ние пак купивме количка на чико мулти веј,претходната ни беше на пертони,сега ќе видиме како ќе биде со оваа на чико
Форче вчера на гости ни беа кумашините и гледам носат некое поклонче(патичиња ), и кумашинкава вика слушнала дека на ново креветче се ставало по нешто за бепчето, и така сега си стојат во креветчето- демек не било убаво празно да стои. Јас не сакам многу многу да обрнувам внимание на тие работи, ама како што вика она кога ќе слушнеш и некако шубе ти е па спонтано го правиш истото
Аната што се случи со бертони количката зашто нас едно тркало веќе чудно ни стои па сакам да видам да ја однесам назад да им рекламирам
bertoni mi bese kupena za sin mi ,no moram da ti kazam deka maksimalno ja iskoristivme,sin mi jadese,spiese i setase so nea ja nosevme i na plaza,posle tri godini pocnaa da se otkacuvaat trkalata i ne vozese kako so treba,inaku vo sporedba so ovaa na chicco bertoni ni bese malku poteska za upravuvanje,trkalata ponekogas ne zezaa,inaku moi prijateli ja vimaa istata bertoni i oni voopsto ne ja iskoristija,ne mu bese pogodena ,imala nekoja mana,taka da ti proveri sepak za trkaloto
Сакам да ве прашам дали должината на количките е стандардна затоа што син ми е долг 79 цм а количката ни е 74 цм,и побарав на пазар 3 бидејки немам намера да купувам пак нова ама кај што се јајвив за павелио и алф количките ми рекоа дека се 74цм со пластиката напред,дали некој има поголема количка.позз
Сакам да купиме летна количка па ме интересира што би ни препорачале? Јас имам зимска-комбинирана Bertoni City модел ама сакам некоја наједноставна што се вика за до овде онде и за на одмор. Плус во работно време моите ја чуваат и таман за нив да е поедноставна за користење и слично. Ме интересира нешто од овој тип.. Имате ли искуство со летните на Бертони, јас сум искрено ептен фан на нивните производи, душа им извадивме и на количката и на релаксаторот кој и сега на скоро полни 18 месеци сеуште го користиме..
Во дилема сум дали да купиме седиште за кола 0-18кг и количка или тие комплетите што се 3 во 1. За траснпортерот ми е дилемата кај тие 3во 1 затоа што пишува до 13кг а од повеќето луѓе слушам дека не може да се користи повеќе од 6 месеци. Какво е вашето искуство ?
Точно, многу малку се користи и затоа јас лично не купив транспортер. Купив седиште 0-18 и без проблем го користиме од мало бебе и сега сеуште на 17,5 месеци и ќе го користиме уште долго. И за второ дете не би купила транспортер затоа што за дома си имам релаксатор кој крајно многу ни беше искористен и замислете сеуште го користиме а за во автомобил си имам седиште. Така да го носам во транспортер со рачка наоколу ми изгледа како да носам торба од пазар.
Гледам дека никој не ми одговорил па ако некој го интересира летната количка на Бертони изгледа одлично. Го купивме моделот Light и баш овој дезен лесна, едноставна и најважно малата веднаш ја прифати. Имаме таман сив чадор па се спремивме за летно шетање. Ја препорачувам! Спојлер Ја купивме во Аеродром од БејбиБлу 2100ден. Од таму ја купивме и зимско комбинираната количка и сум презадоволна од нив.
И јас ја имам зимската Сити на Бертони,и баш сега за одмор се мислам за летна да си земам. Јас сум задоволна од зимската количка но едното тркало нешто ми шкрипи,а читам имаа повеке што се жалат од тркалата. Па сакав да те прашам на летнава количка какви се тркалата ,и дали има корпа на сликата не ја гледам. А ценава за летна количка е топ. Ајде со здравје да си ја возите.
И ние ја имаме Сити ама кога ни стигна сопругот сакаше сам да ја склопи и се си подмачка како што треба и ништо не шкрипи и е ОДЛИЧНА! Оваа лајтот нема корпа за пазарење ама и да има би била минијатурна да ја има така да не ми смета ич. Многу топ и цврсто делува, ми значеше да имам прачка напред која се вади и да има и стреичка да не ја користам само со чадорче. Ако се мислиш, јас ти велам ич не се мисли купи ја.
Ова количка како што ја гледате, така е и сега зачувана. Од на брат му дечињата, така да ништо чудно нејзе да си ја искористиме.
Што можете да си искористите, камо јас да имав да ми позајми некој нешто. Во контест на количкиве ние ја имаме Брио happy и сум ама пре пре задодоволна. Нашето беше есенско бебенце па максимално ја искористивме до пред недела дена. Е сега идеме на одмор и голема е за да ја носиме со нас, па на поклон добивме летка количка чадочре која ни се покаќа супер во секој поглед-лесна, практична и да е сама мама со бебе да може да се снајде да ја носи, отвори и бебе да се вози со неа
Мамички кажете на што највеќе да обрнам внимание при купување на количка, бебчето треба да се роди здравје септември
Знам дека темата е за колички но пошто нема за седишта да не отварам нова. Ме интересира дали може во ова седиште да се вози детето од болница до дома, пишува дека е од 0 месеци и се спушта скоро колку траснпортер, но не сум сигурна дали ќе може ? ??
Ние го имаме истото седиште, некаде на 1 месец ја ставивме во него, тоа перничето се користи до 6 кг мислам беше, потоа се вади. Може да го ставите бебето и од болница, кога е спуштено седиштето положбата му е иста како кај транспортер.
Ние добивме ваква количка за подарок. Ептен ни се погоди, јака издржлива, квалитетна. Три нивоа на подесување - скрос легната, полуседечка и седечка. Мене дури и анатомска ми изгледа . Ова ние трето лето како ја користиме (иако мали веќе не ја обожава баш од причина точкови и коли). Топло ви ја препрачувам на сите.Наши пријатели мака изнамачија со количките, де менење лагери на тркала, де сокинато платно... За оваа само една замерка, комлицирано се собира и троа големка е за во багажник. Седиштето се вади башка и може да се користи и како седиште за во кола, но мене лично не ми изгледаше тоа некоја сигурна варијанта па не го користев како такво. Со неа оди гратис ранец и зимска прекривка. Добивме на поклон и летна количка и тоа две. и направивме погрешен избор- ја задржавме се разбира која ако не- неквалитетната.... По крш не можеше да биде ...
Женски ми треба мислење за количка каква да земеме, ваши искуства? Имам уште некој месец па можеби да начекам и нешто на попуст. Со мм бевме првпат во бебешки продавници во сити мол и првата продавница што влеговме многу беше скапа (мм пребледе коа ни ги кажаа цените хахах), француски производители бејби комфорт и беа по 600евра комплети. Единствено ми остана впечаток една од тие продавници што продаваат германски колички и ми изгледаа доста стегнато, продавницата мислам дека се викаше бејби блу ама не сум баш сигурна и цените им беа до 20тина илјади... Нашето бебче треба да се роди во септември, значи ми треба некоја зимска стегната количка. Поздрав