Најнова шема ми е собирање на разгледници што ги добивам како поклон од патувањата на блиски луѓе или пак сама што ќе си ги купам...сеа кај и да идам не се враќам без некоја убава разгледница од местото!
собирам шеќерчиња од на кафе кај што одам,потоа собирам салфетки но не од оние украсните туку со натпис од кафана, ресторант,сендвичара кај што сум била и сл. А да, смешно, но си ги собирам картичките за надополнување на припејд кредит. Ете ум
Никогаш не сум собирала ама баш ништо. Добро де оние 20-30 фискални сметки што ми стојат во новчаник одредено време, ама тоа е додека не ми текне да ги фрлам. Што знам никогаш не сум ја гледала поентата во ова хоби. Не ви сметаат такви дрангулии во собата?
Јас порано си собирав украсни салфети.Сега,ама апсолутно ништо не собирам. Ми сметаат некои такви работи дома и фаќам ги фрлам.
И јас собирам етикети но не оние внатрешните,туку оние поголемите каде што ја пишува цената и можам да кажам дека имам многу убави
Од неодамна почнав да собирам собирам опаковки од чоколада, за неполн месец имам околку 40 и тоа сите различни
- Разгледници од патувања; - Карти од концерти, дискотеки и сл. - Шеќерчиња (ова сега брзо го почнав, сеуште немам многу собрано)
Голем колекционер сум јас , како татко ми од мала, се уште чувам, салфетки, тоа ливчињата шо се разменувавме, слики од Касандра и Есмералда ( и други има незнам кои беа ) , ќесенца мали со слики од цртаните филмови, исечоци од Бритни Спирс цела тетракта од тоа големите, не ми текнува шо имав друго .... Сега собирам само карти од концерти кај шо сум била . Додека не ми текне да се зафатам со нешто друго
Заборави претходно да напишам дека собирам и магнети. Моментално на фрижидер има десет магнети. Кога и да одам во некој друг град, купувам 1-2 магнети.
Собирам мини парфемчиња - оргинали. Сигурно ги знаете сите, најчесто ги даваат како подароцни низ парфимериите, а може и да се купат на фришоп во кутија со по неколку примероци. Пред две години дови едно на подарок многу ми се допадна и решив да си правам колекција. Засега имам околу 20, тешко се наоѓаат, а несакам да ги дуплирам. За да ги купувам од фришоп не ми се исплати, скапички се, а за тие пари можам да купам шише од 30 или 50 мл парфем, така да ако ги начекам некаде на промоција да се даваат ко подарок или слично, а имам и другарки низ парфимериите па ме снабдуваат и они кога имаат Многу посимпатично ми изгледаат од големите милитражи.
Порано собирав разгледници, а сега веќе неколку години купувам уметнички дела и акварели од местата што ги посетувам, обично од улични продавачи или антикварници (ама да не се многу скапи ). Не е голема колекцијата, но е исклучително драга и сум горда на неа.
Страсен колекционер на -ситни сувенири од патувања -шољи од патувања -салфетки (уште од детството) -мали пакувања од мед (или медчиња како што си ги викам) -празни шишиња од пафреми -и колекционерство на граница со клептоманија (но што да правам кога пијам кафе без шеќер)
Како дете собирав украсни салфетки и детски пошти и редовно сите можни сликички за албуми што ги имаше( Сара Кеј, Покахонтас......) Сега собирам магнети за на фрижидер, потоа собирам пенкала и го полнам албумот на Животинско царство.
Леле Ти се придружувам тука. Еден куп ги имам, се‘ различни. Кога ќе се сетам дека ги имам шетано и носено од низ цела Европа (подалеку не сум била, инаку сигурно и од подалеку ќе донесев) и редовно ги проверував да не се скинало некое и да не се истурило.