Плус се спушта, а "обичната", не. Ме интерњсираше дали е практично спуштањето дека на врвка беше, па да не е многу тормозење.
Не се спушта мојата. Дуплата ми е со таква опција, па сега барав нешто стварно едноставно. Колку од А до Б. Во раце да можам и дете и количка да симнам надоле, за низ трговски, да не зафаќа воопшто место во багажник, плус при летање се прави како мало мини куферче па може и како рачен, да не се предава на персоналот. Ако ти треба слика однапред, како седи дете, да барам во телефонов слики
Слична е и оваа плус - се пакува ептен мини, само што има опција за спуштање ако заспие бебе мене за авион ми треба. Жал ми е да ми ја трескаат оваа што ја имам сега, а ова пердувче е.
Мамички во дилема сум и се мислам помеѓу KIDDO JAZZ KIDDO CRUIZE I GRACO EVO. Многу ми е важно количката да е лесна. Слушам мн различни мислења па ве молам за помош. Дали навистина количките на киддо биле седиштата многу плитки и потесни па се користеле до кај годинка?
Imam kudoo kruz katastrofa Trebase da mi kazat deka kolickata e bebeska a ne detska.. bebe 3 meseci korpata mala ne moze race da rasiri tregiot najgolem del sega ni e tocen malce da porasne i tolku Kvalitet nikakov ziva plastika i los materijal.... Najkrivo mi e sto ne stedev na kolicka ama vo prodavnicata me ubeduvaa mn e prakticna najprodavana bla bla ... Moja preporaka kidoo nikako
@Lolipop23 a i drugite sto ginimate GRACO EVO od kaj gi kupivte? Kaj se najevtini? Najverojatno Graco evo ke bide i nasata, samo neznam se isplati da zemam 3 in 1 ili da sinzemam 2 in 1?
Da ti kazam jas nacekav super ponuda, za 14600 Graco Evo 2vo1 plus gratis letna kolicka na Prime bebe. Poeftino zdravje. Vo Baby Blue bese 16 000 samo kolickata. Prodavnicata ja imav lajknato na FB, Kiddo Struga. Ako ne se brzas razgleduvaj na poveke mesta, mnogu cesto gi stavat na akcija. Vidi i vo Liberta Negotino mislam i tie ja drzat.
Ако ти е за патување земи ја било која од двете. Ние со обичната Покит бевме за Москва, и авиони, и метро, и трамваи и што уште не поминавме со неа. По 18 км на ден пешачевме во просек. Дете цело време во неа, или собрана во ранец ја носевме. Сега кога барам количка за второво имам страшен проблем, се преголеми ми изгледаат склопени колички што се 0+
Јас имам Грако Ево. Месецов интензивно ја возиме. Задоволна сум. Единствена мана е краткото покривче ама докупив чадорче. Лесно се вози. Мојата е 3во1. Ги користам засега и корпата и транспортерот зависно временските услови.
Исто мислам и јас, Грако Ево маана и е малата настрешница и црната боја за жешко, инаку лесна е и солидна за цената. @Angel.girl ефтини се и во Бисер, на први спрат, продавницата се наоѓа над Стружанка. @duffi може ли да ми кажеш каде најде чадорче? Има ли додаток баш за таа количка или универзални се сите?
Ќе се вмешам. Јас сега купував чадорче во бебе центар во аеродром. Со универзално закачување. Имаше црно, тегет и сиво(нашето е сиво) и се со ув заштита. Чини околу 1500 денари.
Мамички, ве читам и повеќето се одлучувате за полесна количка. Ние ја земавме TRIO BASS на ROAN. Тешка е, со големи тркала и многу стабилна, а и нов модел. За искуство, ќе ви пишам откако ќе пристигне бебето. Се надевам не згрешивме. http://www.encimenci.com.mk/catalog...trio-bass-dove-white-roan-103118/category/82/
Женски што е разликата со гумите на количката,од оние што се со пумпање и без ? Колку голем проблем е ако се со пумпање ?