САМО 30тина деца. Ситница За арно за убаво, ме сотреа утрово уште од ноќ, ама уживав да ви кажам право. До 12 одеа..
Ние за коледе со мајка ми купивме од една евтина српска продавница што ја има кај нас крембананчиња од по два денари чоколадца од по 5 денари смоки од по 6 денари и соленки од по 3 денари и мандарини и костени и направивме од нив како мини пакетчиња во кесичка со машничка за секое дете
Пред некоја година мајка ми земаше се си мислам од Тинекс... Годинава немавме. Во посебна паковака, не како тие обичните, е сега дали навистина беа посни или така пишале за да се продаваат, не знам Нека е на арно нас како мали ни даваа и обични крембананчиња, па си ги јадевме. Годинава коледарчиња од 7 сабајле почнале кај нас да доаѓаат, и дури до крај 13 саат уште пееја. За огромна пофалба е организацијата на поворката со коледарчиња низ сите градови а и пејачите колку убава преработка направиле на песната Вечниот Бог Да се наежи човек додека ги слуша.
Ние за коледе со другарчињата шетавме последно кога имавме 9-10 години,не беревме пари туку исклучиво бисквити,а бевме толку радосни и одејќи од куќа на куќа пеевме Коледица,меденица и по неа иде Василица За Василица исто не беревме пари,туку колбаси,а се радувавме ко да бериме злато па колбасите ги јадевме живи по пат,и ни стомак не болеше ни ништо.... Ех,беа тоа убави детски,наивни времиња... Кај нас,сега не поминаа коледарчиња,а очекувавме да дојдат барем неколку,арно што братучедка ми дојде да донеси пакетчиња за внуците,па и ние за нејзините деца пуштивме пакетчиња,но не е тоа тоа,друго е кога на врата ќе ти дојдат коледарчиња и ќе ти пеат,а ти ќе гледаш како се радуваат од срце за ситници.
Кај нас слабо идат коледарчиња, па не ни спремам дома пакетчиња за нив. Како мала одев на коледе со друштво. Ги поминувавме сите влезови од нашата зграда. Повеќе пати доаѓавме дома за да се растовариме.
Не. Не е католички, туку грегоријански. Покрај католиците исто е и за православните Грци, Бугари Романци
Како мала Коледе беше “доживљај” за нас децата. Сабајлето блуза, џемпер пижама и јакна. Од дома ни кажуваа до кај да одеме у маалото јас помала си идев со парички алва со какао, дома истурат торбата радости печење костени.... Туку песната сеа ја видов на првата страна и ми е чудно и жално зошто песна со дедо и баба како се мачат и јајца во ден за пост??? Мислам песната нема ништо поврзано со празникот ни пак убавина во неа. Ние пеевме вака Трк ткр Коледе Кој спие нека стане Нека месе колачиња Ако нема колачиња нека даде оревчиња, Ако нема оревчиња нека даде коштанчиња, Ако нема коштанчиња нека даде бонбончиња Ако нема бонбончиња нека даде динарчиња... КОЛЕДЕЕЕЕЕ Мислам песничката има и логика и е интересна. Секогаш тетките излегуваа и ајде да видеме шо имаме....
Ние за коледе не беревме пари како што дечињата берат денес пари и други благи работи, туку ни даваа исклучиво бисквити, таков некој обичај имавме А песна која ја пеевме беше оваа: Коледица-меледица и по неа Василица и така во круг и после во извикување коледееее Ех што убави времиња беа
Коледе ми беше омилено како дете, не сме спиеле вечерта пред да одиме од што толку го чекавме денот. Од 5-6 години мислам почнав да одам. Интересно ни беше многу, ептен ме навраќа на детство и убави спомени Коледе. Со тек на годините се помалку Коледарчиња има некако. А интересни ми се многу кога доаѓаат и пеат, а дечиња малечки Коледарчиња па леле преслатки.
