Ау да. Сконцентрирана на зимско/ летно, го пропуштив моментот на раздвоени рачки. @Milaаа991 би ти препорачала со споена рачка. Имам од двете, верувај има разлика во управување зависно од рачките. Иако летна, таа со раздвоени рачки тешко се управува со една рака. Неможе да се држи правец, за разлика од другата.
Искрено мака нема, а еве ја буткаме 3+ години, душа и извадив, ни малку не е расклатена и уништена (а возена и по плажи е), иако изгледа дека конструкцијата и е лесна и дека ке се расштрафи за брзо. Тркалцата исто, океј и се по толку возење... Инаку да, мана и е што неможеш да ја буткаш со една рака, а и не е за повисоки од 180цм и јас уште една мана и најдов, што покривчето не се спушта повеќе... се спушта до доле, но во седечка позиција, а ако е легнато, неможеш да го спуштиш, многу е кратко.. А корпата искрено е само за бебе до 4м, јас малку ја искористив и за двајцата..
Ви благодарам на сте за мислењето, сепак ќе размислам имам уште многу време. @mariz и јас заприметив тоа дека има кратко покривче и баш се пожалив, а за виснина ниска сум јас и во тој поглед ми е ок. Се на се количката има повеќе мани, а сепак 20000 не се ни толку малку.
За квалитетна, ептен е. Но има мани, ке најдеш поубава за тие пари Во Бејбиблу имаше едно време убави колички на АБЦ дизајн, Германски и квалитетни и баш ги гледав, се што сакав имаа, долги покриви + што се пуштаа со патент, големи корпи доле, споена рачка, убави тркала за нашиве крш улици, а и фино изгледаат. Верувај корпа нема баш да искористиш, доволен ти е обичен дел кој се спушта на 0 позиција и транспортер... во обичниот дел зимно време во јакничка, скафанферче, кебенце, не ти ни треба корпа + зимска покривка. Мојава е родена Ноември и со корпата прошетав многу малку пати, зашто ми беше тешко сама со синко и неа, да ја вадам... тоа ми беше трчање горе доле 4 пати
Се сложувам дека корпата е непотребен додаток. Ако се спушта седиштето во лежечка позиција, не ви треба корпа. Она што е мене ми беше најважно кај количка беше: 1. рачката да е споена и долга (или да се издолжува по потреба), 2. тркалата пред моите нозе да се широки за да не ги шутирам, 3.настрешницата да е долга и да се спушта скоро до нозете на бебето, и од сегашен аспект би додала бр.4: да биде лесна. Јас се зезнав со последново и мака мачам по скали зашто е тешка 13кг
Јас само да кажам дека понепрактично нешто од количка во два дела нема! Корпа и не е баш неопходна ствар, повеќе е за мода, јас никогаш не шетав бебе во неа. Купувајте што полесни колички, бидејќи ако купите зимска, која е потешка, секогаш имајте на ум дека ќе ви треба и летна. Плус не заборавајте дека ќе се изнамачите скопувајќи, носејќи, па и место зафаќа бајаги во кола! Јас тенкот ја пензионирав, односно мм кажа ќе ја даде во оглас со летната се препородив, се изнашетавме, не ми е повеќе мака склопувањето и носењето, можам да носам и бебе и количка и торба, бебето потешко ми е од количката
Верувам, ама мене ми беше многу поедноставно во транспортер да го шетам, затоа ете и таа опција е практична кога се бира количка
Супер е, само + едно чадорче ке си земеш и топ. Ми се свиѓа корпава дека е голема доле, доста битна работа е и корпата Јас па нова торба си купив како ранче со куп прегради и не приметив дека е за споена рачка и неможам сега да си ја закачам на количката
Оваа ја имам, скроз истата боја Не може пак да фати лево и десно да се закачи за мојата количка, кратки се тие... Ја ставам некако на рачките за на грб што се, а и на грб си ја носам почесто, таман да ме држи исправено Инаку кај нас ја гледав 1600+ беше, а јас од Бг ја земав 1200ден.
А да најдеш две куки една на едната рачка друга на другата Мене ептен ми прави мерак торбава и мие фенси.
Јас едно нешто забележав. Дека количките на слика и во живо многу се разликуваат. Сите што ги бендисав по нет кога и видов крајно се разочарав. Или жива пластика, или платното круто катастрофа или тешки како тенкови. Мене ми е мб битно да е лесна. Јас сум мн ситна и плус по цел ден сама, па се чудам како бебе ќе носам, а не и некоја претешка количка. Затоа мм ја бендиса таа на чико, дека мн лесна и се собира чадор систем, па нема да ни зафаќа ни место во багажник, а ќе заштедиме и на летна количка. Е сега ако некој знае некоја слична количка, на ваков принцип, само со споени рачки нека ми предложи (само што таа сигурно нема да се затвора како чадор, па еден од критериумите на мм за совршена количка нема да се исполни). Ама не може се да се има. Тоа е факт. @monik55 другарка моја има free on количка и мн е задоволна. Само нејзината е др модел и е со корпа, која воопшто не ја искористи.
Море запната сум за нова количка одамна, летна некоја фенси... не ја можам Чиково, дека ми е многу ниска, плус ја шутирам и без кеиф, со маки ја возам, кичма ме фаќа Меркав една со споени рачки, повисока... летнаа многу пари периодов за здравје, па ако останат за количка, би си ја купила одма! Чикото 7кг мислам беше, лесна. Ако ве води пат до Бг или да си се прошетате, имаат многу поголем избор и поефтини колички. Има една страна на нет Bambino bg, огромен избор има, разгледај...
И јас го сакав ранецов но кога бевме го немаа на залиха, па ја купив торбата. Моник, остај како ти се гледа, обавезно прашај или барај на нет спецификации да видиш колку е тешка.