Има ли некоја мамичка што ја има количкава за своето миличко ,и искуство да ми сподели дали е лесна ,удобна за бебче и квалитетот каков е ? Ја видов поевтинета со гратис кенгурче https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1217519565058861&id=433696006774558
Јас ја имам истата супер ми е година време нон стоп ја возиме секаде со неа сме удобн е според мене и вреди за таа цена, но кенгурот мене не ми е убав фалш плус беше и тогаш кга ја зимав јас имав плус кебенце гратис.
Здраво мамички. Дали некој ја има количкава на Лорели и како сте задоволни https://img01-olxby.akamaized.net/i...gulochnaya-kolyaska-lorelli-s-300-polotsk.jpg
Ја имам стефани презадоволна сум. Прелесна за возење и за носење. Секој ден на шетање со количката сама ја симнувам од 4 кат. Додека ја шетам малата ќе испазарам најлоните во корпата и назад дома. Тоа што има видено мојата количка незнам дали има други. Имам носено лубеница и вреќа пиперки а возењето е исто како празна. За 1000 денари поскапа е од рејчел, а добиваш поголема корпа долу за оставање работи и поголема чанта за бебето. Спојлер: Како се пазари со Количка :)
Ја имаат во локо кроко само количка 10 000 ден инаку и мене стефани нна лик ми е поубава сеа видов настрешница има поголема и корпа ууу големото синче ке го собере.хихи може ли само внатрешноста да ми ја сликаш дали е мека ппдлогата ми мн битно.
Вака кога ве читам за колички мерак ме фајќа и јас да земам нова...а искрено и старата ми е нова. Со првата ќерка речиси и да не ја користевме, не сакаше да се вози во неа па баш остана НОВА, потоа купивме трицикал и количката ја спакувавме. Сега со второво дете се мислам дали да купувам некоја нова или да си ја користиме ,,старата,, Инаку имаме Чиполино Пефект, стабилна, лесна за возење ама малку гломазна. Ама овие сега што ги гледам овде по темава далеку поубави ми се, и ете мерак ме фајќа.
Исто мислев, иако не сум трудна За помалку од една година ми помина меракот за оваа што ја имам. Беба уште непроодена и уште ја возам во количка, а не ја сакам Да си купиш нова, ич да не се мислиш, кај со две деца, па и гломазна количка Така ќе се правдаш
ние имаме кангароо сарах супер е. ептен сум задоволна од локо кроко ја зедовме тогаш беше т.е лани 16.000 сега не знам колку е.
Mnogu dilemi.Ama so sovet od dr i od prodavaci odluciv da go zemam najnoviot model na chipolino 2017 proizveden vo septemvri.Ja ima vo Andrej kompani 9000 denari.Ja ima vo kafena,crna i sina boja.Jas si odluciv sina deka i vtoroto mi e masko.Ima prekriva i rotiracka racka i korpa za pazaruvanje do 5 kg.ista e ko na slikata.Torba ili dr dodatoci nema.
Хаос со количките. Де убава евтина,ама или без корпа или без транспортер ! Да не знае човек за што да се одлучи..
Добра е, да! Лесна за возење ептен, но сепак гломазна е и непрактична за собирање. Туку новите колички што ги гледам овде по темава сите ми се убави и од таму меракот за НОВА! Ама и Перфектата ми е нова, со ќерето ич не ја искористивме. Се мислав Чиполиното да ја продадам (ја купив окло 13 илјади (без транспортер и корпа) а да ја дадам за 5 илјади) и да си купам нова. Ама кога подобро ќе размислам ако и ова бебе нејќе во количка тогаш стварно џабе фрлам пари, и ете нешто сум решена да бидам економична и да се поштедам од непотребно трошење пари. Ама ќе видам, ако се подновам секако ќе објавам што сум купила!
Јас не верувам дека и новиве поквалитетни колички се понегломазни за склопување. Чадор систем се најпрактични за носење/патување, ама не се толку издржливи. Јас го знаев тоа уште на почеток. Инаку мене не ми е толку гломазна и оваа. И се вади седиште, тркала, настрешница (калниците уште на старт ги извадив и никогаш ен ги ставив пак, непрактични ми се видоа)... И јас би ти рекла не брзај. Види прво дали ќе ти се вози бебето, па после одлучи дали да ја менуваш.