Деца коледарчина баги години немам чуено да зазвонат на врата што е жалосно како згаснува традицијата полека полека. Кога бев мал до кај шесто одделение беше пракса да се оди на коледица со спилјон, свеќа во спилјонот и икона. Ноќта на 5ти се одеше и се даваа пари а другиот ден утрото за Бадник се даваше овошје и храна. Исто и за Василица се одеше пак со спилјон и икона. Жалосно што изумреа овие традиции и на младиве денес детството им се претвори во социјални мрежи и некои нови изопачени трендови наместо да растат со религијата
Имаше многу коледари денес, конкретно низ Аеродром, штета што не се спремавме повеќе за нив и немавме ништо освен пари да им дадеме, ама за до година ќе знаеме..
Незнам за другите градови Битола одамна мртво пиле не пее можда едно 5-6 години сигурно дали дека во куќа се преселив да живеам па помалце доаѓаат кузнај можда ги има уште не можам со сигурност да тврдам ама баги време не зазвонале на врата а живеам во строг центар
Мнг го сакам коледе празников и дечиња што пеат рано сабајле... Ама...... Секоја година имам спремено за коледарчиња и со цело срце ги чекам од сабајле! Живеам во голема зграда и има мнг деца...ама за жал до сега ниту едно коледарче немам начекано Во зградава доста од родителите си се дружат едни со други и децата си ги собираат и си идат кај тие станови каде што си се познаваат меѓусебе. Јас сум секогаш културна и нешто мнг муабет немам со луѓево (да не има и нас срамежливите и на постари години) ама не ми е јасен моментов и искрено и ме растажува...сите се познаваме во зградава, сите имаме културен соседски однос, бувкално идат само кај тие луѓе со кои што се дружат....вака и децата ги изолираат од другите од зградава и малку ми делуваат....како затворен круг...не ми е јасно
Ако толку ти значи традицијава и стоите добро со комшииите, направи муабет со нив, објасни им го ова, кажи им дека многу сакаш да дојдат и кај тебе. Не верувам дека би те одбиле. Ете ти и начин да ја надминеш малку срамежливоста (во добра насока).
да бев само изолирана јас сигурно ќе мислев дека е до мене проблемот ама пошо бувкално сите од зградава освен тие што си се дружат се изолирани мислам дека е до нив и си прават како им одговара Искрено малку ми е невкусно да го коментирам ова слободно бидејќи карактерно не ги познавам доволно и не би сакала некој да се навреди (затворен круг се) Можеби ако даде господ да имам дете па да им се придружи па тогаш да имам можност да ја објаснам ситуацијава ......а можеби и ги штитат децата да не се разочараат ако не им отворат врата....стварно не знам
Небитно е кој бил изолиран и чија вина е Агнес. Сите добивате. Не мора карактерно и не знам како да ги познаваш. Секако дека треба да има некаква прилика, муабет за празниците во лифт? И да се монструми, кога станува за свои деца не верувам дека би сакале да имаат уште некој кај кого ќе направат „крукче“. Можеби тоа ќе биде начин да ја продлабочите комуникацијата... Ти посакувам да имаш деете, ако сакаш, да, ама можеш и да уживаш во традицијата и пред да го добиеш. Кога те читам вака, ми доаѓа да речам, ајде да се замениме за еден ден, кај мене има многу, а не нешто ми значи целата таа традиција...
Сметам дека си затворен тип на човек и според мене треба повеќе комуникација со станарите за подобро да те запознаат. Не е ова некоја лоша одлика и не треба ова да те плаши. Вака со само ,,добар ден, како сте", ништо не правиш. Зголеми ја самодовербата во себе и комуникацијата со останатите станари и тие ќе почнат да те прифаќаат. Претпоставувам дека имате и вибер група, па можеш и таму да бидеш поактивна. Можеш да се смениш да те прифатат и тебе во тој круг. Возраста не игра улога во срамежливоста. Направи ги овие промени и следниот бадник ќе ни пишуваш тука како ти дошле коледарчињата и кај тебе.