1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колекционери

Дискусија во 'Слободно време' започната од velesanka, 17 февруари 2011.

  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Како помала собирав салфетки, постери, сликички, па дури и налепниците од пијалоци.
    Сега конкретно ништо не собирам, но приметувам дека ми се собираат шишарки дома. Ако видам некои доста интересни и на некој начин необични, ги земам.
    Собирам и шишенца од парфеми, но ако ги начека мајка ми - им нема спас. За неа тоа е непотребно ѓубре кое зафаќа место. Мхм, така е. |(
    Не сум определена кон едно нешто. Собирам се' што има необична форма, изглед.
     
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе ви звучи чудно, но собирам детелини со четири листа. :)
    Како мала пред зграда во дворот наоѓав секојдневно, и собрав околу 20. Ми стана интересно,па од тогаш до сега еве уште си наоѓам и си ги собирам, дел ми се ставени во книги за да ја зачуваат формата, дел ми се во една кутија каде што си чувам мои работи.

    А да се сетив и уште нешто. Собирам и етикети од облека што си купувам, некој така поинтересни, не сите..
     
  3. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Колекционер сум на разгледници. Секогаш кога некој пријател, колега и секако и јас кога заминувам во странство сите ми донесуваат разгледници. Имам собрано преку 200 различни. Сега почнав да собирам и магнетчиња за фрижидер, ама веќе собрав 30-тина и немам повеќе место :(
    Како и да е, рзгледници собирам, ако некој патува негде, нека ми купи, :D :D :D ќе му кажам адреса за да ми ги прати :*
     
  4. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Колекционер на салфетки, шеќерчиња,разгледници(класната моја бифша коа иде за франција или на одмор негде обавезно ми праќа),етикети..парички..:D :D
     
  5. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Порано собирав салфетки, детска пошта, мали кесички (уште ги чувам), а сега сум колекционер на привезоци, ланчиња и свеќи :)
     
  6. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Како мала собирав салфетки со најразлични бои и шари...
    Сега собирам магнети за фрижидери, потрошени шишенца од парфеми, текстови по списанија и слики за Justin Bieber...
    Скоро се собирам.... :D
     
  7. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Како мала почнав да собирам салфетки ама некако не ми одеше, собирав миризливи ливчиња, некако само од себе незнам по некоја случајност од кај и да отидам си собирам шеќерчиња и дури по ова сватив дека имам скромна колекција од шекерчиња, собирам и книги кои ги обожавам, обожавам да си купувам шољи за кафе,чај, и магнети за на фрижидер и тоа од скоро почнав да ги собирам убавки ми се и си ги сакам :)
    Собирв како помала и вицови ке прочитав некој ке ми се допаднеше и ке го изрежев или ке го напишев во тетратка сега сеуште си ги чувам и некогаш знам да си седнам и да ги читам Ч)
     
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Јас сега си собирам ќесички шеќерчиња од кафичите... Колку само имам украдено ехееее

    Ама си ги ставам дома во убава стаклена чинија и многу убаво личат :)
     
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Собирам шољи за чај... еве дел од мојата колекција
     
    На mims-89 и Hipica им се допаѓа ова.
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Еј паметам како мала собирав салфетки(не дека сеа не собирам,ама тогаш бев опседната со нив),друго собирав кесички(од тие што се шарените со сликички),собирам поштенски марки,стари пари....
     
  11. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    исто како менее :D и јас собирам детелинки со 4 листа..и етикети од облека интересни
     
  12. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Порано собирав салфетки и шарени хартиени чинивчиња. Еден период каде и да одев купував шољи за млеко дома имам во различни бои, со Мики Маус имам, едни со смајловци. Па еден период собирав шеќерчиња и кога одев за Бугарија ги собирав од ресторантите се сеќавам имаше едни со сите пејачки од Планета. Колекционер сум на тефтери и мали тефтерчиња и забелажав дека во последно време каде и да одам купувам лакови. :D
     
  13. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Собирам све и свашта,мислам дека иам поише дрангулии у соба него дете од предшколска возраст х) Се дешава онака рандом да си купам киндер јајце и да си ја зачувам играчката,собирав мини скејтчиња(Тech Deck) али не ми беше баш изводливо така да прекинав. Собирам музика,собирам рандом диносаурусчиња,ко мал го собирав секој можен албум,собирав бураго колички,собирав мекдоналдс играчки,собирав киндер јајце играчки... незнам шо друго собирав х)
     
