Да бев и јас кога го отворија. А во Палма Баци не сум била. Ми личат дека се тешки. Барам нешто лесно, во зграда без лифт сме и сами по цел ден. Како се со цените? Гледам некој Макс рекламират.
со бела или златна боја е рачката и околу сите делови , бидејќи јас ја видов со златно ја немаја со бело во бт а гледам на нет разлика има во цената 2000денари....
http://www.bebehome.mk/01-1001243-04-3. Јас ја имам со бела, поубава ми беше. Ја купивме околу 21 000
Во кој месец од бременост купувате количка? Јас за една недела влегувам во 7ми и има промоција на количка од чиполино ама си велам да не е многу рано?
И јас така си мислам, а па од друга страна за уште два месеци можеби ќе излезе нешто друго на попуст, во Алф кидц во Прилеп постојано пуштаат некои промоции
Јас имам кангаро количка презадоволна сум од локо кроко ја купиве и најбитно е дека е мн лесна за возење,вртење,иде ѕорба со неа,транспортер,навлаки,навлака за дожд и вака изгледа: Колку пари е оваа што ти е на акција?
оваа ти иде барем и со транспортер и мислам ќе ти биде многу потребен коа ќе треба да го носиш негде бебчето да не мораш цела количка да ја носиш со тебе бидејќи навистина ќе ти биде тешко,вчези на нивната страна имаш во различни бои биолетова,жолта,црвена итн,пиши lococroco.com и ќе побараш колички и ќе ти ги даде сите што ги држат
Сите им се квалитетни на локо кроко, немам слушнато некој да се пожали еве ти и подетално кои карактеристики ги има количката
Здраво Дали некој има искуство со оваа количка? Од Bebe Home, Maxi Cosi model Quinny Мoodd?? Се купува за неа дополнително транспортер, седиштето се мести на 3 нивоа, за од 0-3год. е наменета и се собира во сендвич систем. Некој ако знае нешто повеќе или има искуство ако може да ме посоветува?! И општо во однос на количките.... дали да барам 3во1 или 2во1 кои се предностите?! Ви благодарам од напред