Јас од почеток на 5 до почеток на 7 одд. собирав налепници во албуми за слики. Имам 3 големи полни албуми и сеуште си ги чувам.
Јас собирав салфетки до пред 6г тоа беше атракција можеби е и уште ама си стојат така дома кој сака дојде си зема си се игра инаку немам некоја идеја што да собирам а ни време ама ако ме заинтересира ќе се најде
И јас четкички собирам Собирав салфетки, ама веќе ги фрливме.. И збирам Некои писма, некои карти од настан.. Некогаш ќе ме потсетат на нешто.. и некои други работи само не ми текнува
Во моето рано детство како и поишето од вас, собирав салфетки. Ги имав зачувано и откако ги израснав тие детски желби, но затоа подоцна со нив усреќив две мои мили близначки. Денеска... собирам најлончиња, мали, големи, шарени, ма секакви, и да биде иронијата поголема го приметив тоа дури откако нивниот број значително се зголеми
Кога бев малечка, собирав салфетки, етикети, најразлични сликички за по албуми и слично. Но, сега веќе не. А и немам ништо зачувано од тоа што го собирав.
Јас како малечка собирав салфетки со наразлични дизајни и мотиви, и детска пошта. Сеуште ги чувам салфетките во картонски кутии, во подрум. Не можам да ги фрлам или подарам на некој, многу ми се драги сеуште.Ех ми фалат тие безгрижни денови кога си менував детска пошта со другарките...
Како мала собирав салфети и уште си ги чувам,имам многу и порано баба ми ми носеше едни од Франција како крпи беа..и ден денес знам да ја земам кутијата и да си ги разгледувам А сега си собирам кесички имам разни дома и сите ми се посебно драги и си ги чувам во една поголема кеса..мајка ми стално ми вика што ги чуваш дај кога ке идеме негде на роденден или слично ке ставиме нешто во нив..ма јок не ги давам мои си се И си собирам картички од автобус у папка ги чувам незнам што ке ми се ама ете несакам да ги фрлам.. Имам една фиока и во неа се и сешто бутам..се приврзувам за скоро се и се ми е посебно на некој начин па да можам ништо не би фрлила..
Аааа многу сум сакала да собирам некои ствари , ќе почнам со шеќерчиња . А исто почнав со онакви отварачи од лименка , хахах интересно ми е
Заборавив нешто . Собирам школки , отварач од лименки ( има некој друг ? ) и влезници за кино , концерти .. Собирав етикети и фискални сметки и со сестра ми ги исфливме , уф дечишта , се нервирам . и така
порано собирав детска пошта, цел пакет имав, собирав парчиња од шарени тоалетни хартии(не ми се смејте ), роденденски тањирчиња, стикери, етикети, и од све тоа само салфетките ми стојат уште во кутија
Нема што не сум собирала (собирам) салфетки , честитки , покани , оние хартиени тањирчиња украсни , чашки исто така , детска пошта ,постери , карти од концерти ,журки ,музеи, порано си купував и налепници имам мал милион и такви за споменари и оние за телефони , плика , ливчиња тие за пишување писма , од свадби оние како бонбончиња што ги даваат тие со машнички , беџеви , школки , етикети ,пакли од разни видови цигари , нешто од ова уште собирам ,можеби ке се смеете ама кога одам по гости обавезно уште си земам салфетка , има уште некои работи сигурно ама не може да ми текне сега ,од мала сум многу по вакви работи , абе по книжари киснев секој ден , ако треба нема да јадам ама си купував нешто ново за колекцијата
Како мала собирав салфети и ги чував во огромна кутија и си ја носев со мене нон стоп Сега само карти од журки што сум била и празни шишиња од парфеми
Колекционер. Од минатата година почнав да ги собирам етикетите од различни парчиња облека. Собрав голем број на разновидни етикети, и можам да кажам дека сум горда на својот успех. Сега, имам над 300 етикети. Да ми се множат.