  14. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Темава како за мене :lol: .
    Кога бев мала со сестра ми собиравме салфетки, па се менувавме со другарките.
    На секое одење во продавница, особено во Веро, излегувавме со по некое пакетче салфетки (а не беа баш евтини тие од Веро). Најтрагично е што само неколку ќе потрошевме, а другите остануваа, па така дома имавме салфетки за извоз
    .И ден денес ги чувам, сповани во 2-3 пакети и понекогаш ги разгледувам, а и дополнувам со по некоја нова.
    Имам собирано и детска пошта и онакви ливчиња и пликоа за допишување, едно време кога се допишував со непознати другарчиња. И нив уште ги чувам.
    Новогодишните честитки ни беа пасија. Многу од нив уште ги чувам некаде, па кога ќе барам нешто, случајно ќе ми „прелета“ некоја честитка од 1998-ма.
    Играчки од Киндер Јајце. И нив ги чувам :wasntme: . Едно време, кога бевме мали, ги држевме наредени на термо печката, но денес се собрани и ставени на соодветно место за да не бидат исфрлени.
    Имам собирано и обвивки од бонбони, шеќер, сличиња од мастики ( Барби, Аладин, Животинско Царство) и ги „изложувавме“ (лепевме на плочки), приврзоци, постери, споменари, беџови, пенкала, етикети од облека, фискални сметки :wasntme: , шишенца од потрошени парфеми, кутии од се и сешто и уште 300 други глупости.
    Некои што мислам дека се непотребни со тешко срце ги фрлам, а за некои ми е жал, па ќе ги пикнам некаде демек да ги фрлам следното средување, а тогаш пак истото. Ќе испаднат фиоките, ќе се запустат од нив :lol: .

    Сега собирам магнети за на фрижидер и разгледници. Каде и да одиме, дали низ Македонијава или во странство, купуваме. Разгледници имам повеќе, многу дури, а магнети околу 20-на. Собирам и чаши - и за млеко и за сок некои шарени или со некоја интересна апликација.

    Сега за сега толку ;) .
     
  15. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Како мала имам почнато да собирам разни глупости како детска пошта,пликови,новогоднишни честитки,салфетки и т.н меѓутоа секој пат кога требаше да ја средувам детската соба или фиоките не можев да му го најдам крајот на сите тие глупости и завршуваа во канта :D

    А сега само собирам состави песни и такви работи што се пишувани на ливчина и то е то :)
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    како мала стандард, салфетки,детска пошта,лексикони,споменари,наш свет смс...абе триста чуда сум собирала како мала

    а сега моментално, колку и да ми е застарен накитот и да не е во мода, не го фрлам
    шишенцата од потрошените парфеми не ги фрлам, на полица ми стојат
    и исто така бонбони,покани и китенки од свадби си чувам + од другарки и роднини им ги зимам ако не им требаат
    имам делче полица на која редам сувенири и разгледници каде што сум била надвор од државата, дури си најдов и карата од светот и со маркер си влечам линии, скопје-париз, скопје-атланта,скопје-сингапур,скопје-истанбул, скопје-минхен.....и така сите места кај што сум била
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Забележав дека собирам пасти за заби. Секогаш купувам различни, а претходните не ги трошам до крај и си ги чувам. Имам да не претерам околу 30тина пасти и не ги фрлам уште ќе си ги чувам и надополнувам.
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Порано збирав салфетки.
    Сеа гледам дека ненамерно сум станала колекционер на празни шишенца од парфеми уште за по едно прскање.
    Не ги фрлам си ги чувам така и ко ќе ми текне си ги мирисам, па срце не ми дава да го фрлам шишенцето такво убаво па и мирисот внатре уште поубав. И нема да ги фрлам. Ќе си ги надополнувам.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Како помала собирав детска пошта се додека не ја понесов на школо за да се размениме со другарките и ја заборавив под клупа ;( Моето детско срце, за прв пат беше тогаш скршено. Мојата грижливо собрана колекција од миризливи ливчиња веќе наредниот ден, не беше таму каде што ја заборавив.
    Потоа собирав салфетки и ги имав во прилично голем број и со најразлични шари. Во тоа време беше популарно да се собираат салфетки, па скоро сите моите другарки имаа и се разменувавме. Се сеќавам дека едвај чекав да дојде Нова година, Божиќ или Велигден за мама да купи убави салфетки со елки, Дедо Мразовци или зајчиња и јајца :)
    Денес јас и сестра ми правиме колекција на магнети за на фрижидер од сите места кои што сме ги посетиле. А освен такви магнети во форма на сувенири, имаме и други новогодишни магнети, или со овошја и зеленчук.
    Освен тоа, имаме и колекција на разгледници од различни земји, која ненамерно полека ја створивме. :)
     
  20. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    - Салфетки собирам од детство, но веќе ми здосади па планирам да ги подарам на внуките
    - Шишенца од парфеми од последниве дестина години. Редовно ги премивам, ги прередувам, се обидувам да им ги почувствувам мирисите и да ги вратам спомените.

    - Најголема пасија ми се шеќерчињата. Кафето го пијам без шеќер, а шеќерчето во ташна. Некои ова го сметаат за непристојно, но јас сметам дека сум го платила, не сум го искористила, но мое си е.
    Исто и со сапунчињата и шампоњчињата по хотели што ги собирам, ги земам само за спомен и сеќавање.

    -Фамилијарно сме љубители на мед и пчеларство, па имам медчиња од каде ли не.

    - Списанија Космополитен (хрватски), како библија ми се...