Благодарам @kukla21 бев во mothercare ми рекоа дека нема а во крш има само за едно бебе на mima. Ке прашам сега и во бебе хоум.
Бидејќи не ги барале многу и затоа не порачувале. Видов во грција и бугарија таму има па ке проверам. Во бебе хоум ми кажаа за некоја марка egg 3 во 1 со адаптер и цена 110.000 ден.
Мислам дека едно позади друго седат децата во таков модел. Јас користам модел каде се едно до друго, мислам дека е многу подобар тој распоред.
@Diva_ma јас имам Mima.Купена од Крш, се што сакав беше по нарачка. Ништо немам купено за количката од одма . Чудно што не може за близнаци да се нарача ...
@Diva_ma јас имам Egg (единечна) и си ја нарачав во боја и со додатоци какви што сакав. Презадоволна сум од количката, цврста, челична, стабилна, ултра лесна и прецизна за возење, а и не е тешка и гломазна за склопување. Јас ја препорачувам иако е поскапа и секој дел посебно се купува (во ист ранг е со Мимата), вреди навистина, па ако си во можност дај и шанса, разгледај ја, види искуства на нет. Има опција за додаток на уште едно седиште за близнаци или за помало/поголемо дете, со адаптер, имам видено низ парк, само што јас едно дете си имам и си возам засега
Пред колку време ја купи. Јас денес бев во веро ми кажаа за други марки на колички а мима не порачувале. Ја видов и на egg стварно е убава ако е скапа а и вреди. Мене за близнаци ми треба па ќе размислам . Фала Да да едно позади друго и се двоумам многу пошо сите ми кажуват не оваа она другата и ме предомислуват. А јас одлучив или на мима или егг,една моја пријателка има и на stokke многу е убава.
Пред 1 ипол година . Види во крш ама во сити мол . И јас мислам дека подобра варијанта ти е едно до друго место едно под друго . Не знам какви опции има за близнаци низ продавнициве наши.
Ovaa madrid jas ja zemav, no na kraj se predomisliv i ja vrativ, sedisteto ne se vrti za bebeto da gleda nakaj majkata i iskreno ne mi gledase nesto kako dobar kvalitet,so ogled na toa deka ne e nesto evtina, losho mirisase koga ja raspakuvav kako na kineska roba, i tie ”adapterite” na koi sto se postavuva transporterot i korpata mi bea sumlivi. No sepak ova e samo moe mislenje.
После година ипол користење на dada paradiso искуство те молам ? Околу количката имам единствено огромни дилеми а тука на темава не најдов многу за овој бренд . Единствено ти и уште 1-2 феминки споделиле дека ја купиле ама нема фалење-жалење искуства... Ада еве и тебе да те прашам како ве служи количката? Јас сум во потрага за количка па си го стеснувам изборот. А нема воопшто искуства во темава за dada paradiso количките.
Количката е супер , ептен е убава ,стабилна , со амортизери, корпата ми беше омилена , сега сме на седечкиот дел . Но , многу е голема и многу место фаќа во кола , мораше и летна да купиме . И транспотерот и корпата максимално ги искористивме . Ако сакате ваков вид на количка нема да згрешите.
a за bugaboo donkey си прашувала? од тој ранг е отприлика, едно до друго се седиштата а изгледа доста компактно. тука во Германија многу ги возат
Јас имам дада парадизо количка 3 во 1, за возење е одлична, тркалата се предобри лесно се врти и бутка со една рака, цврста конструлција, изглед феноменален. Е сега, општо целата количка е тешка и гломазна, ние го користевме само транспортерот на неа наместен за возење и супер се покажа но кога бебо имаше 6 м се преселивме во зграда без лифт па така купивме летна количка која ми стои во гепек а оваа седи спакувана и чека второ дете Мене ми беше многу непрактично кога ќе се симнев до кола со бебе во раце, прво треба да ги извадам тркалата со две раце па да го извадам седечкиот дел да го ставам па да го зимам бебето од седиште кое додека чека некогаш урла и така...после истото за пакување за дома и се откажавме од користење. Летната со една рака се отвара и тежи може едвај 4 кг така да тоа ни беше подобра инвестиција. Доколку живееш во куќа или имаш лифт тогаш нема да имаш проблем.
Ве читам за колички, и ме премислувате. Јас ја имам трио количката од чико, чадор систем и сакав да ја купиме урбан, исто на чико, за да пасува и транспортерот. Ама вака кога пишувате дека на крај пак купувате летни и полесни, изгледа со старата ќе останам. А урбанот баш ми се свиѓа. Ама кај нас често знае да е расипан лифтот, иако сме на први спрат, пак ќе мора да се симнувам по скали во такви ситуации.
@tambelina и ние исто купивме летна Chicco... Dada Paradiso во почеток ми беше супер, презадоволна сум од првиот (транспортерот) и вториот дел (корпата), но од третиот кој е за 6+месеци кога бебето почнува со седење воопшто не сум задоволна, нон стоп се спушташе надоле, а и плус се искилавив и доста непрактична е за во кола, цел багажник го зафаќаше. Многу е убава на изглед, но не би ја препорачала... Кешки мене некој да ме советуваше ќе си ја земев Graco Evo
Не сум прашала бидејќи ја немам сретнато никаде како име. Прв пат слушам. Јас сепак се одчучив да ја земам на egg за близнаци. Фалаш