1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колекционери

Дискусија во 'Слободно време' започната од velesanka, 17 февруари 2011.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    Дали сте колекционери? собирате ли некои вид на предмети?
    како мали верувам дека сите собиравме детска пошта, солфетки, значки и тн..
    сега познавам луѓе кои се колекционери на магнети за фрижидери, привезоци, поштенски марки...

    јас почнав со собирање четкички од маскари :D .. кога ке ми се потроши маскарата, тубичката ја фрлам, а четкичката ја мијам и си ги собирам во еден цилиндар.. :))
     
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    колекционери

    :D Доста интересно и необично. А од друга страна и многу глупо....мислам, колку видови различни четки може да има

    Јас собирам книги, мада тоа и не се баш рачуна.
    Едно време пробав да собирам мириси - парфеми, малека за тела и такви ствари, ќе ги потрошев и на крај оставав по малку, ама забележав дека после некое време на прарфемите им се менува мирисот, млеката се расипуваат....и така се откажав

    А сега (веќе 3-4 год) собирам карти од концерти и журки на кои што сум била и ги лепам на ѕид
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Велешанке, темава ќе ти ја однесам во Слободно време. За таму е :)
     
  4. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Јас порано собирав шарени салфетки уште ми стојат дома . ама сеа не собирам ништо :)
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Јас па никогаш не сум собирала ништо:ни салфетки,ни детска пошта,ништо само албуми со самолепливи сликички. :D Не знам ич да чувам,се губам,абре за нигде сум!
     
  6. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јас како мала имав многу албуми - од сите цртани кој како беше актуелен.
    Собирав салфетки, ги имам уште ми стојат под кревет.
    Сега не собирам ништо затоа што сум пренатрупана од тоа што го користам, а не пак и да колекционирам нешто. Се фрлам што не ми треба.
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Како мала собирав салфетки, сеуште ги имам, 7 полни папки во едно најлонче по две салфетки. :lol: Дури и купував по цело пакетче шарени само за да се менувам, па едно време од Хрвстска ми праќаа. :D Ехеее. :lol: :)
    Собирав и детска пошта, а и љубовни пораки. Од трето одделение имам две полни тетратки со пораки. :D
    Во план сум да почнам да собирам шеќерчиња, интересно делува. :D
     
    На anelchylola и Chocolate.me им се допаѓа ова.
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Како помала правев најразлични колекции - од детски пошти, салфетки, па се до албуми со сликички :)

    Моментално правам колекција на магнети за на фрижидер. Имам обичај секогаш кога ќе отидам некаде надвор од Скопје, безразлика дали е тоа во странство или во некој друг македонски град, да си купам магнетче :lol:
     
    На anelchylola му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Освен стандардните детска пошта, салфетки и опаковки од бонбони :D јас и сестра ми собира(в)ме поштенски марки :) Доста интересно е, имаме преку 150марки од скоро цел свет, сите ни донираа, другари, комшии, роднини :D немаме една иста марка, сите се различни а и има и некои моооогу стари од времето на баба и дедо :)
     
    На anelchylola му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Како мала собирав детска пошта и салфетки (Сеуште си ги чувам) Во кутијата со салфетки и денеска си ставам по некоја нова, но не сум фанатик како некогаш.
    Порано собирав и картички од телефонски говорници кои подоцна ми се најдоа многу. Во средно направив фустан од картичките за изложба во музејот на кале :)
    Татко ми и мајка ми собирале поштенски маркици и значки. Значки не можев никаде да најдам па колекцијата си остана таква каква што си беше. Купчето со поштенски марки се зголеми знаевме по некоја нова со сестра ми да присобереме, но и тоа не траеше долго.
    Ги собрав сите можни албуми со самолепливи сликички.
    Инаку ако некогаш некој ви пратил новогодишна честитка, а вие никогаш не сте ја добиле виновна сум јас :$
    Секој Декември и Јануари месец интензивно одевме од зграда во зграда со сестра ми и крадевме честитки.
    Имав собрано мнооооогу. Де музички, де обични ма секакви. Пораснавме се уозбиливме и престана и тоа.
    Сега сум колекционер на кугли со вода. Секоја кугла ми носи спомени и си има своја приказна. Ги обожавам, но не сум но со ова опседната бог знае колку.
     
    На anelchylola и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Како мала собирав салфетки и украсни лифчиња кои сеуште си ги чувам. Собирав и сликички од касандра нели во минти мастиките ги имаше :lol: . Сега собирам монети. Имам стари пари од времето на друже Тито, стотинки, динари, леи, бани, липи, долар, круни и незнам други не ми текнува :wasntme: .
     
