Битно - кога купувате количка однесете ја до кола и пробајте дали ја збира. Второ - количка со многу функции побрзо се крши. Трето. Има зимни и летни колички. Продавачите ќе ви кажат дека е унивњрзал ама на 40 степени не е исто универзал и летна количка. Четврто. Количка ви треба после 5ти мњсец отприлика. Претходно се вози у транспортер. Петто. Корпа ретко некој користи и е ужасно непрактична. Ама за плус пари ќе ви речат дека треба. Шесто. Ако живеете у стан бирајте некоја која е незабележителна односно ситна и се склопува. Оти брзо ќе треба столче за јадење, релаксатор, џампер, дувак, креветче, игрална. Па ако ви текна и она страшно непрактичноно за бањање со фиоки па уште и точаче за бебе па проодувалка.... НЕМА МЕСТО У СТАН ОД 60 КВ. Седмо. За да не бидете зависни од друг - да чекате маж да ви помогне, треба количката да можете да ја пуштите со една рака а во другата да е бебето. Овие огромниве се непрактични. И тешки. Пазете да можете да ја кренете. Оти со дете е 5 кола или 10 потешка. Е ако треба 25 кила да кренете а ќе има потреба, тешкк ќе ви биде. Посебно ако е со царски а првите месеци треба да пазите на тежина кревање. Осмо. Ако е жолто или розово или светла боја - се гледа секоја дамка. А ќе има дамки. Деветто. Колку и да е скапа ако живеете на грди улици ќе се искрши. Десетто. Не им верувајте на продавачите. Колку поскапа купите толку повеќе процент за нив. Затоа повеќе ги фалат. А ако купувате онлајн ќе имате мака со висината на рачките дали ви одговара. Не ви треба неприродно виткање или наведнување оти секако ќе ве боли кичма од думкање 24 саати на ден. НАЈБИТНО. Ако имате многу пари не ти трошете на предмети. Чувајте за здравје. За жал јас не знаев ама децата често се разболуваат. И треба мало богатство за да се купи се. Пс. Нека има место за кај да си ставите кафе. Ќе ви треба.
Во право си за се, особено ова за кафе.. ама ми фали Само меркам да си порачам од алиекспрес посебно кое се закачува... ме потсети сега
@Cka заборави за корпата да споменеш, колку е важно да е голема и цврста. Со дете пазарувањето го олеснува ептен
Одлична листа направила @Cka . Само делот со корпите мислам дека е индивидуален. Кај мене едното е зимско а другото летно бебе. Максимално ја искористив од старт па до кај 8ми месец. Бебчињата едноставно поудобно си преткаа и заспиваа во во неа кога шеткавме.
Дете мое во корпа не легна. До 5 месец беше исклучиво во транспортер, а после летниот кош. На брачеда ми бебето 5 месеци и уште спие во корпа, не само што спие туку и го шетаат во корпа. Да ја легнев мојава во корпа, очи ќе ми извадеше Мораше во транспортер, да гледа, да не лежи Инаку, повеќе ја сака летната количка, од 5000 денари
Количката што ми се допаѓа има две варијанти. Едната е 2во1 каде она за седење на почеток се прави во корпа а другата варијанта е lux seat односно седиштето на количката е со повеќе опции за спуштање, поудобно итн ама нема корпа. Транспотрерот пак има опција за спуштање, се извлекува и доаѓа во лежечка позиција. Што мислите, дали е доволен транспортерот за почеток и поудобното седиште или сепак мора и корпа?
Корпа ич не мора ако може летниот кош да се направи и за лежење. Ако не и транспортерот е доволен. Ако ти е само за корпа дилемата не се мисли, не е морална. Кога треба да се породиш?
Нашата количка нема ниту корпа ниту транспортер. Син ми го шетам секој ден откако излеговме од болница, само ја спуштам на нулта позиција му ставам подлога мемори пена медицинско перниче (цел го собира на него) и ужива. Презадоволна сум. Транспортерот сме го искористиле само за на педијатар и од болница кога излеговме. Е сега количката е широка многу комфорна и кога влагам во маркет некогаш не ја собира помеѓу рафтовите. Зет ми, влага кај нас во ходник со нивната летна чико количка и вика некој паркирал џип нема место за нас
И мене ми викаа дека корпа не ми треба, ама искрено еве месец дена сме и за сега е прилично искористена. Преку ден во дневна скоро цело време во неа спие. И кога правиме прошетки во неа сме. Некако покомотно ми е отколку во транспортер. Транспртерот за кога одиме на контроли го користиме. Е сега мојата количка одеше на промоција со трите дела инаку можеби немаше да имаме корпа, па немаше ни да знам колку ми е мене практична
и ние сме во корпа, ама цка ме замисли. Во транспортер само за педијатар, кола и тераса некогаш. Ко кифла ми е внатре А што користите како подлога во корпата? Некое душече да купам сакам, каде има?