Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колин Хувер (Colleen Hoover)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 18 јули 2018.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав трилогијата Never Never, што им е заедничка со Тарин Фишер. Првиот дел навистина ми се допадна; интересна young adult приказна со елементи слични како во онаа серијата на Нетфликс, Russian Doll.
    Си реков ејј ретко добра YA книга. Вториот и третиот дел комплетно разочарување. Падна во вода сè што беше градено во првиот дел. :(
    Оваа Тарин Фишер ептен има лошо влијание врз Хувер, се надевам дека нема да има слични екскурзии понатака, зашто Колин во нејзино друштво ептен како да забегува од своето.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Тарин Фишер пишува навистина изопачени книги. Сега гледав една од неа, ама некако не сум во тој елемент за изопаченост. Се надевам новата од Колин ќе биде само нејзина и ќе си дојде малку при себе.
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Објави пред скоро дека новата ќе биде за mother-daughter врската. Мислам дека ќе биде солидна, ама ќе видиме. Исто напоменала дека многу и требало да напише некоја ваква книга после Верити. Кутра жена, се швркнала од измислување нелогичности па морала да си направи малку recap изгледа. Се надевам дека новата нема да биде лимонатка, ако не друго. :|

    Тарин кога е сама ми е генерално океј, ама не сум баш најголем нејзин фан. До душа, немам многу книги прочитани од неа, освен онаа трилогијата. Се надевам дека ставила крај на пикањето нос во книгите на Колин, многу лошо и влијае, се осеќам како наставничка со тоа напоменување за лошо влијание, ама па навистина е така.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    Колин Хувер ми е љубовта годинава. Пред некоја година ја позајмив Безнадежно од една другарка и не бев баш најимпресионирана(главно заради лигавењето со те сакушкам). Меѓутоа, на саемот ја земав Верити и откако ја прочитав мислам дека си ставив ко некоја цел во животот да и ги прочитам сите можни книги што некогаш ги напишала и планира да ги напише, На сите другарки што имаат нејзини книги им ги собрав и ги прочитав повеќето што се преведени кај нас. Нормално, тоа не ми беше доволно и продолжив останатите да ги читам на англиски на телефон. До сега ми се прочитани: Верити, Ова завршува со нас, Сите твои совршености, Исповеди, Безнадежно, Сурова љубов, Without Merrit, November 9th и Too late. Се мислам да ја препрочитам Безнадежно пак за да видам дали уште ме нервира и да ги прочитам продолженијата. Во план ми беше и Never never трилогијата, ама гледам дека не ја фалите баш.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Гледам од Сакам книги ја превеле Ugly Love.
    Жал ми е само што ја не ја ставиле оваа корица.
    [​IMG]
    Оваа ми е прекрасна, мистериозна, плус има зашто е ваква.
    https://sakamknigi.mk/product/сурова-љубов/
    Оваа овде е генеричка, ништо посебно.
    Како и да е, супер што ја превеле, приказната е одлична.
     
    На bubic.k и MamaYette им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се допаѓаат корици со тетовирани набилдани типови и жени со фризури.
    Ме потсеќаат ваквите мажиња на кориците од книгите на Jamie Begley. :|

    Оваа ми е читана, ќе ја читам сега Confess за да можам да ја гледам потоа серијата. Не знам дали знаете, ама неодамна излезе кратка серија по книгава.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Од Колин Хувер ја имам читано " Ова завршува со нас " и ми се допадна.Пошто јас ретко читам лубовни книги повеќе трилери.Денес ја зедов " Верити " иако една другарка што ја има читано ми рече дека е многу изопачена што знам ќе видиме...
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Колин спрема нова книга, некоја со супернатурал мотиви. Ново инфо ќе имало во текот на 2020-та дури.
    Одлепи женава од дружењето со Тарин Фишер, многу се смеам кога ја читам по социјални мрежи ама ми се свиѓа тоа што повремено вака менува жанрови. Верити многу ми се допадна па секако ќе читам што и да напише. (fingers)
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Од Хувер имам читано Сурова љубов и Ова завршува со нас.
    И двете ми се допаднаа многу, но кога завршив со книгата Ова завршува со нас се фатив како размислувам за неа, некако многу допре до мене.
    Следна од Хувер ми е Сите твои совршености, но кога ќе дојде на ред за читање не знам.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Колин со нова книга, се очекува да излезе некаде при крајот на јули.
    Значи, традиција ѝ стана секое летенце книженце. :D
    [​IMG]

    Ќе биде YA романса. Рече дека била 'regular' немало паранормалности и слични експерименти, па навистина се надевам дека нема да биде пјур шит како Never never.
    Корицата ужасна, ама ако ѝ ја бива приказната ќе ѝ опростам. :D
     
