Здраво мајки, нова сум на форумов, наскоро ќе го родам бебуш па сакав да прашам мислење за количка. Има некој искуство со оваа
Снеже, јас не би верувала на вакви попусти. На фб подолго време ми излегуваше реклама за игралиште за во двор, такво со лизгалка, куќичка на спрат, две лулашки и некои јажиња за пентарење, демек со огромен попуст, од 1000 долари на 200 долари, и викам ако е за 200 долари одма инсталирам еден сет у двор, ама кога ја најдов фирмата на нет и ги прашав дали продаваат преку таа страница бидејќи се сомневам во цената, одма ми одговорија дека кај и да видам такви попусти да не се летам, дека е лага, и ми посочија преку кои страници продаваат, каде што, нормално, цените си беа високи. Нене88, штом си на спрат, верувај тешка работа ако треба по скали да ја симнуваш, уствари не тешка работа, него има да ја фрлиш на трето искачање и у раце да го шеташ детето. Јас имам од оние најгломазните со три дела, корпа, транспортер и седиште, со големи тркала на пумпање, одличен квалитет и совршен изглед, многу ми е убава количката, да треба сега да решам пак за неа би се одлучила, ама не е за сам по скали да ја симињаш верувај. За сега ни стои внатре дома зошто син ми си лежи и си спие во корпата, инаку живееме во куќа на два спрата а ние сме горе, но штом се стопли времето, планирам да ја оставам пред врата спремна за шетање да ми стои, јас сама со посебни гломазни делови нема шанси по скали да се мкнам, искрено, малтретирање е ако си на спрат во зграда, освен ако имаш лифт, е тогаш нема што да ти е тешко.
Нашата е многу лесна. Алуминиумска на Carello грчка фирма мислам. Познати им се на некој? Пробав да ја симнувам се симнува со една рака одма се склопува и расклопува. Супер е . Се надевам дека ќе ја искористиме максимално
Ние ја одбравме Бебетто Холланд 3 во 1.Прекрасен изглед,квалитетна,може и со една рака да се врти.Не е тешка за склопување.Уште малце ќе ја пробаме со бебуш за сега си ја гледам и малку ја возам низ соба од мерак
Со здравје да се вози беби, ние сме многу задоволни од Бебетто за сега, стварно ветува екстра квалитет
Ти благодарам мила.Јас од почетокот бев решена за Бебетто не гледав ниту една друга.За 5 минути одлучивме која ќе ја земеме и навистина не сме згрешиле сега си ја чувам како украс дур бебето не стигне
Од Енци Менци ја земавме, некаде околу 19.000, два во еден е, со тоа што корпата се прави и седиште за поголемко дете.
Ние ја имаме истата но црно белата варијанта... Ние ја возиме веќе 3 месеци и сме презадоволни лесна за возење со една рака се бутка...Бидејќи сме родени крај ноември корпата ја користевме за да си лежи преку ден а до лекар(контроли) транспортерот го користиме.Сеуште ја возиме со корпата...Само што нема корпа ептен е мала но искрено на пазарење не ќе одиме со количката Ташната што оди со нејзе си е супер Корпата има 3 нивоа кај главчето што лежи...Рамката многу лесно се расклопува и отклопува не е гломазна што нас ни беше битно бидејќи немаме голем бакажник... Јас уживам кога ја возам а и синко од прв ден си заспива во нејзе
E arno ama koa ke porasnete nema da ste zadovolni. Sedisteto e mn tvrdo i plitko. Jas se zeznav iskreno
Јас се мислев меѓу Кидо и Грако. Изборот падна на Грако баш поради тоа што ми личеше дека има поголема корпа и подлабоко седиште. А во план ми е корпата барем овие месеци да ја користам кога шетаме. Ова вака од око проценето. Можеби навистина нема врска. Кидо ми беше навистина полична. Ама ми изгледаше плитко. А и барав нешто лесно. Оти ќе има моменти сама ќе треба да слезам. Па и тоа беше пресудно. Како ќе се покаже нашата тек ќе видиме. Со душа чекам да излеземе на прошетка.