Колин Хувер (Colleen Hoover)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 18 јули 2018.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    74.467
    Пол:
    Женски
    Колин Хувер верувам дека ни е позната скоро на сите.
    Станува збор за Американска авторка, која последниве неколку години буквално „растури“ со прекрасни книги кои несомнено, со право станаа бестселери.

    Обично обработува young adult/new adult-приказни испреплетени со романса и мала доза на мистерија (можеби, така ја доживувам јас).

    Според мене, Колин е една од ретките автори на денешницава, кои навистина знаат како да исткаат содржајна приказна без фалинка и да успеат да го задржат читателот заинтересиран од почеток до крај.
    Не знам за вас, но јас буквално не трепнувам додека не прочитам нејзина книга до крај.
    Има нешто во нејзиниот начин на пишување што те тера да продолжиш да читаш и да ја свртиш наредната страница, па наредната, па таа после неа и сè така дури не стасаш до самиот крај. :mm:
    Многу сакам вакви автори, кои нема потреба да создадат ликови кои ќе кукаат и лелекаат, за да предизвикаат емоција кај мене, туку самата нивна приказна те носи во некој друг свет, па ти доаѓа да го гушнеш главниот лик, да му понудиш кутија паломи и да плачете заедно до заоѓање.
    Е, тоа веќе се вика умешност.

    Кај неа не постојат куп начкрабани зборови склопени во некои досадни дескриптивни реченици; никогаш не ми е досадно кога читам нејзини книги. Приказните кои ги обработува се баш секојдневни и опипливи, опфаќа многу интригантни теми и поттикнува многу дискусија.
    Но, и покрај тоа, Колин Хувер е светлосни години далеку од авторките на лесни чик-лит приказни, со тоа мислам дека ќе се согласиме сите.

    Досега имам прочитано три книги од неа: November 9, It Ends With Us и Ugly Love. И во план ми е да ги прочитам сите. Никогаш доста од Колин Хувер! :D

    Дефинитивно, без грам сомнеж, најомилена ми е It Ends With Us. :inlove:
    Тоа е книгата која ме потресе, ме освести, ме замисли, ме натера да се заљубам во главните ликови - ма се заљубив во целата книга!
    Досега не постои книга од која немам извадено повеќе цитати. Имаше премногу убави мисли, толку едноставно и малку, а со тие неколку збора веќе е кажано сè.
    Исто, тоа е единствена книга во последниве неколку години која ја прочитав два пати.
    Задолжително четиво за секоја жена на планетава, така би ја нарекла. :)

    Со оваа книга Колин Хувер дефинитивно ме освои и признавам - отсега па натаму ќе бидам пристрасна за секоја нејзина идна книга која ќе ја прочитам. :wasntme:

    Кои книги ги имате прочитано од неа?
    Често среќавам нејзини книги низ темите за читање, па мислам дека ќе имаме фина дискусија на темава. :)

    Во прилог, листата на сите нејзини досега издадени книги:
    • Slammed (2012)
    • Point of Retreat (2012)
    • This Girl (2013)
    • Hopeless (2013)
    • Losing Hope (2013)
    • Finding Cinderella (2014) novella
    • Maybe Someday (2014)
    • Maybe Not (2014) novella
    • Ugly Love (2014)
    • Never Never (2015) three-part novella series with Tarryn Fisher
    • Confess (2015)
    • November 9 (2015)
    • Too Late (2016)
    • It Ends with Us (2016)
    • Without Merit (2017)
     
    На macysh, mazikeen, *Ench@nted* и 10 други им се допаѓа ова.
  2. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    1.830
    Допаѓања:
    47.387
    Пол:
    Женски
    И мене ми се на листата за читање сите книги од Колин. Ми се допаѓа нејзиниот стил на пишување и во ниеден момент не ми се досадно со нејзините книги.
    Ги имам прочитано: Hopeless, It Ends with Us, November 9, Maybe Someday, Maybe Not.
    Дефинитивно омилена ми е It Ends with Us.
     
    На cresa-jagoda, Mishela и violetblue им се допаѓа ова.
  3. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    10.240
    Пред некој ден за првпат земав книга од Колин,не сум ја читала ама од толку зборење за нејзе решив да дадам шанса.Се работи за "Исповеди" па кажете ми што да очекувам :)
     
    На Mishela и violetblue им се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.113
    Дефинитивно It ends with us и е најдобрата книга, доста добра порака носи книгата вреди секоја жена да ја прочита.
    Не би ги ставила книгите на Колин во чик-лит, повеќе во young повеќето би биле, бидејќи чик-лит ми е тралала книгичка без некоја порака, како шпанска серија да гледаш, додека најголем дел од книгите на Колин разработуваат некоја тема од животот и носат некоја порака.
    Прочитани од неа ми се поракј It ends with us, Maybe someday, Maybe not, Never Never, Ugly love, Without Merit i Confess.
    Ја следам автораката на фб и баш имам чуство дека и во приватниот живот има таков стил како и што пишува, позитивен, разигран, реален, ведар.
    Во склоп на Колин Хувер секогаш ми е и Тарин Фишер, тандем ми се (Never Never им е заедничко дело) а гледам добри пријателки се и во реалниот живот. Мене и стилот на Тарин Фишер ми се допаѓа и она исто така има книги што не оставаат рамнодушен особено Atheists who kneel and pray.
     