    На *Ench@nted*, GoodGirl45, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.500
    Допаѓања:
    201.469
    Пол:
    Женски
    За обожавателите, има на Амазон бесплатни книги на Колин Хувер, за Киндл. Верити, Never never серијалот и Too late. Не ја сакам нешто посебно, ама ова е добар потег на Амазон, има и други бесплатни книги. Навали народе, барем ќе имате со што да го пополните вишокот време.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Сите твои совршености - ме уништи.
    Хоуплес (цел серијал) - ме уништи
    Ова завршува завршува со нас - ме уништи
    9ти ноември - ме уништи

    Женава ги допре моите најдлабоки трнчиња. Како што сум плачела на нејзините книги, не памтам за нешто друго толку да сум плачела.
    Планирам летово сите книги да и' ги прочитам, толку ја засакав. :inlove: Моментално на ред ми е Ugly love, гледам позитивни критики има добиено.
    Во декември и' излага новата книга, Layla, што ја претставува како paranormal romance. Сигурна сум дека ни со тоа нема да разочара.

    Screen Shot 2020-06-27 at 12.03.33 AM.png

    P.S. Не знам дали вие што сте ја читале Хувер приметивте, но неколку ликови се споменуваат во различни книги, иако не се дел од серијалите.
    На пример Seven од серијалот Hopeless, се споменува при крајот на All your perfects. Исто и двата протагонисти од All your perfects ги има во последниот дел од серијалот Hopeless, Finding perfect, и на некој начин таму се открива што се случило со Грахам и Квин.
    Понатаму, Мiles и Tate од Ugly love се појавуваат во November 9, како пријатели на Иан, братот на Бен. 8-|
     
    Последна измена: 27 јуни 2020
    На Laleham, macysh, shz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Мене многу ми се свиѓаше Ugly love, во еден ден ја прочитав како и сите други кои сум ги читала од Колин. Планирам и јас да и ги прочитам сите, последно ја купив Исповеди и за брзо ќе ја читам.
    Засега all time favourite ми е Ова завршува со нас - книгава треба да ја прочита секоја девојка
     
    На martiiinna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Ова со поврзувањето на ликовите им е некој тренд изгледа последниве години.
    Кај некои автори, буквално сите книги се исповрзани вака, па и кај неа се среќава еве некаде.
    Кај другиве што имам сретнато, во еден серијал читаш за една генерација ликови, потоа во некој друг се појавуваат дел од тие ликови и главните дејствија се вртат околу нивните деца на пример, а тие се по позадина.
    Некогаш ми се во ред, некогаш ме нервира затоа што не е потенцирано па ќе се случи да се исспојлаш...

    Со душа ја чекам Heart Bones сега на крај од јули, јанг адулт обожавам, па здравје таму пред Нова година и Layla.
    Само се надевам дека нема да биде глупост од типот на Never, never трилогиката. Утка, поутка и книгиве треба да стојат како замена за суперлативот...
    Ваљда ќе биде добра штом Колин си ја пишувала сама без да и суфлира другарка и Тарин.
     
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Ја читав Верити пред 1 месец и знаете што... Не сум многу изненаден чиста 8ца за разлика од што ја преувеличуваат, многу се изненадени и мислат дека е зафрката ама ја сум многу добра во трилери филмови и други книги и уште на 50тата страна знаев како ке се одвива цела книга дека на крајот ке испадне жртва, ништо посебно од просечен мистерија филм, а не е ни лош, убаво оформени зборови, возбудливи сцени... Ке подразмилам дали друга да читам од оваа актерка
     
  16. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Да ама не е сигурно дали е жртва.
    На крајот книгата завршува и остава на читателот да одлучи дали беше victim или crazy :!:

    Верири ми беше прва книга од Хувер и ми беше многу интересна.
    Втора и ја читав Ова завршува со нас и не ми беше ништо посебно.
    Ќе мора да и прочитам барем уште есна книга за да решам дали ми е добра писателка или не.
     
    На Sky-butterfly и hellocity им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Верити ми е оноа така така кога изгледам некој филм трилер мистерија и ми текне мрачна куќа, заробена во куќа, чудно дете(Кру) и мислам дека такви филмови имам изгледано 100, ама кога го читав тоа во езерото кога си ставив таква слика во главата крвта ми се заледуваше
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Повеќето нејзини книги ми се одлични. Ги немам прочитано сите бидејќи повеќе сакам на македонски или српски да читам, а добар дел од нејзините книги не се преведени.
    Само за можеби никогаш не можам да се изначудам како можеше така досадна биде. Постојано очекував пресврт, нешто интересно да се случи. Другиот дел не сакам ни да го читам.
    Но генерално една од омилените автори ми е.
     
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој како е називот на англиски на "Без каење"?
     
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    На оваа мислиш?
    20200805_111931.jpg
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.