1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колегијалност

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    21.999
    Пол:
    Машки
    Заборавил, машко сум. :D

    Инаку оговарањето не го земам при голема важност. Повеќе ќе му обрнам внимание на некого што директно во лице ми вели отколку вака на оговарање.
     
    На celineparis му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.814
    Допаѓања:
    80.646
    Пол:
    Женски
    Работната атмосфера многу зависи од односот со колегите. На човек или ќе му биде уживање работата или нема да му се оди, зависи какви карактери го чекаат таму.
    Мене, засега, ми се допаѓа како функционираме со колегите. Пријатни се, добри луѓе, приземни, има смеа. Опуштено е, некој и да дојде нерасположен, ќе се расположи. Нема тука намуртени фаци. :lol: Не очекував дека во ваков тим ќе се најдам. :sun:
    Муабети од зад грб се уште не излегле на виделина. :D
     
    На stetoskop, crazylady и Blue.Sky им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Сеуште стојам на истото.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.669
    Допаѓања:
    14.133
    Затоа јас на првото рабптно место имав стресови 6 месеци. Постарите не прифаќаат нови, пробуваат на секој начин да те наместат, накодошат, да те искористат и пак да те накодошат. Голема фирма, неколку души се улизуваа кај газдата и имаа секакви привилегии. Со претпоставен ретко зборуваш, а не пак со газда, а пак уште да се жалиш./ Маст ни вадеа, душа ни вадеа. Неспособни, само тоа можам да кажам. Доаѓа на работа со задоцнување од 15-20 минути, и врти од службен фиксен телефон, ја прашува свекрвата што прави детето дома. Потоа пола ден раскажува како е голема домаќинка, штеди, во состојба е леб да не јаде, па како се породувала. Уффф, мака ме фаќа вака кога се присетувам, какви ѓурбиња земаа плата и за што. Ние млади, научени да ги почитуваме постарите, будали. Сега да ми е, ич нема да заобиколувам, што мислам в лице ќе им кажам. Нема што да изгубам.

    Во Македонија е така, неработници се шлепаат на грб на работиците, па згора и ги кодошат.
     
    На eliesaab, Annora, celineparis и 1 друга личност им се допаѓа ова.