Ај совет. Се мислам за на одмор. Беба ќе биде 9м, количката што моментално ја возиме е доста голема, а ние во кола сме со мал багажник. Може ли 9м бебе во чадор количка да се вози, се спушта до агол од 45 степени за спиење евентуално? Врзано нормално
Може. Ние лани летото, на одмор, го возевме средното на 5-6 месециво летна количка free on sun pro. Од локо кроко по карго ми ја пратија. Немаше проблем. Мм донел една друга количка, flac moon. Вчера свртевме неколку круга низ наделба, ептен ме бендиса. Лесно се склопува и убави се маневрира. Стабилна и удобна.
Ќе отидеш и ќе прашаш. Би требало да ти ја вратат. Ние менувавме релаксатор таму, но да немаше таков каков што сакав, ќе си ги побарав парите назад.
Дали некој има од овие колички и како сте задоволни? Рано ни е нас за количка, меѓутоа ако излези прилика да одам на кај Скопје би купила и од сега. Ве молам за мислење
Не мора да брзате, вакви попусти секогаш има, а ќе искочат и многу нови додека ти дојде времето за количка.
Јас поим немам со количка што ќе правиме. Сега ја гледав оваа и на попуст е па дали има некој искуства? Сакам да откачам од список количка и креветче да не му ја мислам. http://www.encimenci.com.mk/kolichka-trio-love-motion-sand-shell-chicco-793344399
Дали некој ја има количкава, онлајн продавница е па не знам дали е стварно така добра како што изгледа на сликиве ?
Баш сега бевме да ја видиме ни ја нудеа демек голем попуст. Убава е и лесна ама пак не сум сигурна, ги гледав и овие од Либерта ама пред месец време и сега не можам да споредам. Тркалата им се подобри ама потешки се. За овие бебето и кунерт некој има ли искуство? И меѓу чико и овие за која би се одлучиле? http://www.libertabebecentar.mk/kolichki/bebetto/bebetto-murano-3-in-1 http://www.libertabebecentar.mk/kolichki/kunert-2/kunert-mila-3-vo1
Кунерт мила- цврста, стабилна, амортизација топ, корпа долу за да испазариш ехехее... Зимска количка е повеќе, тешка еден тон. Ако немаш скали, ја препорачувам.
Јас ја имам оваа количка исто на belecoo. Купена од лотус м од струмица за 7200 ден. Многу е практична, лесна е за возење. Кога беше помала цело време лежеше во корпата, еве сега е 8м и сеуште има комоција во корпата. Стреата за сонце е голема и убаво го заштитува детето. Јас сум многу задоволна од количката. Едина мана за оваа количка ми е дека конструкција е широка па не ми ја збира во багажникот на колата( имам мал багажник).
Моево здравје јулско бебе ќе е. Викаш тешка е а? Јас сум на први спрат од зграда и имав на ум конструкцијата да ја чувам во кола т.е маж ми да ја симнува пред да оди на работа, а јас само со корпата да се симнувам и да си ја местам. Или многу се занесувам? Ги видов количките се многу стабилни, а оваа од чико е лесна ама тркалата не ми прават кеиф.
Не е безбедно, корпата нема каиши Би ти препорачала да си земеш летна количка што се спушта до нулта, на која може да се закачи транспортер. Верувај, ич не е лесно да се симнуваш со бебе, количка, па торба и сл. пп скали. Јас имам 6 скали, па некогаш смрт ми е!