Јас не собирам многу работи, но тие што ги собрирам како очите ги гледам. Колекционер сум на филмови, дома имам рафт во кој што се сортирани по жанр и по тоа колку ги сакам. Може да се каже дека имам околу 100тина, кој јас лично си ги режам, кои сум ги купила... Тие ми се најголемо богатство. Имам исто колекција на цедиња со музика, и таа нон стоп расти. Досега имам само хаус и хип хоп музика, сега ја надополнувам со ар ен би и рок музика. Цедињата ми се сите посебно во паковки, и кога правам генералка сите паковки ги пребришувам. И и јас како Лилит збирам од концерти карти, влезници од кафичи во вечери кога сум си поминала топ, и си пишувам на мали налепници што се случило таа вечер, збирам фискални од пијачки на најлудите пијанства... Салфетки, детски пошти никогаш немам збирано. Не ме привлекувале од никогаш
Како мала собирав салфетки, сеуште ги чувам и кога имам некоја интересна ја дополнувам големата колекција. Би ги собирала активно сеуште, но проблемот е што нема со кој да се менувам, тие што ги знам не собираат Инаку сега имам друга страст колекционирам шишиња од вина, ракии..направив добра колекција. Секаде кај што ќе одам обавезно купувам по некое, интересно, уникатно шише. Дечко ми зошто почесто патува без некое вино не си доаѓа. Инаку немам мерак да ги пијам, тука така колекција да ми бидат, а ќе биде Спојлер заебано ако почнам да ги пијам, се пијана ќе бидам
Собирам кеси и каталози за облека. Да се разбереме, мислам на убави хартиени кеси од бутици и сл, си имаат и посебно место во собата, ставени се една во друга по големина А каталози ни сама не знам колку имам, особено од долна облека.Не излегувам од бутик без каталог, па и два ако треба за секој случај.И кога ми е досадно си ги разгледувам.Пред неколку години мајка ми по грешка ми фрли цела кеса со каталози, една недела и се лутев.Сега среќа пак се надополни, ама за тие уште срце ме боли, како што се менува модата којзнае колку ќе ми беа интересни сега
Па како помала собирав салфетки, сега собирам писменца дали од св Валентајн, од час што раздаваме и ги чувам во една кутија, а имам и многу многу свеќи во различни облици бои, ама нив мајка ми ги собира xD
Како мала, како и сите други, и јас собирав детска пошта и салфетки А сега свеќи во најразлични форми, марами имам околу 60тина, и маски, онакви за на ѕид Знам дека е малце необично, и секогаш кога некој ќе ми дојде првпат на гости, се чуди ама ми е гајле, јас ги обожавам
Како мала собирав шарени салфетки, значки а сега собирам чаши од оние големите ги имам над 50 и сите се различни... го обожавам
Јас како мала собирав салфетки и ливчиња, но потоа ги дадов на братучетка ми кога пораснав.... Пред малку време почнав да ги собирам испранетите шишенца од дезодоранси, ги имав сите на НИВЕА и ФА, но мајками чистела и сите ги исфрлила, ке си умрев од мака.... Инаку татко ми собира значки, стари пари така да можам да му се придружам, во последно време почна да собира и шекерчиња но не му успеа....
Kako мала собирав салфетки -стандард за сите како малечки ,и сечев сликички од весници од познати и ги чував После почнав со собирање на шеќерчиња за кафе,и ден денес ги собирам имам еден куп,одсекаде ,па и моите блиски знаат и секогаш кога се надвор од државата или пак ќе видат некое интересно на кафе ми го носат понекогаш пред гости си се перчам со дупликатите шеќерчиња,па им ставам во тацната со кафе такво шеќерче...
Јас па како мала никогаш не сум имала желба за детска пошта,салфетки и такви ствари Ама па сега кога ги гледам богатствата на другарките криво ми е Ама затоа па сега си правам колекции од шољи Многу си ги сакам,имам 15тина и уште планирам да купувам.Не гледам да се некои скапи,важно ми е да се впечатливи и интересни
Како мала собирав салфетки,сега ништо,осве лакови кои ги купувам многу неможе да се каже колекционер бидејќи брзо се сушат ама купувам и тоа многуу ги имам сите бои
собирам шољи за кафе ,чај ги имам премногу ,незнам кај да им најдам место..ама кога ќе видам убава шоља не можам да и оддолеам а да не ја купам Спојлер
како мала собирав сачфетки но сега веќе не.. исто така собирам пари..бидејќи со играорна шетам многу..и од секоја држава носам по една банкнота & шеќерчиња
Паааа...собирав салфетки како мала додуша како и секое мало девојче, и уште си ги чувам тие поубавите, и капачиња од кока-кола, пепси, спрајт каде од 100 капачиња и повеќе, ми остана само едно капаче пепси. Инаку сега, си собирам камчиња во зависност каде ке одам на одмор, сега за сега.. Црна Гора, Хрватска и Турција. како и разни чаши за кафе, чај. Последната ми е,
Порано собирав салфетки имав најразлични видови , сум собирала пенкала во боја, обични, светкави имав еден куп , сум собирала шарени пликови , стари монети , но сега ништо не собирам
Jас сум страсен колекционер на парфеми кога ке ми се потрошат си ги собирам во кутија и кога чистам си ги мирискам,па продолжувам да си работам исто така си собирам картички,за роденден,за веридбата,за свадбата,кога се роди керка ми понекогаш си чувам од поважни настани,концерти,престави,тие што ми биле поинтересни исто така нонстоп купувам саксии-цвекиња,некои семиња,опседната сум со градината е незнам дали и оваа спага во колекционерство,ама ајде сакам да споделам
колекционер на чаши онака интересни необични. секогаш кога ќе отидам некаде надвор од државата или тука кога ќе ми падне нешто во очи веднаш ја купувам. најдраги ми се рељефните каде е нацртан градот инаку обожавам стрипчиња тоа ми го наметна мажулето и нема месец а да не си купиме нели нов број и си ги складираме и не сакате да знаете колку имаме. од одмор се враќаме со уникати цели пакети
Како мала нормално салфетки, и етикети од облека, ги имав преку 100 сигурно кој и да купи нешто етикетата кај мене Си ги собирам сите кутии од мобилните И списанија собирав, ми беа сите наредени по месеци имав џој, убавина и здравје и јуник, еден огромен куп, ама ги фрлив сите минатата недела