Ќе одите на коледе? Јас ќе одам. Можеби има ваква тема, ако има оваа оди в КАНТА... Коледе леде Паднало греде Удрило деде Баба го квачи Деде се мачи За две-три јајца кокошкини-паткини Коледе леде Ахахахахаха......Мислам дека вака беше нели?
^Норамално е ти на 11 год да одиш на коледе Не дека јас со 21 сум престарена, ама моето помина. Иако на пример дечко ми со 23/4 години се сеќавам цело друштво на полноќ одеа. Што значи нема правила. Но ете според мене тоа е за помалите. И убаво да си ја наполниш торбата утре.
Уште една песничка: Кој што спие нека стане нека месе колачиња за дечиња ако нема колачиња нека има јаболчиња ако нема јаболчиња нека има бомбончиња ако нема бомбончиња нека има денарачиња ако нема денарчиња џамот лета на парчиња. Ој Коледе!
Леле колку ми е убаво чуството кога ке ги слушам дечињата како ги пеат коледарските песни некоја топлина во душата осеќам и како во минатото да се навраќам преубаво
Коледе, леде! паднало греде, утепало деде. Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, паткини, шаткини! О. О. коледе! Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна, Христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.[2]
^И јас го знам ова, на правен факултет по историја ни го кажуваа. И тој ден се сметал дека тогаш сонцето најсилно греело. И според некои историски проучување, христијанството си го зело овој ден како за славење, но се верува дека всушност Исус бил роден некаде кон крајот на Мај. Оваа теза не многу се ширела бидејќи се смета дека многу лошо би влијаело на Христијанството.
Денес децата прв пат отидоа на коледе, не можам да ви опишам колку беа среќни Беа само во неколку соседни куќи и беа сами затоа што не ги познаваат децата од маало, или барем не практикуваме дружба, ама едвај ги донесоа работите кои им ги дале
Една од работите што ги сакам најмногу за време на празнициве се коледарите. Ама од оние малецките дечиња, со тешки торби, црвен нос и светкави очиња. Убаво рече Јагода во еден пост, се гледа дека за овој ден живееле. Лани имавме една непријатна случка за време на Коледе, дојдоа коледари тако звани магариња со по минимум 16,17 години и бараа пари. Како тоа и пари не сме давале у склоп со оревите, бомбоните, јаболчињата... ?! У реду је, ако сакате и по некои еуриќи ќе ви залепиме, само вие изразете желба Вчера си легнав ,,малце'' покасно и сабајлево не бев во форма да станам порано и да ги фатам коледарите . Како низ магла ми е: коледееее ледееееее ( - погласно бе, нема да излезат ). КОООООЛЕДЕ ЛЕДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ. Брат ми денеска по втори пат замина на коледе. Да видевте кои радости биле тоа .
На коледе одев до 8 одд. и знам дека секоја година едвај чекав да дојде и дури се случуваше да не заспијам вечерта од возбуда дете Сабајле коледарите кај мене дојдоа накај 6 и 20, само ми е криво што не ги видов туку само ги слушнав...
Одев до кај 6 то - 7 мо некаде...прејако ми беше, одевме јас, брат ми и другарчињата во комшии што ни се, ќејфој бевме, одвај ги носевме работите дома, сега веќе пораснав и не одам ама се би дала да се вратат тие времиња
И јас одев до 8 одделение.Цела вечер не можев да заспијам. Но како што доаѓаат годините барем кај мене во малата се помалце деца шетаат за коледе.Жалосно!
За жал ја немав таа среќа да одам на коледе зошто немав со кого.Со децата од маалото не се дружам,а сестрите се поголеми .Лани дојдоа неколку дечиња,сега никој.Толку ли пораснале со 10 год. да не одат .Не дека сум поголема нешто од нив,ама секогаш иделе по неколку,па затоа ми е чудно.Сепак Среќни празници !
Одев на Коледе до петто оделение.А сакав бе повише да одам,барем уште шесто.Ама за жал бев малку повисочка од моите врсници,и во една куќа каде што појдов ми отворија и само ми рекоа: -Магарице една зарем те личи тебе на коледе да одиш. И јас со плачење си заминав дома. Инаку кај мене во градот не даваат оревчиња,јаболчиња,мандарини и тие лебчињата што ги викаат коледарчиња.Мислам барем јас не сум налетала на таква куќа каде што даваат.Уствари,ми имаат дадено ама ретки се.И ако им дадеш на коледарчињата од овие работи уште ќе ти презборат ќе ти речат а пари не давате? Годинава ги слушнав коледарчињата,само што ептен ми е жал што не е пееат цела песничка.Туку викаат само коледе,коледе.Како и да е.Сепак убав празник Најмногу се радуваат најмалите.
Мене ми се нема тоа случено, но со братми имаме налетано ко помали јас 2одд, тој 4 одд. и во една албанска кујќа (неразбиравме доволно изгледа дека е албанска) и жената ни излезе со стап не бркаше од тогаш гледаме кај ојме.. Иначе до 7одд одев на коледе, и така ниска и слабичка си бев и другарките исто