Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колин Хувер (Colleen Hoover)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 18 јули 2018.

  1. ItSMeYoUrGuRl

    ItSMeYoUrGuRl Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае од каде може да се купат книги пишувани на англиски од Колин Хувер?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Во Литература и Академска книга можеш да ги најдеш.
     
    На ItSMeYoUrGuRl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски
    Каков жанр на книги пишува? Дали се чиста романтика или?
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Генерално романси се нејзините книги. Знае некогаш да се протне некоја мистерија, а се случува и да отиде накај семејна драма. Или ете да се зафати со паранормални теми како што беше Layla, но пак романсата си доминира некако.
     
    На *Ench@nted*, crimson и GirlVolley им се допаѓа ова.
  5. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Денеска ја прочитав Ова започнува со нас и да бидам искрена очекував полошо. Океј беше ама само толку, не ми остави некој впечаток. Некако ми фалеше емоција во книгата, ептен механички и предвидливо напишана. Немаше никаков заплет, никаква кулминација. Сценарио кое сите го знаевме, само сега го видовме црно на бело. Од мене 3/5 за книгава.
     
    На Skyfall, ane.bella, Ani93 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ме разочарува со секоја нова книга.
    Се е некако очекувано, очекуван заплет и расплет, како да ги штанца од што мора.
    Како да нема инспирација или е под притисок да издаде нешто.
    Постарите книги, според мене беа многу поинтересни, сега станува досадна.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Губење време стана да се чита Колин во изминативе неколку години. Не ни верувам дека ќе се врати некогаш на старо. Само ќе продолжи да си живее на стара слава. Не ми е јасно што се случи со женава, ама ете.

    Мене ниту ми се емотивни нејзините книги веќе, ништо. Не ни има нешто друго освен куп кринџ, плитки, лигави, изнудени дејствија и не планирам да ја читам повеќе. Давав шанса на поновите книги што од љубопитство, што онака надевајќи се дека ќе излезе нешто добро, ама очигледно си има нов тек кој мене не ми одговара и тоа е тоа. Штета. :doh:
     
    На tirkenbal и Emotional123 им се допаѓа ова.
  8. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.843
    Ауч, ја почнав „Лејла“ и ја баталив на пола. Толку глупо, толку извесно, толку... заникаде!
     
  9. Vodka juice

    Vodka juice Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Само пријатели 2/5 ⭐️
    Можеби некогаш 4/5 ⭐️
    Сите твои совршености 4.5/5 ⭐️
    Коски на срцето 4/5 ⭐️
    Верити 5/5⭐️ (Одлична)
    Сурова љубов 3/5 ⭐️
    9 ноември 4/5 ⭐️
    Предоцна 5/5 ⭐️
    Споменот на него 4.5/5 ⭐️
    Ова завршува со нас 3.5/5 ⭐️
    Ова започнува со нас 2.5/5 ⭐️ (досадна, можи и како novella да се напиши)

    Следна на листата ми е Исповеди(y)
     
    На Моргана Пендраг# и ane.bella им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ќе се снима филм по „Ова завршува со нас“, не знам дали видовте. Изборов на актери ми е мех. Џастин повеќе ме потсеќа на Атлас, ќе го глуми Рајл инаку. А Лили воопшто не ја замислував како Блејк.
     
    На Vodka juice му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Баш дојдов за ова да го пишам.
    И со кратка и со долга коса типов повеќе одговара за Атлас.
    Лили јамзамислував со црвена (бакарна коса) ама и во книгата ликовите се помлади, овие се постари.
     
    На Vodka juice и Mishela им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Да, исто. Abiagil Cowen би била совршената Лили според мене. И мислам дека беше опишана како црвенокоса, oсвен ако не сум подзаборавила зашто навистина одамна ми е читана книгата.
     
    На Vodka juice, sunshinebabe и Emotional123 им се допаѓа ова.
  13. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Одамна имав прочитано дека ќе се снима филм по книгава, впрочем требаше оваа година да биде готов и да излезе ама изгледа се има забавено работата ради короната. Нејсе, изборот на глумци не е соодветен ама се надевам на добар филм без да ја упропастат целата поента на книгата. Искрено никогаш не сум била голем обожавател на филмови според книги, ама овој планирам да го изгледам да видам што направиле.
     
    На sunshinebabe, Mishela и cookie18 им се допаѓа ова.
  14. 28wix

    28wix Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2021
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    11
    Здраво девојки,
    Од пред некое време сакам да прочитам книга на Колин Хувер, но се некако се предомислувам бидејќи не знам што прво да купам и од каде да почнам.
    Дали некоја може да ми каже дали има редослед на книгите и дали се поврзани?
    Гледам сега има некои попусти па таман да си земам. На пример:
    Ова започнува со нас
    или
    Можеби сега

    Благодарам
     
  15. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Ова започнува со нас е продолжение на Ова завршува со нас.
    Можеби сега е последен дел од трилогија. Првата е Можеби никогаш, втората е Можеби некогаш и последната е Можеби сега.
    Јас би ти препорачала да почнеш со Ова завршува со нас, таа и е најпозната и според мене најдобра книга. Сурова љубов исто така многу ми се допадна, а трилогијата што ја пишав погоре мене ми беше онака, ништо посебно. :)
     
    Последна измена: 6 март 2023
    На sunshinebabe и 28wix им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ти објаснија погоре, само да се надоврзам, 9ти ноември исто ми беше убава книга од неа, нема продолжетоци.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Еве го и Атлас, објавиле.

    FB_IMG_1682030558229.jpg
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SupernovaS

    SupernovaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2020
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    36
    Според мене, промашен избор. Атлас повеќе ми личи на Рајл.
     
    На tirkenbal му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Исто, утка целиот каст...
     
    На SupernovaS му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Само што ја прочитав “Верити”. Немам зборови, останав парализирана на крајот како што впрочем беше низ целата книга самата Верити… Врв!!
     
    На snowwhite.24 и FreeToGo им се допаѓа ова.