Ајде мајки помош, кажувајте каде има шарени колички Cosatto секако е прва на список, веќе и се јавив да прашам каде ја имаат да идам утре, ама да имам опција ако не ме бендиса Ме буни тоа што не се споени рачките или ОК е и така, а ќе може да се бутка со една рака и бебе во друга Urban-от ќе ја пензионирам, ја мкневме на одмор и немавме мака, еднаш ја склопивме и само си седеше во соба (на приземје бевме), ама за сам човек со бебе ич не е. Од тоа ставање/вадење/склопување/расклопување во кола ми се стужи, а бебе нервозно чека, па и се мислев ќе најдам прикладно место да ја чувам во влез и одма за искачање низ врата ама ништо од таа опција..
Јас се предомислив за косато.. Материјалите им се многу лоши и германциве ги имаат забрането ради состојките во материјалите што ги користат.. Баш ќе ти пуштам сега линкче да прочиташ. Инаку да преубави се шарени. Јас на крај земав макси кози.
Ова е бонус, подобро ти е таква количка, колку што имам забележано на слика има црвено копче на средината што значи со една рака отвори затвори. Јас имам таква количка и е најпрактична ама не е косато, од лококроко лани ја земав Торнадо мини 4900 беше. Чекај одново прочитав, не се или се споени? Ај слика прати
https://www.adac.de/infotestrat/tes...isiID=381&nc=True&info=COSATTO Hold&ergo=True Мене многу ми се скрши филм.. Заљубена бев у косато... Еве прочитај.. После шубе ми беше..
Ааа моја грешка многу брзам кога читам, мислев за една друга косато збориш, многу едноставна со споена рачка и џиџана секако
Ако се одлучиш да не е џиџана, би ти препорачала да си земеш на Cam, поквалитетни летни од тие нема. Тетка на мм има една 10години и више е мислам, абе гајле нема, ептен убава цврста конструкција. Ги меркав во Веро Центар горе во Крш, има и со споена рачка. Башка мислам дека рече дека си висока, немој да се зафркнеш да купиш некоја со ниски рачки или позади ептен да е накај тебе и да си ја шутираш, прво тоа гледај! А ваму има со ептен високи рачки што ретко се наоѓаат Би си купила одма и јас од таму, но периодов парите на друго ми летаат...
Дефинитивно не со раздвоени рачки. Многу потешко се управува и со две, а камо ли со една рака. А тек да треба дете да држиш и да ја буткаш. Мислам таа на @kukla21 e најдобра, ама не е џиџана. И таа на чико што беше на промоција, 3,8 кг со споена рачка. Ohlala мислам беше моделот, ама и таа не е џиџана. Инаку ја има золва ми и два спрата сама со дете ја симнува.
Мајки дали имате искуство со некоја од овие колички? Се мислам помеѓу овие две. Имаме убава количка ама напорно е расклопи склопи, тешка голема па сакам некоја летна и не многу скапа. Ако имате и некој друг предлог за поевтина кажете
Јас исто се мислев да земам летна количка, ама на крај одлучив да инвестирам во некој подобар и поскап трицикл. Посекако сега не сака многу да е в количка, плус не спие повеќе в количка надвор, интересно и е се шара, гледа па ќе поминам ова лето со оваа на кенгароо. Тешка е за сама носење ама ќе се снаоѓаме
Кажаа со вакви рачки ич не се практични, барај си други Мм ми го рече истово, да ја издрндаме летово оваа па на пролет оние како точаче на буткање, ионака по него на малово тоа повеќе ќе му се бендиса, а сега да си се помачам со тенков
Таа е за низ шопинг центри измислена. По издрндани улици или нерамни паркови малку потешко се вози, ама полесна, попрактична и поедноставна за склопување нема.
По скопскиве улици се е такво, ама супер ми се покажа. Кај мене у маало ко што е се градилиште, добра се покажа. За во сити мол @emkaemka нема зима
Да да, ок е. Јас оти навикната на дуплата со огромни тркала на пумпање, па се споредбено со нејзе не ми е до толку стабилно. Ама и од мене само пофалби за количката, и ние душа и вадиме. И по шопинг центри и по улици и по паркови.