    На do-re-mi, RainBow, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.113
    Confees е супер романтична драма, има добра приказна верувам дека нема да бидеш разочарана, а ако си емотивец може и да си поплачеш на моменти :)
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.205
    Допаѓања:
    16.811
    Пол:
    Женски
    Колин ми е една од омилените писателки, и го обожавам стилот на пишување, страниците едноставно ти летаат, не можеш да ја оставиш книгата. Ги имам прочитано Hopeless, Slammed, It Ends with Us, Maybe Someday, Maybe not, November 9, Confess. Највеќе ме допреа It ends with us и Confess, многу се поврзав со двете, дури и ревју на гудридс напишав за вторава, толку ми имаше оставено впечаток.

    Ама искрено романите кои не се во делови повеќе ми се допаѓаат, не знам зошто. И понекогаш малку ме нервира "insta love" што се користи премногу, ама па скоро сите YA писатели го користат. Но сите книги успеаа да ми измамат по некоја солза, и кога ќе ја завршев книгата секогаш бев задоволна.

    Ќе оставам некои quotes што ептен ми оставиле впечаток:

    “Every day of my life it feels as if I'm fighting my way up an escalator that only goes down. And no matter how fast or how hard I run to try to reach the top, I stay in the same place, sprinting, getting nowhere.”
    - Confess


    Cycles exist because they are excruciating to break. It takes an astronomical amount of pain and courage to disrupt a familiar pattern. Sometimes it seems easier to just keep running in the same familiar circles, rather than facing the fear of jumping and possibly not landing on your feet.
    - This ends with us
     
    Последна измена: 18 јули 2018
    На Mishela, violetblue и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.003
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ми се допаѓаат нејзините книги. Многу лошо пишување, многу лоши романси, едноставно... не.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    74.467
    Пол:
    Женски
    @sweet-cherry
    Мислам дека го нападнав скроз Гудридс тогаш кога ја завршив книгава и ги излајкував сите quotes извадени од It ends with us. :wasntme:

    Мене омилен цитат ми е овој од сликата. Преубава мисла.
    20180225_184547.jpg

    А фразата ' just keep swimming' ми стана мото. :)
     
    На Thallia и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  9. delreymarie

    delreymarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    42
    Само пријатели, прекрасна книга :inlove:
     
    На marija1907 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    1.330
    Прва прочитана книга ми беше Ugly love :inlove: И толку требаше да се навлечам на Колин. Ги имам прочитано It ends with us, November 9, Slammed, Never Never и Maybe Someday. Следна ми е најновата Without Merritt. А имам уште книги што сакам да ги купам. Лесни книги што се читаат брзо, секогаш содржат убави мисли. Ми се допаѓа што има многу реални ситуации, што ти крадат по некоја солза...
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.113
    Koлин има нова книга All your perfects, излезена е на 17.07. Не можев да ја најдам сеуште, така да ако некој успее да ја најде нека сподели :)
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    1.330
    Секоја година издава нива книга, сум ја пропуштила последнава. Ставена во кошничка, ја нарачувам за брзо време.

    Инаку, за Ugly Love, имаше иницијатива од фанови да се снима филм. Nick Bateman требаше да го глуми Miles. На IMBD уште стои In development, ама не собраа доволно средства и пари да го снимаат филмот. :( И Колин имаше на нејзината фб страна напишано за овоа .
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.970
    Пол:
    Женски
    Од Хувер има книги кои премногу ми се допаднале, ама и такви за кои сум се чудела како воопшто може да се напишани од истата писателка :| Сепак, секогаш одлучувам да им дадам шанса на нејзините книги, па така и со најновата. Инаку, пишував за неа и на блогот, ако некој го интересира еве ја мојата листа на Топ три нејзини книги :)

    All Your Perfects веќе ми е на киндлот и ми е следна за читање, ја конвертирав за да ја прикачам овде. @violetblue и сите останати заинтересирани - повелете и пријатно читање :)
     

    Прикачени фајлови:

    На azelea, ane.bella, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Perfectgirl5

    Perfectgirl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2015
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    979
    Пол:
    Женски
    „Ова завршува со нас“ дефинитивно најдобра книга која ја имам прочитано од Колин Хувер. Доста добра содржина и дава квалитетна порака. Се на се, вреди да се прочита...
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.919
    Допаѓања:
    47.596
    Пол:
    Женски
    Имам речиси сѐ прочитано што произлегло од нејзината имагинација.

