Како мала собирав салфетки, детска пошта и едни сликички што се продаваа од сериине. Памтам од Касандра имав многу сликички . После кога потпораснав почнав да собирам запалки, што би ги рекле упаљачи . Имам над 300 и сите се различни. Порано им ја знаев точната бројка ама одамна не сум ги разгледала, ниту пак сум ставила некој нов таму. Ама сега се потсетив и баш ќе ги ѕирнам после
Како помала собирав и сложувалки, ги имав над 20 каде и да одеа мајка ми и татко ми обавезно ми носеа по една, памтам имав една со 1000 делови, се убив од сложување цеел ден Спојлер
Салфетки си собирав најмногу. Имав и некои моменти по сложувалки, ама кога ми даваа да бирам секако прво салфетките
Како мала многу собирав салфетки и детска пошта. Потоа имаше од чипсовите од 10 денари што се едни жетони и од нив имав доста. Ама пред некоја година ги фрлив сите жетони, а детската пошта се изгуби кога се селевме.
Многу работи собирам имам голема колекција од салфетки може преку 300 салфетки ама веќе не собирам сега собирам сувенирчиња од кај и да одам на одмор исто така и привезоци малецки имам од сите места на кои сум била (за други држави мислам) пред некое време си ги ставив на синџирче и ги носам како алка исто така собирам миризливи свеќи во разни бои и фроми шеќерчиња собирам имам од целиот свет собирам интересни шишенца од парфеми имам едно ептен малецко исто така собирам школки и интересни камчиња кога одам на одмор а мама има голема колекција на стар накит и други антиквитети има од многу држави потоа значки монети и снежни кугли од различни држави ми вика дека еден ден ке ми ги даде нејзините колекции па ке видиме И да не заборавам порано собирав пеперутки имам многу интересни се убави шарени ми стојат во сталена кутија како украс и интересни цвекиња собирав два албуми наполнив а сега собирам и необични сапунчиња а сестра со сестра ми собираме запалки исто интересни и необични
Како мала собирав салфетки, сеуште ги чувам, понекогаш знам да седнам и да ги разледувам, ме враќаат назад во детството. Сега сум колекцонер на преврзоци за клучеви и магнети, каде и да одам прво тоа купувам, имам може 40-50 прврзоци и 30 магнети
Јас сум колекционер на топки со вода и светки/снег. Денеска добив една нова како подарок, па ги сликнав сите за да ги видите... Тараааам
Еднаш кога видов една слика со привезоци т.е намерно собирани од некој колекционер посакав и јас да бидам колекционер на привезоци за клучеви, па ќе видиме како ќе се реализира мојата желба.
Имам собирано детска пошта ,салфетки ,тапи од Синалко и огласи за оџачар. Едит:И барбики и плишани мечиња.
-како мала собирав салфети. сега ,ако се брои, почнав да правам колекција од книги -магнети за фрижидери(каде и да одам надвор од мојт град си купувам по 1 магнет), -стари монети и веќе ги имам многу -a и пари што и остануваат кога одам надвор од македонија (па добро ако се вратам пак во иста држава -може и да ги дотрошам, но може би и нема да се вратам пa си ги чувам) -цртежите што сум ги нацртала салам -празни шишшенца од парфеми -стари слики
Си имам колекција на шолји за чај, млеко.. Тешко некој ако се пие од нив без моја дозвола.. Спојлер Пред некоја недела почнав да собирам и онакви книжулиња што ги има на ќесичките чај. И си пишувам датa на нив.
И заборавив да кажам: Со дечко ми си имаме колекција стари апарати. 10-тина ги имаме.. Манијаци сме за се што би можело да припадне во антикварница.