Шеќерчиња- оние што ги даваат со кафе во кафиќ- срамота не срамота секаде барам да ми донесат плус 2, и секој што оди надвор од Р.М. ми носи две; магнети и приврзоци за клучеви. Како мала многу сериозно собирав „детска пошта“ и салфетки, иако и денес зачувувам салфетки кои ми се допаѓаат и дополнувам колекција.
-Салфети -Стикери -Камења -Ќеси -Покани -Честитки (ова собирам уште ден денес ) -Картички (и ова уште си собирам) -Карти (ова исто собирам, сегде каде што сум била (музеи, концерти, луна паркови...)
Собирав :салфетки,некои раздадов на деца,некои ми останаа но пак имам многу,одреден период собирав и скршени врвови на дрвени боички нешто вакво ,од мајка ми наследив и еден куп значки, собирав и честитки малку но некако ми беа многу исти имаше околу 20тина вида и се тие па тие се вртеа и се откажав. А сеа собирам приврзоци за клучеви со симболот на државите и градовите каде сум била
Собирав салфетки имам околу 500 и повеќе а сега не собирам ништо дајте ми некоја идеја иначе имам 14 години
Порано собирав салфетки и кога стигнав до посакуваниот број 600 и ги фрлив многу место ми зафаќаја и сите само ми ги разгледуваа, разместуваа и ги фрлив
Собирам салфетки имам 5 кутии од чизми преполни до врв ( мајками ми даде кога била на мој години и од неа имам мн) едно време кога бев малечка стикери собирав и сеуште ги чувам имам мн албуми, Имам и мн магнети за фрижидер само што сега немам каде да ги ставам бидејки се преселивме а целата кујна е од дрво и вратата на фрижидерот е обложена со дрво така да ги чувам . Инаку и тоа со четкичките од маскарите е прилично интересно.
На времето..кога имав 12-13 години собирав сафетки,пред тоа кога бев уште помала собирав детска пошта,сега собирам сликички од животинско царство за албумот на ќерка ми....