    Имаше неколку книги поради кои ќе се откажев од неа. Too late, тешка, тешка глупост, Confess исто не ми се допадна, November 9 сосема просечна книга. Како може нешто толку добро и нешто толку просто да има напишано една иста жена не ми е јасно.
    It ends with us ми е апсолутно омилена книга од неа, има толку емоции, толку вистина во книгата, ликовите се страшно реални. За разлика од други кои може да ги има само во книга и немаат допирна точка со реалноста.

    Инста љубовта страшно ме иритира, ме иритира итоа што има многу незрели ликови, а се обидува да ги протурка како длабоки и мистериозни.

    Ја читам најновата моментално, All your perfects, сум негде до половина. Бледа копија на ова завршува со нас, се обидува длабока тема да обработи, но не успева во тоа. Приказната е развлечена, ликовите неинтересни и бледи. Ниту форматот ми се допаѓа.
    Штета.
     
  16. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    5.685
    Од Колин Хувер сум ја читала само “Можеби некогаш” . Топло ја препорачувам на секого. Полна е со емоции!
     
  17. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    2.823
    Пол:
    Женски
    Прва книга која ме расплакала на крајот... Со грутка во грло ја дочитав..
    Предобра е.
    Сакам и другите да ги прочитам, само да најдам малку време :D
     
  18. Larichka8

    Larichka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа стилот на пишување, ми буди многу емоции кога читам нејзина книга и ниедна до сега не ми била досадна. :) Изгледа само јас ја немам прочитано It ends with us, а сите ја фалите.:o Ама спуштена ми е на Kindle, не ми беше во план сега да ја читам, ама се предомислив ќе ја почнам деновиве. 8-|
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    74.467
    Пол:
    Женски
    Мислењето е одамна, ама да прашам - зошто не ти се допадна?

    Мене многу ми беше убава, баш во нејзин стил.
    Многу емотивна и многу сè - вистински ураган од емоции, ама да, имаше нешто што фали за да биде бомбастична. Мене конкретно ме нервираа ликовите.

    Плус, еден момент од целата книга многу ме изнервира и тоа придонесе да имам една голема замерка, веројатно претпоставуваш кој и не знам како Колин која толку гласно збореше за едно на почетокот, ја трансформираше Quinn во личност која...како да опишам...
    стана нешто од кое и самата бегаше.
    Затоа и не и' дадов висока оценка, после тоа некако ептен ми се скрши филмот.
    Женава прости неверство (без разлика што беше такво какво што беше), со глупо оправдување дека самата таа е крива за неговото однесување, јеа рајт.
    Нонсенс ми беше тоа и сакав да ги нашамарам и двајцата.

    Се дупнав од плачење, пресвртот и крајот не ми беа баш по мој вкус, ама многу убаво ги опишала сите struggles со сам себе, преиспитувања, себеобвинување, итн...не сум во иста ситуација, ама сум се соочила со такви депресивно-анксиозни мисли низ минати врски и едноставно се пронајдов во многу работи кои ја мачеа Quinn - воглавно во барањето вина во себе, фокусирање само на најлошите работи, премотување на едни исти црни мисли и не оставањето простор да согледаш дека си нешто многу повеќе од тоа...

    Не ми се допаднаа главните ликови. Прв пат до толку да ме иритираат и двајцата, а во исто време да не можам да останам рамнодушна на приказната и на нивната голгота. Многу сочувствував низ целата книга, многу ми беше тажна.

    А и самата приказна ми беше многу читлива, ептен брзо ја „пројдов“ книгата, а успеав да ги впијам сите детали, што досега ретко ми се случило, морам да признаам.
    Краен заклучок - има работи кои не ми беа по вкус, но книгата и нејзината порака ми се допаднаа многу.

    Има прекрасни цитати, не знам кој прв да го издвојам. :)
    Во овој посебно се препознав, можеби затоа што уште си носам траги од „демони од минатото“,па затоа и толку многу ме погоди и книгата...
     
  20. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    24.087
    Пол:
    Женски
    Ова завршува со нас.
    Преубава. Уживав. Една од оние книги што не сакам да ја оставам, но не сакам ни да заврши. Никогаш.

    Но, нешто што мразам, а ми се случувало, е кога фалат страни. Фали цел лист! Цели две страни уживање ми скрати некој што ја читал книгава пред мене ;(
    20181025_181344.jpg

    Која ја препорачувате следна?