Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колин Хувер (Colleen Hoover)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 18 јули 2018.

  1. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Од Колин Хувер ги имам прочитано Сурова љубов и Само пријатели и интересни ми беа. Ја прочитав и Сите твои совршености дека многу ја збореа али некако досадна ми беше, едвај ја исчитав, цело време за истото се збори и може затоа не ми го задржа вниманието, не знам.
    Следна ми е Верити.
     
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.551
    Дали некој ја има новата книга на Колин да ја сподели?
     
  3. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    На Laleham, violetblue и Emotional123 им се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.551
    Фала ти најмногу !
     
  5. flower11

    flower11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ги има некој Без каење или најновите? Можи на српски, хрватски.
     
  6. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Ја има во Сакам книги "Без каење" на македонски
     
  7. flower11

    flower11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Знам дека ја има. Ми треба во пдф.
     
  8. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Новата од Колин што излезе денес. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На joyful, sunshinebabe, Blue.Sky и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Како успеа вака брзо да ја најдеш?
    You made my day :)
     
    На martiiinna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Секоја чест за брзината :D
    :l:
     
    На martiiinna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Тукушто сакав да прашам дали некој почна да ја чита или ја прочитал, да каже впечаток. Ја симнав и јас, ама се мислам дали да ја читам.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Јас ја прочитав. Не е лоша, ама што знам...не.
    Пак она продолжува упорно со тие глупави, тупави и неупотребливи машки ликови кои демек треба да бидат мажите од соништата, мажи за кои секоја девојка сонува и се влажни, а уствари направила мочко.
    Згрозена бев од машкиот лик, женскиот па толку нехаризматичен. :puke:
    Тројка за оваа книга, а за претходната Heart bones, чиста единица.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Скроз се согласувам за Heart bones, мислам дека е нејзина најлоша досега.
    Сега ме замисли за оваа дали да ја читам, баш мислев дека ќе биде добра. :?:
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Уф, тесна битка помеѓу Without Merit и Heart bones, прелоши книги. Дури и единица им е премногу.

    Читај ја новава, што знам. Брзо се чита ама навистина не ми се допадна. Не можам да поминам преку некои работи што се изнаслучија и ме згрозија. Замислата е во ред, крајот беше интересен, ама целата книга ништо посебно. Мислам дека тој шаблон е веќе доста познат и како да кажам...премногу очекуван, неинвентивен.
    Ама ликовиве, гроги. Да имав таков дечко, најверојатно досега ќе го лежев во затвор. :worried:
    Се гледа дека сум наапана, така? :D

    Колин тотално разочарување, не знам што се случи со неа последниве две години. Нека оди во пензија, не знам, или нека си земе одмор зашто не е на арно работава.

    И упорно, публиката воодушевена, чука со рацете и бара репете. :D
    Не ми се јасни луѓево со овие хвалоспеви за вакви глупави книги.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Heart Bones има 4,43 на гр, нереално значи. Ретко глупава книга, ретко. Затоа и за новава се мислам.
    @Mishela, глупава е ко претходната или не е до толку?
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за утеха ко да ја почнеш, малку понеглупава. Ама сепак глупавка покрај такви ликови. :D
    Суспензијата и е океј, стварно те тера да вртиш страници, ама само толку. Не е доволно.
    Лејла ми беше недоволно прикажана, дводимензионална, некои работи ко шпанска серија ставени за ефект. Машкиов лик...ни на душман ваков па. :D
    Еве и нека претерувам, ама мене такви мажи ми се deal-breaker и не ги можам ниту во книги.
    А да и инста љубов има. И тоа твајс. :P
    Кај се видела книга од Колин во која ликовиве не се заљубиле од прв поглед. :inlove:
    Читајте или дајте шанса. Па ве чекам во КоХо клубот на хејтери. :D
     
    На RainBow и 1209 им се допаѓа ова.
  17. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа е така со скоро секој автор, после неколку негови прочитани книги едноставно му го учиш начинот на пишување и размислување. Можеш да претпоставиш како ќе се одвиваат работите или скроз да има пресврт којшто ќе биде траги-комедичен.
    А тоа што добива добри оценки на гр е поради тоа што ја чита млада публика, луѓе што не се до толку навлезени во литературата и сакаат клише приказни и краеви.
     
    На tinka-mace и Mishela им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.200
    Пол:
    Женски
    И јас така мислам. Но, еве има автори како Сузан Е. Филипс која и покрај тоа што следи еден шаблон и ретко експериментира, не можам да кажам дека книгите и се лоши, а пишува знаете, ромком. Feel-good книги кои ги читаш за да се кикотиш како луда.
    Најновата книга ми беше освежување, добро ги осмислува ликовите, ги моделира до детаљ, ептен и се скоцкани. И џабе ако нешто кај нив не штима, се одразува на целата книга.
    За Елиф Шафак или Џоди Пико да не зборам, ама они си се веќе класика.
    Колин ко така од ракав да си тресела работи во последниве 3-4 книги. Character development што?
    Фатал ерор. :D
     
    На tinka-mace, RainBow и martiiinna им се допаѓа ова.
  19. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    "Ова завршува со нас" вреди да се прочита?
     
  20. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Да, таа ѝ е една од најдобрите напишани книги.
     
    На marija1907 му/ѝ се допаѓа ова.