Незнам дали да чекам откако ќе се роди да земиме, или да земиме уште сега. Ограничени сме со средствава за количка, и дали да земам со транспортер или без, затоа што седиште за во кола ќе ми дадат мои блиски. И оваа ми се допаѓа исто така
Незнам што да правам. Грако е и со транспортер и хранилка гратис за 15.000 ден мислам. Чиполино ми е поинтересна а Грако покласична ама се познава дека е екстра. Кажи ми што ќе се одлучиш ако си пред купување Кој месец од бременост си?
Следната недела влегувам во 7ми. Пред некој ден ги гледав и двете во живо. Мене ќе ми треба и транспортер. Па и тоа имам во предвид. Ќе кажам на крај за што ќе се одлучиме, да не биде нешто трето. Каде ја има Грако со хранилка? ЈАс ја гледав во Маша и Медо со креветче транспортно или чадор количка. И во Киддо со ваучер од 3000ден.
Јас сум веќе 6ти месец тука сме некаде. Ќе се пораѓаме во март Ја има во Прилеп. На Фб побарај Bebe centar Alf kids
Гракото е подобра од чиполино. Далеку подобра! Па и понудава е екстра. Сега да земам јас грако би зела. Количка треба да биде пред се лесна и практична за сам да излезе човек. Во однос на транспортерот да, тежок е, но мене ми е буквално најискористен дел. Кажав и претходно, дете мое легнато не се повози ни еднаш, од сам старт додека не почна да седи ја возев во транспортер, така сакаше, да гледа. Плус лесно е, го ваѓаш од кола и го закачуваш на количка само. Инаку има и седишта за од 0 месеци. За мене лично пак тоа е глупост. Да ја ставам и ваѓам од седиштето насекое, непрактично скроз. Вака со се ја ваѓам од кола.Јас уште го користам транспортерот. А и кога ќе заспие во кола, само ја носам во соба и ја легнувам. Баш сега мислев што ќе правиме кога ќе заспие, а не користиме веќе транспортер, а често ми заспива по пат, но о том по том ќе видиме. На одмор пак транспортерорт ми беше и хранилка и релаксатор и се, буквално најискористен дел како што реков.
Ние ја имаме Грако и јас сум презадоволна. Понудите ви се екстра, не ги пропуштајте, после Нова Година сигурно пак ќе ги вратат старите цени, знам лани беше така. Летната количка од Приме Бебе што ја нудат гратис во Маша и Медо, исто е супер.
И мене ми беше избор пред се ради леснината. Две пријателки ја имаат , кога шетаме се слуша крцкање доста и самите се пожалија дека им е ко разнишкана. На едната детето е 10 мес на другата 4. Мило ми е што не ја купив.
Ви се убацувам у темава ко џокер у покер, ама да си кажам од моево искуство со количка значи грако имаме, ја купивме за големиот кога се роди пред 11 години, тогаш ја плативме околу 10000, ама не жалам за парите, маста и ја извадивме, и уште е нова...само тркалата ги сменивме дека се излижаа од користење, за второто...
Еве и оваа ја видов сега исто на убава понуда 11,900 денари 3 во 1 и гратис торбица па пак се подзамислив 5000 денари е разлика со сивата што ја сакам , а и не е баш мала разлика нели
^Има убави колички по солидни цени(попуст демек "блек фрајдеј") во Маша и Медо. Пред малку ми се појави на фб.
Јас ја имам оваа количка само крем со кафена боја е и сум задоволна до сега бебе го обожава транспортерот
Баш би си купила и јас пак количка. Ама порасна малово, сеа летна може ќе треба. Ако се двоумите за Грако, немојте. Многу се издржливи. Количката што ја користиме е Грако Мираж. Три деца ја поминаа, првото не многу, ама моиве индијанци максимално ја искористија.
Vo noviot lotus ima golem izbor da ti se zavrte vo glava jas nema sansi da se odlucam. Isto i Palma Baci ima mnogu izbor samo se malku se poskapi.