Само што ги испратив коледарчињата. Најмалото беше мн слатко,си зело кутија поголема од него и пее душикча
На денешниот ден прости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ, погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди, тогаш тивко кажи Христос се роди! *Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божиќ, Христос се роди! *Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди. *Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди! *Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов! *Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божиќ – Христос се роди! *Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и касмет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!
Kako mali za raka so brat mi i odevme tuka niz sosedive, zivi radosni bevme koga kje ni dadoa paricka pa doma oddelno si gi prebrojuvavme i sekogas ako nekoj od nas imase pomalku, dedo odma nadomestuvase Sega im peeme na tato i mama so deka sme volkavi golemi i nie sme deca Jas spremna sum za utre kiflicki, bomboncinja, jabolki..
„Пеат деца пред врата: KОЛЕДЕ ЛЕДЕ ПАДНАЛО ГРЕДЕ УТЕПАЛО ДЕДЕ.... (излага домаќинот на врата) - Коледе не е тука, го продавал кучата.“ Се пресмеав.
Најголемиот христијански празник и најубавиот според мене. Порано како помал, едвај чекав да дојде Бадник и да одиме да пееме Коледе. Скоро пола населба ја вртевме. Дома се враќавме да земаме нови ќеси. Полневме по 3-4 ќеси. Сега на ред е јас да ги пречекувам нив.
Со душа ги чекам коледарчинјата да ми дојдат и да ми ја испејат коледарската песна,Осекам топлина во душата кога ги слушам како пејат .Едноставно се навракам во минатото кога пеев јас.Па чуството е преубаво ,ах сакам да се врати тоа време.
Годинава машала имавме точно 49 коледари Мислам дека ова ни е рекорд. Ѝ викам на мајка ми: Ти па како ги изброи сите, така поспана Ама по паричките се ориентирала, зашто на секое коледарче му даваме по една 10 денарка. Секоја година мајка ми од Слатката куќа купува најразлични чоколатца, ама сабајлево го пратила татко ми до продавница зашто не ѝ стигнале Најмалите ги пречекав и јас, имаа околу 4 години, уште не ја научиле песна, ама срциња беа
Порано ПАРИ се правеа на коледе али тоа пред некои си 15 години а после тоа се помалку и помалку пари даваат луѓето, некои немаат а некои се стиснати маму им јебем.
Јас како мала неможев да заспијам навечер за да не се успијам сабајле бог да чува и да пропуштам коледување. Големи мераци беа тоа кога одевме на огинот, а се погоди и оваа година да бидам на оган. Огините се палат за коледе и василица. На почетокот на годината кога се овие два празници луѓето палеле огнови се собирале околу нив и пееле “мрсни“ песни верувајќи дека на овој начин ќе ги избркаат лошите демони и ѓаволи од по селата и околината. Демек тие бегале од огин и песни. Исто така со цел да ги заплашат духовите се облекувале во кожи од животни и така преправени со звонци во рацете правеле врева и трчале околу куќите. Тоа се познатите џаламари а таа традиција се уште се негува. Како и да е многу интересни обичаи ми се овие.
Кaкo мaл мнoгу реткo oдев нa кoлдеде. Кoгa ќе ми текнеше декa требa дa стaнувaм уште вo ниеднo време и нa лaднo дa шетaм, ниту чoкoлaтцa, ниту пaри не ме зaлaжувaa. Гoдинaвa пa кaј мене никoј не дoјде. Тукa вo мaaлo децa не oстaнaa.
Најубав период од годината ми беше тоа. Не заради друго, туку заради парички. Одевме од куќа до куќа и пеевме и собиравме по некој денар. Интересно беше, мислам дека кога тргнав некаде 5то одделение престанав. Ми беше срам веќе. А инаку, исто како и кај @Ketchup , и ние немавме коледари, не само оваа, туку и минатите. Најверојатно јас и Кечо живееме во некоја забутана населба.
Го обожавам коледе само што дечиња нема сите пораснаа, а и тие што се мали ги е срам да одат. Јас како мала колку одев па кога ги наполневме торбите одевме до дома да ги испразнеме и пак продолжувавме. Не се ни сеќавам кога последен пат кај нас дошле дечиња, а сакав да дојдат носат некоја посебна радост со радост би им ги полнила торбите.
Ајде убави кажете ми што спремате утре за коледарчињата..? Поубаво на купче се да ставам или даа направам како пакетчиња ? Со душа ги чекам утре милички дечиња..
Зависи колку дечиња ќе ти дојдат... Кај баба ми одат помалку (6-7 дечиња) па сама им прави пакетчиња, а кај нас доаѓаат многу повеќе па не е изводливо да им даваме пакетчиња, туку се на куп е ставено... Посни крембананчиња, нешто овошје, парички, бомбончиња.
Јас годинава им направив пакетчиња мали со машнички (црвена и зелена) кесичка и внатре има : -Бонжита, штрудла, мачмелоу, бомбони, паричка -Тортичка, чоколадно стапче во форма на дедо мраз, едно стикче киндер чоколадо, бомбони, паричка -Тортичка, чоколадно стапче од бело чоколадо во форма на ангел, крем банана, бомбони, паричка Решив да прескокнам годинава костени ореви мандарини бидејки сите тоа ќе им даваат, па сакав блачко, јер дете на блачко највеќе се радува. ..
Како помала одев на коледе. Се собиравме друштво од маало, одевме од куќа до куќа и ја пеевме коледарската песна Коледе, леде! паднало греде, утепало деде. Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, паткини, шаткини! О. О. коледе Со радост ги чекаме коледарите утре да дојдат и да ни пејат, а ние да им дадеме костени, ореви, парички, бонбони, овошје, чоколатца