Како помала собирав салфетки и ги собирав сите можни албуми. Спојлер Дел од нив чувам а дел за жал го имам изгубено Сега имам колекција од роденденски чаши, чинивчиња, капи, свирки, маски и што ли уште не. Имам мала колекција на накит. Дома имаме шоли за кафе скоро од сите места на кој имаме одено. Имаме околу 10 магнети за на ладилникот. Имам една полна кутија со киндер јајца дел се од брат ми а дел од мене.
Собирам уште од дете салфетки, и не планирам да престанам. Ги имам преку 500 различни. Во тоа време многу тешко се доаѓаше до некои убави салфетки со разни цртежи па затоа ептен ми се при срце таквите што сум ги добивала од некој што ќе ми донесеше од странство. Сега ги има толку преубави и тука, па просто жал ми е да престанатм да ги собирам а камо ли да ги фрлам. Еден ден кога ќе бидам стара, планирам да ги поклонам на некое девојче што ќе сака да продолжи да ги собира. Едно време имав и колекција од шишенца од парфеми, но ми пукна филмот колку место и прашина фаќаа, така да завршија во канта.
Како мала собирав салфетки и детска пошта,имам уште нешто останато од тоа. Сега си собирам шеќерчиња и етикети од алиштата што ќе ги купам имам преку 100
имам премногу играчки од киндер јајце. со баба ми ги собираме уште откако сум се родила, сеакви ги имам..и да-магнети за ладилникот,не почнав мн. одамна ама каде и да одам без магнети не се враќам
Како мала собирав салфетки.(и уште ми стојат)Исто така можам антикварница да отворам.(стари пари собирам)Понекогаш знам и едно `парче` земја да земам од местата каде што сум била. Сега почнав и лабела-сјаеви за усни. Моментално имам 36 (колекцијата се зголемува)..
Како мала собирав салфетки,сега не.Сега собирам мали шеќерчиња и кај и да одам (у некој кафич,ресторан,хотел... си зимам шеќерче хехех) Ги собирам и картите на сите концерти и журки на коишто сум била
Собирам кугли со снег (snow globes). Сега за сега имам само од 3 држави, ама тоа е бидејќи сега брзо почнав да собирам. Исто така собирам и магнетчиња за фрижидер од разни градови, држави е такви имам повеќе Се надевам дека мојата колекција ќе се зголеми и дека ќе имам кугличка од ИРСКА (некој ден)
кога бев малечка собирав салфетки,тањири и чаши од родендени,детска пошта(така мислам се викаа,оние шарени лифчиња со пликоа) и школки,а сега собирам постери од разни списанија и имам многу ни самата незнам што да им правам,а не ги лепам во соба зашто е со тапети пола и излгеда многу убава и средена не сакам да ја упропастам
Само јас ли сум фрикот што не собира ништо? Јас го расфрлав она што пред мене го собирале мајка ми и тетка ми. Со салфетките си правев тепих во соба, одев во вц ги раздавав погрдите примероци по другарки и оп, сите од кутијата си го дочекаа својот крај. Обратно пропорционална сум, шта чеш. И ништо не ме ни интересира толку за да почнам да го собирам и создадам колекција.. Пу, јзк!
Јас си правам колекција на најдобри филмови(барем според мене).Колку сум само нервна кога ми фали некој филм, кога некој го зема и не го враќа е тогаш ми се иде да го фрлам и газам.Така решив сега да ги изрежам од ново и да не ги давам на никој тие новите. А забележав и дека собирам кутвчиња,онака без намера, како некој фетиш ми се Дали од млека, маски, помади и триста други глупости, јас ги имам за извоз, можам да и ги препродавам одново на фирмите
Детска пошта, салфетки, шарени пликоа, албуми со сликички... Многу ги собирав како мала, имав кутии и кутии салфетки, многу разновидни ливчиња детска пошта, шарени пликоа, шарени книжни тањирчиња со познатите ликови од цртаните собирани од по родендени...мераци! Собирав и многу албуми со самолепливи сликички, Драгонбол, Дигимон, Хари Потер...не ми ни дотекнуваат, ама имав многу дупликати од сите овие стварчиња и едвај чекав да излезам надвор да се менуваме со другарчињата! Е откако потпораснав, за да ослободам место во шкафчето за книги, тетратки и слични работи за во школо, морав да ги фрлам сите овие прекрасни споменчиња... сега пак си собирам салфетки, но детска пошта веќе не се собира баш, денешниве деца собираат стикери и не знам што таму Како и да е, нас супер ни беше
Детска пошта, салфетки, шарени пликоа, албуми со сликички... ахх колку ги имав само салфетките ццц по 3 кутии полни ги имав
Детска пошта, салфетки, шарени пликоа, албуми со сликички... Аууу се сум собирала, особено салфетките ми беа омилени, имав премногу, ги чував во кутии големи и кога веќе се сметаше дека сум голема, мајка ми реши да ги расходува, ајде барем ги даде на педантно девојче што сум сигурна дека добро ги чувала али знам дека душава ме болеше кога ги дадов
Детска пошта, салфетки, шарени пликоа, албуми со сликички... јас уште си ги чувам салфетките си ги имам стаено во една кутија за кондури и здравје боже утре ако имам керка она ке ги добие
Детска пошта, салфетки, шарени пликоа, албуми со сликички... Еее коаг ќе ми текине колку ми беше интересно да собирам триста чуда...мислам дури дека сеуште ги чувам салфетките и пликоата во кутии... Се собиравме многу другарки за да се размениме,па се каравме која што да земе ехеххе. Барем ни беше забавно. И ден денес знам ако отидам на гости и ако има некоја украсна салфетка да си ја земам за сестра ми (божем таа ќе собира,јас и собирам )
Детска пошта, салфетки, шарени пликоа, албуми со сликички... Почнав со детска пошта, па салфетки.... ги обожавав си ги чував толку грижливо, и сеуште ги чувам ако сака мојата принцеза кога ќе потпорасне да ги наследи .....
Се имам собирано плус чаши и тањири пластични,школки и постери. Спојлер имам спомнато во темата како мали..
Детска пошта, салфетки, шарени пликоа, албуми со сликички... Охоо собирав салфетки имам две големи кутии сеуште ги чувам, сега собира сестра ми...