  12. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Салфетки сеуште собирам и кај и да отидам на гости ако забележам салфетка што ја немам ја зимам. Покрај салфетките собирам и кактуси, имам повеќе видови, малку ми праат проблем коа треба да ги пресадувам али преживувам некако.
     
    На anelchylola му/ѝ се допаѓа ова.
  13. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Колекционер сум на накит! :D - Шала на страна :D Сега не собирам ништо, порано собирав детска пошта и салфетки и многу се радував кога ќе си ја зголемев колекцијата со нова салфетка :D, незнам сега кај ми се, изгледа сум ги дала на некој :| Мајка ми во нејзино време има собирано поштенски марки и имаме еден цел албум дома, ама мене не ми е интересно марки да собирам така да си остана на тоа што она го собрала :D

    Познавам луѓе шеќерчиња собираат, тоа ми е интересно :) (ама не доволно и ја да почнам да собирам :D )
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    И јас збирав салфетки како мала. И детска пошта нормално. Исто така збирав срчи, затоа што мислев дека се дијаманти :wasntme:
    Сега сакам да збирам пари ама никако не ми успева :lol:
     
    На viki44e, NelChe и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Собирам шишенца од парфеми,карти од секакви настани,концерти,кино претстави,театарски претстави итн итн,шеќерчиња и свеќи.
    Сите спонтано започнаа и така и се одвива.Не сум страствен собирач,туку ете,задоволство ситно ми е кога ќе си добијам плус во колекциите кои навистина не се мали и имаат посебно место во еден цел шкав и не ми сметаат ич.
     
  16. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Како мала собирав салфетки, ги имав најразлични и најшарени, донесени од сите краишта на светот... Неизбежната детска пошта и албумите со самолепливи сликички, посебно на Сара Кеј, Животинско Царство и Паркот Јура се сеќавам. Иначе собирав и сликички од фудбалери, знам дека бев заљубена во Саво Милошевиќ и имав 20 дупли сликички од него (мада истата слика 20 пати, којзнае што сум си мислела :D ). Собирав и џамлии... Не за џабе моите мислеле дека ќе бидам машко, морав некако да го оправдам тоа :rofl:
    Денес, како и повеќето феминки, собирам билети од концерти, претстави и сл. Исто така собирам најразлични списанија и си правам колажи, собирам миризливи свеќички, собирам железни парички... И така... Тоа е тоа :D
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Собирам стикери во боја, засега имам жолт, розев и зелен, па ќе видиме понатаму.
    :D

    Сериозно, колекционирам книги од постари времиња, нормално, не се занесувам дека ќе најдам прво издание на таа и таа книгичка, ама ме исполнува задоволство кога од уличните продавачи ќе откопам некое издание од '79 год. Радост. ^_^
    Честитки по повод родендени, дипломирање, било каков повод за славење, сите грижливо ги чувам во кутија.
    Да ја фрлам или затурам, мене ми е еднакво како да сум изгубила дел од личноста која што ми ја подарила честитката со убави желби.
    Венчиња за коса.
    Не дека многу ги носам, ама ги колекционирам.
    I am a Blaire Fan. ;)

    Како мала го обожував мојот хербариум, ама во една од големите преселби...
    Се распадна. :(
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Како мала собирав салафетки, детска пошта, албуми со самолепливи сликички

    ( сеуште ги имам албумите од Млади бунтовници и Изи мизија :$ )


    Сега собирам миризливи свеќи, шишенца од парфеми, најразлични моливи, чаши, честитки за родендени... влезници од концерти, поважни настани
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Собирам монети, секакви - стари, нови, од секаде и солидна е колекцијата - не се жалам :D, детската пошта, слфетките и албумите со самолепливи сликички од типот Барби, Покемон, Млади бунтовници си ги чувам уште.Имам огромна колекција на обетки, се наоѓаат дури и такви од времето на мајка ми и баба ми, ко манијак сум по обеткиве - видов ли некои што ми се допаѓаат, одма морам да ги имам :devil:
    Имам и колекција на беџови, ама чудни се некако ко фигуричка залепена на игла и се ставаат во посебни албуми, а убави се ептен, sвездички, кругчиња, срциња, секакви облици и бои - инаку колекцијата ја добив од баба ми, таа ги собирала како мала. :)
     
  20. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    како мала собирав се што можеше да се собира украсни ливчиња, салфетки, обвивки од чоколади, сликички касандра, детска пошта, албуми со смаолепливи сликички, едно време и марки собирав па потоа тргнав в школо па почнав да споменарки да собирам и да ги пишувам во една дебел тефтер па постери, флаери ....
    се чувам само повеќе не се под креветот туку во подрум
    сега само ги чувам картите од концерти и рецептите што ги има по весниците ги сечам и лепам во мојот бележник со рецепти