Iskreno skapa e za bez transporter... imas opcija da dokupis ama zosto dopolnitelen trosok... razgledaj na stranata na bebesupermarket imaat dosta dobri kolicki
Девојки, ја има ли некој количкава за близнаци и како е задоволен? http://www.libertabebecentar.mk/kolichki/kolichki-za-bliznaci/kolichka-twix-chipolino-2
@Bibi30 купувте количка за близнаци? И јас се двоумам меѓу таа на чиполино стабилна ми изгледа има убави големи колца или пак на косато многу се интересни ама колцата им се мали како летна количка, понестабилна е. Изборот е тој...никаков... Стварно за близнаци нема убав избор
@Feodora уште не, ама изгледа ќе биде таа на чиполино. Не да нема избор, кога ќе кажев на продавачките количка за близнаци мислам и на нив им се темнеше. Ако ја зимаш скоро, пиши како ќе бидеш задоволна, јас имам фора бар уште 2-3 недели
Видете тука... https://www.facebook.com/876972512383728/posts/1815245648556405/ Другарка од тука зема многу убава, едно пред друго се бебињата и се вртат седиштата секако + транспортери има.
По долго размислување, ја купив оваа количка. Вака ми изгледа лесна, ќе ја пробаме здравје за брзо. Ја купив по препорака на другарка, многу е задоволна од количкава. Сама ја симнува по скали, не е тешка, лесно се управува. И не е скапа,што е голем плус
Дали некој го има овој модел на количка и како е задоволен? https://www.google.com/url?sa=i&sou...aw0FLQKFi_gQHLa38X4Nb4V1&ust=1531848072378753
Ја исчитав темава но не најдов мислења за количката Торнадо Т4, а баш таа ја бендисав Има ли некоја мамичка искуство?
Мамички како сте задоволни од количките на Лорелли што се со задни подолеми тркала, воздушни тркала и алуминиумски рамки. Општо ме интересира искуства од оваа марка како се покажала, истата ја има во Baby Blu и во Чико. Поздрав мамички
@Bibi30 @Feodora Ние ја земавме таа bebetto 42, од Неготино. Малку поскапа ми беше, ама искрено маста и ја вадиме. Земавме и транспортери, и транспортерите на седиште, а во багажник само металното, ептен ни е погодно за патување. А често имаме контроли до Скопје, и сум презадоволна. Плус корпата е за бебиња до 6 месеци и често ја користев и за спиење по дома. Предноста исто ми е ширината на количката дека можам да влегувам низ секоја врата. Да, доста пари е, ама искрено по искористувањето планирам да ја шитнам за некоја паричка, ако остане читава
Ние ја имаме торнадо т4 1 година и сме во глобала задоволни Ја возиме низ битола и по калдрма и охрид до двете цркви до горе сме биле издржува Мислев дека ми се скрши тркалото,барав резервно и немаше добро што само мислев дека е сркшено иначе ... Иначе и транспортерот макс го искористивме, корпата е прелесно да ја префрлиш од една во друга позиција, дури беше малечка бебушка најмногу спиеше во количката дури шеткавме а беше заштитена од ветер.
Оф, јас бев запната за таа на бебето. Но на маж ми не му се допадна дека едно позади друго па кое ќе бидело напред кое назад . Така ме прекандиса, а најмногу ја сакав на бебето зашто е 3во1 те. 6во1 ради транспортерите што можеш да ги закачиш, на другиве го нема тој луксуз. Кога пазаревме веќе зедовме и одделно транспортери...
Нашата количка не е Лорели, но имам од првата ќерка релаксатор и седиште за кола од Лорели. Не се покажаа нешто. Релаксаторот за неколку месеци се скина кај држачите па го шиев. Седиштето е од тие што се навалуваат во три позиции но после една година почна да ни кочи механизмот и просто неозводливо е веќе да го навалам Сега тргнавме да купуваме нов релаксатор, видов еден екстра убав со еден куп механизми за ептен фина цена, но кога видов Лорели реков Не. Ете ова е моето искуство, што не значи дека на некој друг нема да му се погоди.
Мамички дали некој ја има количкава и како сте задоволни? Транспортерот е поединечен дел, не е оној дел од количката да се извади и да се користи како транспортер претпоставувам,нели?
Ја има една пријателка вопшто не е задоволна многу тешка количка за управување а и колцата е се вртат мора да ја влечиш таа ја продава за другото ќе купува нова
Пеперутка, а уште ја користите и после 1 година во седечката позиција? Дали е доволно комотна за седење на детенцето?
Ја користиме уште да Комотна е уште ја собира и како корпа кога е поставена, за следната година не верувам
Никој не ми одговори,па ќе пишам сама. Бев да ја видам. Не ми се допаѓа. Пластика цела,нестабилна,уште празна цела се ниша лево десно. Тркалцата нестабилни,пластични,се виткаат чудно. Среќа што тргнав да ја видам