Дефинитивно е до детето. Пробав и со дупла ( позајмив од другарка) за секој да има свое место. Пак не сакаше да седне. Си помислив за онаков додаток со тркалца позади да стои( може тоа кај вас би функционирало) ама немав од кого да пробам, а да купам ми е ризик, може џабе ке биде и баталив. Инаку се до моментот кога дојде бебето големиот обожаваше да се вози, со саати, можеше и по три саати да се успие во неа.
И јас разгледував опција такво со тркалца...ама страв ми е да не е љубоморна, дека мора да отстапи место. Во последно е ептен љубоморна на помалото, а тек на третото. А ги гледавме, ептен се интересни, се мислевме. Вака се мислам најмалото и она во дуплата, а средното, демек уште не разбира толку за да покажува љубомора, во единечна. Една ептен лесна за склопуавње како рачен багаж му иде.
Па можеш и со две колички. Зошто сигурно сама со трите не би одела ( бар дур се мали) така да секогаш ке има кој да бутка две колички.
Здраво на сите. Чекаме второ бебе, синко е веќе 4 години, и количката од него видовме дека нема да ни врши работа, па гледаме за нова. Старата количка ни беше чадор систем и ми беше многу лесно да ја склопувам/расклопувам (не сум возач и одам секаде со такси, башка што живеам на спрат). Новиве колички гледам дека се расклопуваат во 2 дела, и не знам како би ми било од практичен аспект, па барам искуства. Дали ви е проблем со количките? На пример, дали можете сами да сте со бебето и да ја качувате-симнувате, склопувате и расклопувате без проблем?
Јас сеуште сум тазе мајка, но од оние неколку пати до сега кога излегував со количка, ми изгледа се многу комплицирано со нашата количка која исто така се расклопува во 2 дела. Исто и за во кола седиштето и рамот го зафаќаат цел багажник, па плус на тоа и транспортер или седиште за во кола.... Затоа сепак мислам дека чадор систем се подобри, иако тешко сега веќе се наоѓаат (освен летни колички и неколку модели на Чиполино). Да напоменам и дека нашата количка е една од помалите модели, а имаме и голем багажник, па пак едвај ја собира. Се мислам што со неа кога ќе треба да се патува и да се носат и куфери.
За патување мене ми е лесно, ја имам на GB pockit количката и да можам од старт би го ставала бебето во таа, ама таа е од 6 месеци немаме голем багажник, а ќе има моменти кога со големиот и со бебето ќе треба да одам некаде сама. Мислам дека ќе се откажам од убава количка (а се заљубив во една од оние со корпи), само заради практичниот момент.
Би ти ја предложила (во зависност од тоа колкав ти е буџетот) Лола од Бебеконфорт. Многу убава, практична и цврста количка чадор систем. Исто така повеќето колички на Чико се чадор систем.
Јас колку што се сеќавам може да се склопи со седиште и без него. Еве и слика: https://alve-d.scdn.gr/images/sku_images/002418/2418463/20151130164912_75a56ef5.jpeg
ова е преуба ама искрено не ми се дават толку пари скапичка е а и ризик дали ќе се вози големиов .......
Да, скапичка беше. Се тешам дека со двете максимално ја искористив и сега со трето на пат ``душа ќе и извадам`` .
Имаш ли линк од количката и дали знаеш колку пари е од прилика? Не можам да ја најдам по нетов. Сеа за сеа гледам една на Чиполино и една на АБЦ Дизајн.
Порано имаа веб страна, сега не можам да ја најдам. Успеав да ги најдам на ФБ, еве линк https://www.facebook.com/igardtoys....495yjiR0GDmFGp_5mh2npZgla-SNoO4clEMGY&fref=nf Гледам на акција била 16000, не знам дали уште им трае.
Мамички може ли мала помош. Месец дена барам количка за бебушот и во дилема сум. Може ли да ми предложите од искуство некоја што е практична. Во дилема сум дали е подобро да биде со 3 дела, односно башка корпа, седиште и транспортер, или на 2 дела односно корпа што се трансформира во седиште плус транспортер.
Јас само ќе ти кажам да бираш количка која лесно се трансформира, значи да биде веројатно со седиште што е 0+ кое може да се врти и кон тебе и кон напред. Исто пази лесно да се управува количката и лесно да се склопува односно да не треба да го вадиш седиштето за склопување. Мојата е на пример со седиште 0+, се врти 360 степени со една рака дури и со дете до две години во неа, и се склопува во еден или два потега зависи како е свртено седиштето, се расклопува со една рака. При тоа не е чадор систем туку е нормална големина зашто нас не ни беше проблем големината за во багажник и тежината на количката бидејќи имаме добар багажник и лифт во зграда.
Гледај да е лесна. Ако можеш да ја свртиш со една рака, таа е. И јас кога бирав имаше многу убави колички ама гломазни и претешки. На крај одбрав 2во 1количка. Со корпа што се прави и седиште и транспортер. Бебето ми е скоро 6 месеци и транспортерот и корпата ми се скроз искористени.
Може некоја што е задоволна од летната количка да ја сподели? Значи да се спушта наслонот и да е чадор систем. Фала