Собирам шеќерчиња! Почнав пред десетина години, па по неколку години престанав, сеа продолжив. Само што, мала бев тогаш, да собирам сега така интензивно мислам дека би се преплавила со книжни кесички полни со сласт! ) До сега имам осумдесетина различни, плус којзнае колку дупликати... Иначе порано собирав и листови за пишување писма, салфетки, па и детска пошта. Сеуште се тука.
Ја сум клептоман од секаде зимам шеќерчиња, си имам земено и цевки и од оние импровизиранине пепељари у мекдоналс =) сеа сериозно, освен шеќерчиња не собирам ништо, ама и не сум некој голем фан, ама ете, мерак ми е некогаш кога имам гости уз кафе да донесам и такво. Мајка ми знае да каже ќе ти купам цело кило да не се брукаш ако те фатат. А иначе знам да чувам и по некоја кутија од цигари ако не се од кај нас...
Порано собирав сликичиња од детска пошта и салфетки, имав илјадници собрани, ми носеа роднините од странство секакви салфетки, кадифени, свилени....мислам стварно преубави. Ама интересот за тоа со време минуваше, не за џабе рекле старите дека се си е до времето. Сега одкако почина дедо ми почнувам да собирам запалки (упаљачи по нашки ), он имаше собрано огромен број, јас си одбрав неколку убави и интересни секако колку за спомен и ке продолжам со колекционерството
Како мала собирав салфетки, ама пред некоја година другарка моја обожаваше салфетки, шарени, еднобојни, со цртежи и затоа што отиде во странство и ги подарив Сега за сега ништо не собирам.
Како мала собирав детска пошта, салфетки ( а и до ден денес кога ќе видам некоја убава салфетка си ја ставам во кутијата )
Сум собирала детска пошта како мала, и салфетки секако, во огромен број ги имав. Сега веќе ништо не собирам.
Кога бев дете собирав шарени салфети, детска пошта и сеуште ги чувам. Чувам баш се ! Писма од другарки, честитки што сум и ги праќала на мајка ми за 8 Март, песни, цртежи, шишенца од парфеми, креми и многу други работи
Како и сите собирав салфетки и детски пошти, албуми со самолепливи сликички и тетоважи од мастики. Собирав и постери со брат ми, сакавме цела соба да ја излепиме со постери и постојано купувавме BRAVO списание, ама дури ги собравме ни помина желбата и постерите почнаа многу и да не ги ставаат така да престанавме да ги собираме. Незнам дали и ова се вбројува во колекционерство но собирав и вицови ,ќе прочитав некаде некој интересен виц или некој ќе ми каже и јас веднаш го запишував во тетратка ама која повеќе не ја чувам . А сега збирам етикети од облека сега брзо почнав така да имам собрано само дваесетина.
Кога бев помала, собирав салфетки, самолепливи сликички за во албуми...и слично. Имав големи „колекции“, но сега ништо не собирам.
Свеќи-шарени, миризливи, светкави, секакви собирам... Порано собирав поштенски марки и свеќи, ама ми стана досадно, па веќе не ги собирам, само уште си ги чувам
како мала собирав салафетки и детска пошта, собирав постери, сликчиња од познати, имам две кутии од патики полни со бојци, фломастери, моливи до пред една година редовно купував тин-шема секој четврток и имам 87 броја сега не знам дали излегува уште моментално собирам беџој од бендови и имам околу триесетина и ондак то
Како мала собирав салфетки и шноли.Ги имав илјадници.Сега се некаде на таванот,си берат прашина А сега сум страствен колекционер на лакови и марами. Лаковите ги имам во секаква можна боја.Иако некои се исушени.Им ставам еден силен ацетон но не трае подолго од една недела Марамите ги имам долги кратки,со шари,без шари,со реси и без реси,секакви.Ги обожавам.Ги имам преку 50 и планирам уште да собирам
Порано собирав салфетки, детска пошта, сликички од мастики, играчки од киндер јајце (од овие ден-денес уште собирам). Сега пасија ми се лаковите за нокти
Како мала собирав салфетки Сега собирам миризливи свеќи и камења. Аметисти, оникс, жад, хематит, аквамарин, килибар, сафир, топаз... Ги имам мнооогу и најразлични. Прво ги собрав тие за хороскопските знаци па сега си ја надополнувам колекцијата. Вистинска опсесија ми се, било да се само каменчиња било да се на накит.
Собирав стари парички, дедо ми има своја колекција, па си реков да почнам своја. Ама ми здосади, само ги чувам неколку. -.- Моментално не сум почнала никаква колекција, би сакала да имам колекција од 10ки, ама ќе почнам наредната година.
До пред некој месец собирав лакови Ги имав премногу и по толку години собирање во момент на радост ги фрлив тоа се случи кога мајма ми ми купи нови лакови и јас од радост ги исфрлив сите стари
Јас собирав моливи имав околу 150, од најразлични места низ светов, кај и да одеа мои познаници покрај другото секогаш ми купуваа и молив до пред да заминам на факултет ја имав колекцијата, после брат ми ми ја „раситна“ заедно со свеќите што ги собирав и сега имам уште 10-15 останато од сите тие... за жал.. ама ќе си најдам друго колекционерско хоби наскоро