некој сака колегите да му помагаат,да му се наоѓаат при работа или слично,додека други сакаат да си тераат нивна работа и да не се мешаат. Сето тоа е индивидуално!
Колегијалност не постои повеке за жал, се е интерес, умилкување, дволичност и лигавење. Сакате запад и европа ете ви ги,таму сите се смешкаат а позади грб гроб ти копа ,поготово ако си преселен таму.Немој да мислите дека се многу културни и фини со тоа нивно смешкање и тенк ју, вештачки се и ладни, нормално со ретки исклучоци !
Треба да постои. Се е во тоа да се сработи и заврши работата што е предвидена и секој по дома или на кафица Посебно доколку е некој нов во фирмата и не знае уште ни кај тера оти никој не се родил со искуство во новата работа а и на колешките веќе вработени сигурно некој ги упатил/обучил и слично. Има и такви ќе кажат јас се сама се учев, трчав , работев па сега истото ќе го правам.. Помагањето секогаш носи некој плус и кај газдата и во работната атмосфера, побрзо ќе се сработи а и ти ќе можеш да се навратиш на почетокот и да ги повториш основните работи. И во секој момент да можеш да побараш помош или замена од другата колешка може ќе ти треба оти се се случува. Нема да помогнеш на една нова колешка, ќе види не може сама да се снајди ќе си оди, ќе дојди втора, трета на крајот муабетот се шири и во очите кај газдите не е тоа што си била пред три години пр. не е некој посебен до толку, па за само таа една со искуство да остани, а другите да не одговараат се се менува како времево што се сменува и фирми пропаѓаат и газди се менуваат и вработени се бркаат. Убаво е да се остани со добра слика. Највеќе сакам директен контакт со надредениот газдата на пр. Не сакам расипан телефон со колешки посебно со менаџери кои најмногу знаат да ти ги нарушат односите со фирмата и газдите во смисла самиот тој менаџер заради неговото непрофесионално работење може да те лепи тебе како ти не си сработил убаво може ви се има случено. Најголем револт постои кога некој ти ја знае платата ти колку си земаш и она завидливост испливува на површина па се прават споредби кој колку што како. Друже секој за себеси. Ти си го правиш договорот со газдата не новиот што ќе се вработи. Ако не ти одговара побарај покачување или оди си од тебе зависи. Математиката не му ја прави на другиот кој колку зема и колку треба да зема газдата ги дава парите не ти.
Јас многу сакав да помагам и да бидам добра со сите. На крај што добив?На тие што појма немаат им помагам секој ден и на крај кога почнаа да си кажуваат колку плата земаат, испадна дека земаат повеќе од мене и се жалат дека им се малку, а ништо не работат. Два-три дена бев многу нервозна и побарав покачување. Добив, ама требаше ли јас како дупло повредна од нив да барам за да добијам?Зошто никој не се сети на мене?Зошто газдата дозволи да бидам, во подредена положба?Тој што помага ќе го искористуваат, и како што вели една колешка “Не им помагај, утре заради нив без работа ќе седиш“. Точно е. Сите се прават паметни иако ништо не знаат. Јас да сум агзда такви неискусни и без волја за учење не би ги земала на работа, не па да им дадам повисока плата од некој искусен и тоа така на убави очи што се вика. Трудот не се цени, трудот се искористува.
Бидете си на дистанца од новите и поубаво ќе си поминете. Еве јас кога бев нова почетник во фирма со многу вработени, колешките ми правеа сопки намерно едно 4-5 месеци и после се докажав, па не смао што немаше сопки, туку и тие бараа услуги од мене. Не држат вода тие муабети дека газдата на фирмата ќе те сака ако им пчомагаш на младите. Сега живееме во време кога манипулаторите најмногу и најлесно супеваат. Утре ќе ви биде криво кога ќе видите дека некој што врска од живот нема зема повисока плата за кратко време.
Баш деновиве имав едно искуство од кое научив дека не ми се вреднуваат трудот и посветеноста. И не можам да си одговорам и да прифатам зошто мојот живот да зависи од расположението и дволичноста на некојси '' господа'' Патем голем поздрав до сите нив (ако не згрешив нешто со постирањето)
За среќа имам добра соработка со колегите. Си помагаме, се советуваме. Имам две колешки со кои сум многу блиска и кои се секогаш тука за мене, а и јас за нив. Се разбира има и исклучоци, голем колектив сме не може се' да биде сјајно.