Добро е значи, не било до мене... Стварно се шокирав, сега купивме количка кај што сме кумови, кумашинката нешто ваква-таква онаква и на крај им дадовме 12 и нешто беше, и кога ја видов, луѓе јас за тоа не би дала ни 2 000 а не 200 и кусур евра. Крцкава, никаква. Олово тешка, пикап да купиш за да ја транспортираш. Прво ја сакаше онаа како Форко што ја има, па се пишмани. Баш ќе видам што марка е и ќе пишам. Не ни знам каде има продавници за бебешка опрема, ама зборувам за нормална опрема! Со нормални цени! Ми спотребале марки и бутури ако леб немам да купам после. Ќе ви бидам преблагодарна ако во ЛП ми пишете некои такви продавници и каде се наоѓаат, а и веб сајт ако имаат. Ептен сум падната од марс!
Cherry-pie, ние имаме Грако количка за син ми. Ваква е само бојата и е светло зелена со кафеава. Не ја купивме, ја зедовме од брат ми кој ја имаше купено за помалото дете, ама тоа воопшто не ја сакаше, не сакаше да се вози во неа, и им седеше така неискористена. Количкава е топ! Искрено, мислам дека би била одлична инвестиција, лесно се одржува, склопува, ама зафаќа доста место во гепек и за тоа е малку проблематична. Мене ми врши работа, еве, дури и денес знаеме да ја користиме понекогаш, иако син ми има две години и три месеци. Ако купуваш само количка, може поевтино да те фати, оти обично одат во трио со транспортер и корпа, кои реално и нема да ги користиш многу многу (посебно корпата, транспортерот се наоѓа за во кола), а ако земеш количка на три нивоа, може да ја користиш уште од раѓање. За цени не знам, кога разгледувавме ние, беа прилично скапи, околу 500-600 евра, ама со се корпа и транспортер, во Крш. Таму сигурно има колички на Грако. Елена, скапи се бе тие на CAM. Макар што се прилично квалитетни. Кога разгледувавме пред две и пол години колички за малиот, ни беа една од опциите. Во Бисер имаше продавничка на CAM, не знам точно од која страна, мислам дека беше од кај катната гаража, ама не сум сигурна. Можеби и не работи веќе, ако е така, штета. Имаше тогаш една промоција, колички по 8000 ден. без корпа и транспортер, само со зимска прекривка. Количката беше преубава (не ми текнува што модел беше), ама знам дека имаше три нивоа и беше од прилично лесен материјал кој се вади за да се пере во машина. Ако ти се наоѓа Бисер во близина, провери, немаш што да изгубиш. А знам дека продавницата на CAM во ГТЦ е затворена, инаку таму ќе ти речев да провериш. За поевтини колички, исто во Аеродром, спроти Бисер, има продавнички што држат колички на Бертони, а знам дека таму има и продавнички за Chicco и Hauck - и овие вториве се прилично квалитетни колички, дури мислам имаат и нормални цени. Може и во Бебе Супермаркет да видите, имаше и таму солидни колички по пристојни цени, а и количките на Chippolino мислам дека не се лоши. Само не знам кај се продаваат. Тиара Илинден исто ви е добра продавница за да видите за колички, имаше некои промоции деновиве. И Локо Кроко исто.
Tiara во Илинден е прилично неснабдена. Ние отидовме специјално , а кога видов искрено се разочарав, многу мало дуќанче. Додека Тиара во Струмица е многу поголема и има избор.
Annath фала ти за инфото но 500 евра мислам многу се мислев да не е некоја по нормална цена...сеа ке одам до Локо Кроко да видам што имаат. Се мислам мегу Хаук и Чиполино. Цените им се супер и ми изгледаат доста стегнати. Данке за советите
http://www.encimenci.com.mk/proizvod.asp?id=792606800&kat=4&sn2=27 ние ја купивме оваа ќе видиме како ќе се покаже .... мене искрено скапа ми се виде, ама ни направија мал попуст и се излажав
Нашава ја земавме од Локо Кроко таму има на Чиполино, прво ми беше чудна и не бев задоволна ама сега ми е супер се навикнав. Ние нашата ја земавме 6000ден, со зимска прекривка и торба.
http://bebesupermarket.mk/?p=8140 Што мислите за оваа количка? Многу е цврста и не крцка вака кога се барата со неа, и поволна ми изгледа со се ова на неа.
и мене ми се свига има повеке работи со неа е сега незнам така но на сликата изгледа дека е цврста,а и цената е нормална
^ Јас ја видов кај комшиите, они ја купија пред некое време, малиот нема ни месец, така да ептен е тазе. Нон стоп е во неа, вришти ако го фаќаш во раце или пак релаксатор, креветче, значи ништо. Само во количкава е освен за доење. Не крцка, многу така цврста ми се виде!
Еве ни ја нашата количка се надевам дека не сум згрешила при изборот многу лесно се склопува доага со торбичка + заштитна прекривка за ноџињата. И воопшто не е гломазна. Оваа на сликата е 2012 нашата е 2013 скрос е иста како на сликата само уместо буфови има пилци.
http://chipolino.com/bg/products/vreme- ... lino+pooky Дали некој има ваква количка,јас сакам да си земам ама незз дали е добра,ја гледав во Локо кроко 12000 е ама незнам се мислам потшѕо не се врти да го глеаш детето .
Јас ке ја земам истава количка мене многу ми се допадна, и се врти да го гледаш детето и е 13 000 се сколува чадор систем и доага со прекривка за ноџињата и торба за пеленки комплет.
мене денеска ми падна случајно количката нешто со притисок си боледувам во последно време постојано ми е 80 со 40 и си ги скршив предните тркала па дали некој знае каде може да најдам тркала за количка,а докотлку нема сакам мислење за оваа количка со нејзе има прекривка и торбичка.поз http://s1.olcso.hu/public/images/produc ... 062663.jpg или оваа https://encrypted-tbn2.gstatic.com/imag ... UTaXhOIiCA
Ја гледав вторава и мене ми се свигаше, ама коа ја видов како се собира ко куфер е а за првава не се секавам. А само трклацата ако ти се скршени од старава количка прашај кој е дистрибутер на твојот бренд и јави му се да прашаш дали може да си купиш само ткалца??
Јас ке ја земам истава количка мене многу ми се допадна, и се врти да го гледаш детето и е 13 000 се сколува чадор систем и доага со прекривка за ноџињата и торба за пеленки комплет Количкава не се врти него се спушта скроз ко за бебе да си го гледаш ама само легната положба,а за поткренато мораш обратно,тоа малце мие шубе пошто некои колички скроз се вртат ама и поскапи се
ние купивме на baby max leo бидејки од swit и baby max flora немаа на залиха неутрална или сина,земавме тегет сонебесна сина и мн ми се допага што подлогата е удобна и толку мека што нема потреба да има постелнина одоздола.Се спушта во ептен лежечка позиција и е комотна за спиење како во креветче.
Хев со здравје да си ја користите, да си уживкате со неа и да си се шеткате безгрижно Сакав да прашам некој ако знае да ми каже која е таа марка кенгору / cangoroo, не можев на интернет да најдам ни од кај е овој бренд ни каде се произведува?