А, ако се пластични и се скрши тркалце, ќе имаш резервно за да смениш? Или каде би барала друго? Ако ти се бендисала количка со такви тркала, таква да си купиш.
@Mimmi39 количката ти е преубава, убава и лесна вожња на бебушка и најбитно да ја сака Јас сум од тие со тешка количка, стабилна, цврста топ е, ама малку и комплицирана, тешка за сам со бебе да ја ракуваш. Јас сум куќа па напор ми е, не пак стан да сум.. Ама да би бирала пак би потешка, што знам поцврсто ми делува, а сакам стабилност, полесните ми изгледаа дека при поголем ветер ќе одлетаат со се бебе Во однос на гумите нас ни потенцираа да земеме гумени кои не се пумпаат, како тврда гума доаѓаат, досега одлично се покажаа, останатите знаеле да бидат покомлицирани (оние кое се пумпаат) особено во лето на високи температури..
Таман конечно се кандисав за некаква,и сега ова со гумиве излезе.Дај нека сподели некој искуство со помпање на гуми,дали му пукнала од жешко ?
Се е до квалитетот. Доколку не е квалитетна и пластичните ќе се искршат бргу, како што и овие на пумпање би се издишувале. Мојата дупла е прилично квалитетна, со гуми на пумпање, трета година ја возам и никогаш немало проблем.
Баш скоро во групиве имаше мајка пишуваше каде да најде гума за количката, и се дупнало задно тркало, никој не и одговори.. Инаку ако се дупне, ако нема од каде резерва да се купи, има опција залепи За нашиве крш улици гуми на пумпање боље...
Ние заради гумите ја одбравме количката полнети се со гумена маса и не се пластика во основата малку е гломазна, ама убава вожња ветува не шкрипи дур се вози и има огромна настрешница за сонце буквално цело седење го затвора.
Знам само дека се кинески колички по багатела цени. Ги возат многу кај нас низ град. Има другарка ама не е задоволна. Вели се свитка на две. Друго конкретно не знам што да ти кажам. Некој ако купил најубаво ќе сподели. Јас бирав лесна количка и пак не е лесна. Сама со неа од зграда не можам. Среќа мајка ми се до нас па стои кај нив. И корпата и транспортерот се тешки. Основата да лесна е. За местење е лесна, се е клик клак систем. Едно вадам друго ставам и тргнуваме. Во однос на тркалата мислам дека се гумени ама не се пумпаат. Јас сум се на се задоволна. Битно е дека бебе седе во неа. Не ја буткам празна а бебе во раце.
Тоа ми беше, да ми каже некој за квалитет. Фала на инфо, бар да не се покренувам до Ср А некој искуство за Гала количката? Нејќев да е во 2 дела, ама на крај пак изгледа таква ќе биде.
Ти благодарам Се надевам ќе ја возиме и ќе биде удобна за бебето. И мене тешките ми се постабилни и поубави. Нека е тешка за во кола, не смета, ќе “билдаме мускули”.
Duffi jas Gracoto so bebe vo nea i den denes ja simnuvam sama po skali. Epten mi e lesna, ne znam za korpata samo, moze taa tezi, nasata e bez korpa.
@kukla21 каде кај нас ја има количката за која зборите со @danichap ,јас барам мала и едноставна летна количка ,да се спушта за спиење а и лесна да ми е за носење.
Chicco O la la, Pali vo Bebe Home, двете околу 6.500 ден и помалку од 4кг тешки, со неколку нивоа на наслон. Цените можеби се веќе променети, во зависност од траење на нивните попусти.
Мамички јас ќе ви досагам тука изгледа додека не купам конечно количка. А да ми кажете мислење конкретно за количките на Cybex? Крш ги држат. Конкретно во око ми влегоа Cybex bimisi flex 3 in 1 и Cbx Agis m air 4. М? Некој коментар?
Искусни помагајте Ја терам 31вата недела од мојата прва бременост, и не знаев дека најмногу ќе ме измачи изборот на количка Бев решена и заљубена во таа Kiddo Cruze, но баш тука прочитав лоши коментари за неа и сега сум во недоумница. Вчера бев тука кај нас низ продавници и ми падна во око една на Cybex bimisi flex 3in1- 18.000den но не ми ја презентираа баш нешто,а јас прв пат слушнав за таа фирма, продавачите повеќе ме напнаа за таа на Graco Evo 3in1 мнг ја исфалија, а мене лично не ми се свиѓа, многу гломазно ми изгледа. Ваши коментари ?
Јас имам кидо количка и сум задовилна. Се зависи што очекуваш од количката. Оваа лесно се уоравува, лесно се склопува расклопува, тркалата се вадат лесно. Јас сите три дела гу искористив максимално. Односно количката допрва и ќе ја користиме, ама и корпата и транспортерот се погодија. Единствена мана е што самата количка за да се спушту во позиција за спиење е со ротација, а не се отпуштање во кој случај би се добило во длабочина на количката, ама и вака е ок барем за мене.